Скопје
Проектот ’Преку песна до другарство’ претставен во општина Карпош
Со богата едукативна, но и забавна програма, основците од прво до деветто одделение од Општинското основно училиште „Аврам Писевски“ од скопската општина Карпош им посакаа добредојде на своите другарчиња од државното училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“.
Во пригодна атмосфера, преку музички настапи и драмски претстави, во вторникот беше презентиран проектот „Преку песна до другарство“, во организација на наставнички кадар од двете споменати училишта
Целта на проектот е преку образовен, но и релаксиран начин децата да се зближат и на тој начин да го зацврстат своето постојно другарство, како и да отворат врати за ново дружење.
Директорката Марина Милевска притоа им се заблагодари на сите деца учесници во овој проект и посочи дека другарството е едно од најважните сегменти во развојот на едно дете./крај/мф/мг
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар и Сарај в понеделник без вода
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека зафатот кој беше најавен за денеска поради одредени технички пречки се одложува за понеделник.
Поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.

