Контакт

Вести

Инспекторите не нашле руско нарушување на границата со Украина

Објавено пред

Меѓународните инспекции досега не регистрирале никакво нарушување од страна на Русија, вклучително и непријавени воени активности на границата со Украина, изјави во неделата портпаролот на руското министерство за одбрана, генерал-мајорот Игор Конашенков кој ги повика САД разузнавачките информации за руската армија да не ги земаат од социјалните мрежи.
 

dobivaj vesti na viber

Меѓународните инспекции досега не регистрирале никакво нарушување од страна на Русија, вклучително и непријавени воени активности на границата со Украина, изјави во неделата портпаролот на руското министерство за одбрана, генерал-мајорот Игор Конашенков кој ги повика САД разузнавачките информации за руската армија да не ги земаат од социјалните мрежи.

 

Како што пренесува РИА Новости, генералот Конашенков со оваа изјава всушност одговора на изјавите на американскиот амбасадор во НАТО, Даглас Лиот и портпаролката на Стејт департментот на САД, Мари Харф, во врска со наводната концентрација на „околу 15 илјади руски војници“ по должината на границата со Украина, каде што веќе четири месеци украинската армија ја спроведува ткн „антитерористичка“ операција чијашто цел е да ја поврати контролата на прозападните власти во Киев над источните региони каде што се концентрирани проруските бунтовници.

Според него, во текот на последните четири месеци руските погранични области со Украина во рамките на Виенскиот документ од 2011 година и Договорот за Отворено небо ги посетиле 18 меѓународни инспекции. Во составот на овие инспекции, покрај претставници на САД и НАТО, имало и воени инспектори од Украина. Овие групи извршиле и набљудување од воздух на посочените региони, а ги посетиле и воените единци коишто ги интересирале.

„Како резултат на работата на овие инспекции, не е регистрирано никакво нарушување или ненајавена воена активноста од страна на Русија во пограничните области со Украина“, изјави Конашенков.

„За да се разјасни ситуацијата, сметаме дека е неопходно уште еднаш да ги потсетиме прекуокеанските (од САД) колеги дека покрај социјалните мрежи, од коишто тие денес како што е очигледно ги добиваат најголемиот дел од разузнавачките информации за руските вооружени сили, постојат и други извори на информации, чијашто веродостојност не се доведува во прашање“, иронизира во изјавата портпаролот на министерството за одбрана на Руската Федерација.

Истовремено, продолжува Конашенков, активните борбени дејствија на украинската армија во пограничните региони со Русија не дозволуваат да се извршат слични инспекции од воздух и над областите близу границата на територијата на Украина.

„Министерството за одбрана на Русија е убедено дека резултатите од официјалните инспекции на споменатите региони таму (во Украина) би регистрирале голема концентрација на украински војски, оружје и воена техника, коишто постојано ги гаѓаат населбите на руска територија што веќе предизвика смртни и случаи на ранувања на наши граѓани“, додаде Конашенков потсетувајќи на неколку случаи на артилериски гранатирања и минофрлачки оган од украинска територија, при што претходно во јули во истоимениот руски град Донецик во Ростовската област загина еден маж а две жени беа ранети./крај/мф/сн

Извор: РИА Новости

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Обвинителството бара замена од затворски во куќен притвор за Артан Груби

Основното јавно обвинителство Скопје побара мерката притвор за поранешниот вицепремиер Артан Груби да биде заменета со куќен притвор. Ваквата одлука,...

Економија7 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија9 часа

МНР со апел: македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Мексико да го напуштат во првата безбедна прилика

Поради влошената безбедносна состојба во Мексико, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до македонските државјани кои се наоѓаат...

Македонија10 часа

(Видео) Кузеска за Груби: ДУИ го спасува Мицкоски

Секој што го прекршил законот мора да одговара. ДУИ го спасува Мицкоски. Му фрлија гума за спасување. После денешниот театар...

Македонија10 часа

СДСМ e нервозeн поради апсењето на Груби, стравува од откривање афери, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ верува дека во СДСМ владее нервоза и фрустрација поради апсењето на поранешниот вицепремиер, Артан Груби и дека постои страв...

Македонија10 часа

Кривична против поранешен директор на Здравствен дом Куманово: ангажирал 68 лица со договор на дело, на кои незаконски им исплатил над 350 илјади евра

СВР Куманово поднесе кривична пријава против 43-годишниот Ф.А. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба...

Македонија11 часа

„Страв во Мала Речица“ – ВЛЕН прашува кој ќе оди курбан со Груби

Дали Артан Груби ќе му го зададе фаталниот удар на Али Ахмети и ДУИ, прашува ВЛЕН во првата реакција по...

Регион12 часа

Радев: Украина сè уште има работа пред да се приклучи кон ЕУ, не треба да го заборавиме Западен Балкан

Во интервју за германското издание „Берлинер Цајтунг“, поранешниот бугарски претседател Румен Радев, кој неодамна поднесе оставка и најави влез во...

Свет13 часа

Захарова: Се испостави дека вистинските чудовишта се чувствувале удобно во западното општество

Објавувањето на таканаречените досиеја на Епстин разоткри „одвратно ѓубре“ кое со години измислува митови за Русија за да го одвлече...

Македонија13 часа

МВР потврди: Уапсен Артан Груби

На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби. „Денеска (23.02.2026) во...

Европа13 часа

(Видео) Трамп го обвини дека е диктатор, Зеленски одговори со насмевка

Украинскиот претседател Володимир Зеленски возврати на претходните коментари на американскиот претседател Доналд Трамп во кои тој сугерираше дека е диктатор...

Свет14 часа

Силна зимска бура во САД: прогласена вонредна состојба во пет држави

Силна зимска бура го погоди североисточниот дел на САД, поради што е издадено предупредувања за 59 милиони луѓе. Во Њујорк...

Свет14 часа

(Видео) Убиен Ел Менчо, најбараниот нарко-бос во Мексико: избувнаа немири

Немесио Осегера Сервантес, попознат како „Ел Менчо“, најбараниот човек во Мексико и водач на моќниот нарко-картел „Нова генерација Халиско“ (CJNG),...

Свет15 часа

Иран и САД ќе ги продолжат разговорите в четврток

Иран и САД ќе одржат трета рунда разговори во Женева в четврток, изјави министерот за надворешни работи на Оман, поради...

Свет15 часа

Кина ја повика Америка да ги укине царините

Кина спроведува „целосна проценка“ на одлуката на Врховниот суд на САД за царините и го повика Вашингтон да ги укине...

Европа15 часа

(Фото) Полицајка убиена во Лавов, 24 ранети; Зеленски: Русија регрутирала напаѓачи преку интернет

Полицајка е убиена, а 24 лица се ранети откако неколку експлозивни направи беа детонирани во Лавов, западна Украина, соопшти полицијата...

Свет1 ден

Иран e подготвен на компромис со САД за да избегне американски напад, објави Ројтерс

Иран кажал дека е подготвен да направи отстапки во својата нуклеарна програма во разговорите со САД, во замена за укинување...

Свет1 ден

Мажот кој се обиде да влезе во имотот на Трамп дигнал пушка во позиција за пукање пред агентите да го убијат

Маж на околу 20-годишна возраст бил убиен откако се обидел нелегално да влезе на имотот на Доналд Трамп во Флорида....

Свет1 ден

Гласањето за трговскиот договор ЕУ–САД може да се одложи поради хаосот со тарифите

Претседателот на Комитетот за меѓународна трговија на Европскиот парламент, Бернд Ланге, предложи одложување на гласањето за трговскиот договор меѓу ЕУ...

Свет1 ден

Унгарија: ЕУ сака утре да го усвои 20-тиот пакет санкции кон Русија, ние ќе го блокираме

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, преку две објави на X повторно ја засили реториката кон Украина поради транзитот...