Контакт

Свет

ОЕЦД бара итни мерки за поттикнување на економскиот раст

Објавено пред

Владите мораат да ги употребат сите расположливи инструменти за да ја извлечат светската економија од калта на ниската стапка на раст, порача во среда во најновиот извештај Организацијата за економска соработка и развој(ОЕЦД).

dobivaj vesti na viber

Во најновите глобални економски прогнози, организацијата со седиште во Париз ги потврди проекциите за раст за глобалната економија во оваа и следната година од три, односно 3,3 отсто.„Што подолго глобалната економија е заглавена во слаб економски раст, така владите потешко ќе ги исполнат основните ветувања“, рече Кетрин Ман, главен економист на ОЕЦД.„Последиците од непреземањето мерки ќе бидат слабите шанси на денешните млади за пронаоѓање на пристојна работа, откако што веќе силно пропатија во актуелната криза, како и пониски пензии за идните пензионери“, предупреди Ман.Иако ги задржа проекциите за глобалната економија во целост, ОЕЦД ги намали проценките за раст за американската економија на 1,8 отсто, од претходно прогнозираните два отсто. Проценката за следната година е потврдена на 2,2 отсто.За економиите на земјите во еврозоната е подобрена овогодишната прогноза, на 1,6 отсто, од претходно проектираните 1,4 отсто. За следната година прогнозата останува непроменета и изнесува 1,7 отсто.Од ОЕЦД предупредуваат дека изгласувањето за излегување на Велика Британија од Европската унија(ЕУ) би  предизвикало негативни економски последици за Обединетото кралство, останатите европски земји и остатокот на светот.Според оваа организација, до 2030 година, во случај на излез од ЕУ, британскиот БДП би можел да биде повеќе од пет отсто помал, ако земјата остане во Унијата. /крај/хн/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Турција ѝ нуди помош на Европа, 10 милијарди кубни метри гас годишно преку балканскиот гасовод

Објавено пред

Турскиот министер за енергетика, Алпарслан Бајрактар, изјави дека Турција е подготвена да и испорачува на Европа до 10 милијарди кубни метри природен гас годишно преку балканскиот гасовод, но само доколку европските земји покажат политичка волја и вложат во потребните инфраструктурни врски.

dobivaj vesti na viber

„Турција е подготвена да придонесе повеќе за енергетската безбедност на Европа. Доколку Европа покаже политичка волја и посветеност, и се направат дополнителни инвестиции во меѓусебните врски, ќе можеме да извезуваме до 10 милијарди кубни метри гас годишно во Централна и Источна Европа преку балканскиот гасовод“, истакна Бајрактар во интервју за јапонското економско издание „Никеи“.

Изјавата на турскиот министер доаѓа по прекинот на транзитот на рускиот гас преку Украина, кој беше значаен дел од снабдувањето на Европа.

Транзитниот договор меѓу Русија и Украина истече на 1 јануари годинава, а Киев одби да преговара за продолжување на договорот поради тековната воена агресија на Русија врз Украина. Ова предизвика сериозни прашања за идното снабдување со природен гас во Европа и можноста Турција да стане клучен играч во енергетската стабилност на регионот.

Прикажи повеќе...

Економија

Македонците од ова лето ќе плаќаат повеќе, Грција ги зголеми туристичките такси

Објавено пред

Грција од оваа година ќе ги зголеми таксите за туристите, со цел да генерира средства за подобрување на инфраструктурата и промоција на одржлив туризам. Според информации објавени на порталот „Шенген њуз“, туристите кои ќе посетат Грција ќе плаќаат дневен данок од 2 евра, што претставува значително зголемување во однос на досегашните 0,5 евра. Во периодот од април до октомври, во текот на ударната туристичка сезона, таксата ќе се зголеми на 8 евра.

dobivaj vesti na viber

Зголемување на таксите се очекува и за сместувањето. Така, за хотелите со една и две ѕвезди, како и за изнајмување соби, ќе се плаќа 2 евра, наместо досегашните 1,5 евра. Во хотелите со три ѕвезди ќе се плаќаат 2 евра повеќе, додека госите во хотелите со четири ѕвезди ќе платат 10 евра наместо 7. Најголемо поскапување ќе биде за хотелите со пет ѕвезди и вилите, каде што таксата ќе порасне од 10 на 15 евра.

Исто така сместувањето преку „Airbnb“ ќе биде поскапено, со такса од 2 евра во зимските месеци и 8 евра во летните месеци, се очекува и зголемување на таксите за туристите кои ќе одлучат да патуваат со крстарење. Прогнозите велат дека Грција ќе биде домаќин на 8 милиони туристи во 2025 година.

Како дел од новите такси, посетителите на Санторини и Миконос ќе треба да плаќаат по 20 евра, додека за останатите острови, вклучувајќи ја и Атина, таксата ќе изнесува 5 евра на ден. За споредба, иако Миконос има само 12.000 жители, секој ден го посетуваат до 20.000 туристи, што го прави островот едно од најпопуларните дестинации.

Промените беа најавени во септември од страна на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, кој истакна дека се очекува приходот од зголемените такси да изнесува 600 милиони евра. Овие средства ќе бидат насочени кон фондот за санација на штетите предизвикани од климатските промени.

Прикажи повеќе...

Свет

Ердоган ветува поддршка за сирискиот народ по падот на Асад

Објавено пред

По пауза од 12 години, Турција повторно ја отвори својата амбасада во сирискиот главен град Дамаск. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека неговата земја ќе го поддржи сирискиот народ во процесот на обновување и закрепнување, оценувајќи дека Турција ќе продолжи да биде клучен фактор за стабилност во регионот.

dobivaj vesti na viber

На провинцискиот конгрес на Партијата на правдата и развојот, Ердоган истакна дека сирискиот народ извојувал значајна победа со соборувањето на режимот на Башар ал Асад. Потсети и дека Турција пред 13 години ги отворила своите граници за милиони бегалци од Сирија, обезбедувајќи засолниште за околу четири милиони луѓе кои побегнале од конфликтот.

„Турција останува како остров на стабилност среде хаосот и превирањата во регионот“, рече Ердоган, истакнувајќи ја улогата на неговата земја во решавањето на регионалните кризи.

Денеска, турското знаме повторно се вее пред зградата на амбасадата во Дамаск, лоцирана во дипломатскиот кварт. За привремен вршител на должност на амбасадор е назначен Бурхан Короглу, кој досега беше амбасадор на Турција во Мавританија.

Амбасадата на Турција ја прекина својата работа на 26 март 2012 година, поради влошувањето на односите меѓу Анкара и режимот на Асад, но со денешното отворање, активностите се официјално обновени.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 минути

Вработените во Македонската филхармонија најавуваат нов протест

Вработените во Македонската филхармонија во понеделник со почеток во 13 часот ќе одржат нов протест пред Министерството за култура и...

Македонија26 минути

„ДУИ прави терен за бојкот на локалните избори“, велат од Влен

„За да избегне програмска и кадровска реформа, на ДУИ очајно му треба политичка криза. Затоа веќе подолг временски период креираат...

Свет1 час

Зеленски пристигна во Вашингтон, ќе потпише клучен договор

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во Вашингтон, каде што се очекува да потпише важен договор за минерали со американскиот претседател...

Македонија2 часа

Мицкоски патува во Турција, ќе се сретне со Ердоган

Денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски патува во посета на Република Турција. Претседателот на Владата ќе...

Топ2 часа

Кривична против директорот на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид за злоупотреба на службената положба

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г. С. (48), директор на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид,...

Свет2 часа

Израел првпат призна сериозни воени неуспеси на денот кога Хамас изврши масакр

Израелската војска го објави првиот официјален извештај за грешките што доведоа до неуспех за време на нападот на Хамас на...

Свет5 часа

Објавени документите за Епстејн; Обвинителката: Има илјадници, ФБИ не ги испрати

Јавниот обвинител Пем Бонди објави документи за Џефри Епстејн. Како што претходно беше најавено, во документите нема нови информации или...

Свет5 часа

Ким Џонг-ун нареди целосна подготвеност за користење на капацитетите за нуклеарни напади

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун нареди целосна подготвеност за користење на капацитетите за нуклеарни напади, објавија денеска државните медиуми. Џонг...

Македонија16 часа

Кривична пријава за 10 лица: Поранешен директор и затворски полицајци обвинети за бегство на осудени лица

На 24.02.2025 Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава до ОЈО за ГОКК против десет лица...

Македонија18 часа

Јас имам два сина и знам колку троши 4-члено семејство: Димитриеска-Кочоска со навреди до Петровска

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, денеска ја навреди пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска, велејќи дека нема право да зборува за...

Македонија21 час

Мицкоски: Коцевски доби шанса, но освен внатрешни пресметки во Обвинителството и браник на минатата власт, друго не видовме

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратеничка прашања истакна дека на јавниот обвинител Љупчо Коцевски му...

Македонија22 часа

„Во Стоматолошката комора владее целосен тоталитаризам и самоволие“: Стоматолозите бараат оставка од Денковски

Стоматолозите се загрижени за актуелните случувања во Стоматолошката комора на Македонија под водство на Маријан Денковски. Неговите одлуки и политики,...

Македонија22 часа

Трајановски не може да даде оставка оти е разрешен пред три месеци, велат од Град Скопје

Александар Трајановски не ја извршува функцијата заменик-градоначалник на град Скопје повеќе од три месеци, тврди Град Скопје. Оттука, како што...

Македонија24 часа

МНР: Амбасадорите се известени, Сиљановска ќе го потпише указот за нивното отповикување

Министерството за надворешни работи ја појасни постапката за отповикување на амбасадорите. Од тука информираа дека се во редовна и континуирана комуникација...

Македонија1 ден

Наредено уништување на 1.980 килограми небезбедно замрзнато пилешко месо од Полска

Официјални ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), вчера, по спроведниот вонреден инспекциски надзор, наредија нештетно уништување на 1.980...

Македонија1 ден

Отповикани осум амбасадори, кои беа назначени од Стево Пендаровски

Повлечени се осум амбасадори, кои беа назначени од поранешниот претседател на државата, Стево Пендаровски. Отповикани се амбасадорите Мето Белески –...

Македонија1 ден

Голема полициска акција, претреси на повеќе локации во Скопје

Затворски полицајци и дел од поранешното раководство на затворот во Шуто Оризари се под истрага за злоупотреби. Обвинителството потврди дека...

Топ1 ден

(Фото) Откриена и одземена поголема количина прехранбени производи во близина на Танушевци

На 25.02.2025 во 14.30 часот во близина на село Танушевци, скопско, при преземање мерки и активности, полициски службеници од Полициската...

Топ1 ден

Двајца 14-годишни малолетници од Скопје испраќале лажни закани за бомби во училишта

Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основното...

Европа1 ден

Стармер: Сè уште сме во разговори за евентуално испраќање британски војници во Украина

Британскиот премиер Кир Стармер повторно повика на американска безбедносна гаранција за Украина за да спречи нов руски напад додека се...