Европа
Ирска се откажа од сертификатот за ирско потекло

Повикот на Исрка упатен до 70 милиони Ирци во дијаспората за 120 евра да купат сертификат за своето потекло предизвика многу слаб интерес, па ирската влада седмицава ја укина оваа шема.
Воведени во 2011 година како „израз на важноста којашто владата ѝ ја придава на признанието на луѓето со ирско потекло“, сертификатите им беа подарени на славните личности како американскиот претседател Барак Обама, поранешниот американски претседател Бил Клинтон и актерот Том Круз.
Меѓутоа другите, кои како и Круз можеби и можеле да им влезат во трагата на своите ирски корени од XIII век, не сакаа да платата 45 евра, односно 120 евра за врамен примерок, за да го докажат тоа. Продадени се само три илјади ирски сертификати.
„Тоа е многу добар концепт, но одѕивот сигурно беше послаб од очекуваното“, изјави Џими Денихан, министер за дијаспората, за ирската телевизија RTE.
Ирскиот премиер Енда Кени му го подари на Обама сертификатот во текот на неговата посета на Белата куќа по повод денот на свети Патрик. Пра-пра-пра-прадедото на Обама е роден во селото Монигал. Американскиот претседател го посети ова село во 2011 година, а тоа по него ја нарече својата бензинска пумпа.
Другите обиди за мобилизација на ирската дијаспора во текот на ирската финансиска криза беа поуспешни. Целогодишната владина кампања за привлекување на гости со ирски корени помогна во заживувањето на туризмот и го поттикна закрепнувањето на овој сектор во 2013 година./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Дали знаете зошто папите не ги користат своите вистински имиња за време на службите

Американскиот кардинал Роберт Франсис Превост е избран за 69-ти поглавар на Католичката црква. Тој го избрал Лав XIV како свое папско име.
Но, дали всушност знаете зошто папите ги менуваат своите имиња кога се избрани? Станува збор за – традиција што трае веќе 470 години.
Иако не е задолжително да ги менуваат своите имиња, новоизбраните папи во повеќето случаи го земаат името на својот предок, изразувајќи ја со тоа својата желба да го следат нивниот пример. Овој преседан го постави првиот папа. Свети Петар чие родено име беше Симон. Новото име може да означува и „ново раѓање“ на почетокот на папството.
Со изборот на името Лав, новиот папа им се придружи на 13-те претходници кои го носеа истото име. Меѓу нив е и Лав XIII, познат по својот реформистички дух и неговата енциклика Rerum novarum од 1891 година, во која се нагласуваше човечкото достоинство и достоинството на работата. Свештеникот Кристофер Робинсон од Универзитетот ДеПол истакна дека ова е основата на современото социјално учење на Црквата. „Со изборот на името Лав XIV, тој ја покажува својата посветеност на општественото учење на Црквата кое го зацврстил Лав XIII“, рече свештеникот и експерт за Ватикан Томас Рис.
Папската историја изобилува со примери за такви симболични избори. На пример, папата Франциско, роден како Хорхе Марио Берголјо, го избрал своето име по Свети Франциск Асишки, „човек на сиромаштија, мир и љубов кон творението“, велејќи дека сонува за Црква „која е сиромашна и за сиромашните“.
Последниот папа со името Лав бил Лав XIII, чие вистинско име било Џоакино Винченцо Рафаеле Луиџи Печи.
Европа
Илјадници протестираа во Словачка. „Фицо го помина Денот на победата со воен злосторник“

Неколку илјади демонстранти вчера излегоа на улиците на словачкиот главен град Братислава и други градови за да протестираат против посетата на премиерот Роберт Фицо на Москва.
Фицо присуствуваше на годишната руска воена парада по повод победата на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија. Додека поголемиот дел од Европа ја одбележа годишнината завчера, Русија секогаш ја одржува својата парада на победата на 9 мај. Фицо беше единствениот лидер на земја-членка на Европската Унија што присуствуваше на настанот и беше критикуван за неговиот проруски став.
Најголемиот протест се одржа во Братислава. „9 мај е Ден на Европа, но не за секого. Роберт Фицо ќе го помине со воен злосторник“, објави организаторот на протестот на Фејсбук, алудирајќи на рускиот претседател Владимир Путин.
Шефицата на ЕУ, Каја Калас, исто така, остро го критикуваше патувањето на Фицо во Москва. „Секој што ја поддржува слободата, независноста и европските вредности треба да биде денес во Украина, а не во Москва. Фицо е на погрешната страна“, рече таа.
Словачкиот премиер го бранеше своето патување во пораки на Фејсбук до своите поддржувачи. Тој рече дека неговото патување е за да им оддаде почит на оние што загинаа за ослободувањето на Словачка од нацистичката власт.
Европа
(Видео) Макрон, Мерц, Стармер и Туск заедно во Украина: „Ќе го зголемиме притисокот врз Русија“

Лидерите на Франција, Велика Британија, Германија и Полска денес се во Украина, во првата таква заедничка посета, за да разговараат со претседателот Володимир Зеленски и да ветат дека ќе го зголемат притисокот врз Русија додека не се постигне договор за прекин на огнот.
Патувањето на францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Фридрих Мерц, полскиот премиер Доналд Туск и британскиот премиер Кир Стармер е првпат лидерите на четири европски нации заедно да ја посетат Украина.
‼️Unprecedented: German Chancellor Friedrich Merz, UK Prime Minister Keir Starmer, French President Emmanuel Macron, and Polish Prime Minister Donald Tusk have arrived in Kyiv.
The European leaders plan to meet with Volodymyr Zelensky and call on Moscow for an unconditional… pic.twitter.com/Dy56s2bekx
— NEXTA (@nexta_tv) May 10, 2025
Тројцата западноевропски лидери утрово заедно излегоа од возот од Полска, а подоцна треба да им се придружат на полскиот премиер, кој пристигна одделно во Киев, и на украинскиот претседател.
Овој високо симболичен израз на европското единство дојде повеќе од три години по руската инвазија и еден ден откако рускиот претседател Владимир Путин упати пркосен тон на парадата во Москва по повод 80-годишнината од победата во Втората светска војна.
Американскиот претседател Доналд Трамп предложи 30-дневен безусловно примирје како чекор кон завршување на конфликтот. Но, Путин се спротивставува на предлогот. „Заедно со САД, ја повикуваме Русија да се согласи на целосно и безусловно 30-дневно примирје за да се создаде простор за разговори за праведен и траен мир“, изјавија лидерите во соопштението пред посетата.
„Подготвени сме што е можно поскоро да ги поддржиме мировните преговори, да разговараме за техничката имплементација на прекинот на огнот и да се подготвиме за сеопфатен мировен договор“, додадоа тие.
„Јасно ни е дека крвопролевањето мора да престане, дека Русија мора да ја запре својата нелегална инвазија и дека Украина мора да може да напредува како безбедна, сигурна и суверена нација во рамките на своите меѓународно признати граници со генерациите што доаѓаат“, рекоа тие.
Тие предупредија дека ќе продолжат да ја зголемуваат својата поддршка за Украина. „Додека Русија не се согласи на трајно примирје, ние ќе го зголемиме притисокот врз руската воена машинерија“, рекоа тие.
Во денешно интервју за Еј-би-си Њуз, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека испораките на оружје од сојузниците на Украина мора да престанат пред Русија да се согласи на прекин на огнот.
Во спротивно, примирјето би било предност за Украина во време кога руските трупи напредуваат на прилично самоуверен начин на фронтот, рече Песков, додавајќи дека Украина не е подготвена за непосредни преговори.