Скопје
Се гради монтажна гаража на кат зад Буњаковец
Монтажен јавен паркинг на еден кат, гради Општина Центар, на праосторот за трговскиот центар „Буњаковец“, место планираната конструкција од 29 метри и гаража на осум ката, како што одлучи претходното раководство и беше зацртано во ДУП.
Со ова се надминува стравот на жителите околу Трговскиот центар „Буњаковец “, дека со осумкатна гаража нема да има нормално струење на воздухот. Двојно се зголемуваат паркинг местата од 48 на 104 местаи и гаражата ќе има површина од 1.850 метри. Сите жители од општина Центар кои имаат паркинг-налепница од ПОЦ, бесплатно ќе можат да ја користат оваа гаража.Од новата монтажна гаража ќе имат бенефит жителите, но и персоналот и купувачите во Трговскиот Центар, бидејќи ќе се надмине хаосот со паркирањето. Во пресрет им се излегува и на граѓаните од соседните згради. Имено, улицата „Владимир Полежановски” ќе стане еднонасочна, а тесното грло и сообраќајниот хаос ќе се реши со отстранување на паркиранг местата од улицата.Монтажната гаража се гради од еколошки материјал. Станува збор за челична поцинкувна конструкција, составена од модули./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
(Фото) Кисела Вода: Компјутери, принтери и телевизори за училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“
Набавени се компјутери, принтери и телевизори за основните училишта „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода, како дел од континуираните активности за унапредување и модернизација на наставниот процес, извести Општината.

„Во периодот кога учениците се на зимски распуст, во училиштата се врши опремување со нова информатичка опрема, со цел второто полугодие учениците да го започнат со поквалитетна настава и полесен пристап до дигитални содржини.

Со оваа инвестиција, општина Кисела Вода уште еднаш ја потврдува својата определба за дигитализација на образованието и создавање современи услови за учење, во чекор со новите образовни стандарди и потребите на учениците“, соопштуваат од Општината.

– Нашата цел е децата да учат во современи и опремени училишта, каде што ќе имаат можност да стекнуваат знаења и дигитални вештини неопходни за нивниот понатамошен развој. Компјутерите, принтерите и телевизорите кои ги обезбедивме во училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ се уште еден конкретен чекор во таа насока, а учениците по зимскиот распуст ќе бидат пречекани со значително подобри услови за настава, изјави градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.




