Европа
Ерменскиот претседател за нормализација на односите со Турција
– Вечниот оган во Ереван во чест на ерменските жртви во Отоманското царство
Ерменскиот претседател Серж Саргсјан изјави во средата дека е подготвен да ги нормализира односите со соседна Турција, два месеца откако ги повлече мировните спогодби од парламентот, обвинувајќи ја Турција дека нема политичка волја да го прекине вековното непријателство.
Ерменскиот претседател Серж Саргсјан изјави во средата дека е подготвен да ги нормализира односите со соседна Турција, два месеца откако ги повлече мировните спогодби од парламентот, обвинувајќи ја Турција дека нема политичка волја да го прекине вековното непријателство.
Зборувајќи пред одбележувањето на стогодишнината од погромот на Ерменците во Османлиското царство во периодот од 1915 до 1927 година, ерменскиот претседател Серж Сргсјан рече дека не смеат да се поставуваат услови за повторното покренување на мировниот процес и дека нема да инсистира на тоа Турците да признаат дека извршиле геноцид.
„На крајот ќе воспоставиме нормални односи со Турција, и за тоа не смее да се поставуваат услови“, изјави ерменскиот челник во разговорот со странските новинари во главниот град Ереван.
Ерменија, земја со 3,2 милиони жители, потпиша во октомври 2009 година со осумдесет милионската Турција договори за воспоставување дипломатски односи и отворање на границите, но тие запнаа во парламентите на двете земји и двете страни меѓусебно се обвинуваат дека сакаат да ги изменат спогодите и да постават нови услови.
Турција признава дека многу Ерменци, според Анкара околу половина милиони, загинале во судирите во текот на Првата светска војна, и ги негира ерменските тврдења, коишто последните месеци добиваат поддршки од западните земји, дека станува збор за геноцид извршен на територијата на отоманска Турција во текот на споменатите две години кога биле убиени 1,5 милиони Ерменци.
Саргсјан додаде дека процесот на помирување би можело да започне „кога турските челници ќе бидат подготвени да воспостават нормални односи без никакви услови“. Рече и дека спогодбите ги повлекол од парламентот за да „испрати политичка порака“ до Турција. „Ние сакаме ратификување на протоколите, но за танго се потребни двајца и тоа не зависи само од нас“, рече ерменскиот претседател.
На комеморативната церемонија во петокот во спомен-паркот посветен на жртвите од ерменскиот геноцид, се очекува присуство на илјадници луѓе, а меѓу странските гости, меѓу другите, најавени од поодамна се рускиот и францускиот претседател Владимир Путин односно Франсоа Оланд, чии земји маскарот го именуваат како геноцид./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Украина почнува да го користи американскиот систем „Темпест“
Украина очигледно го распоредила најновиот американски противвоздушен ракетен систем „Темпест“ со краток дострел. Откритието доаѓа од видео објавено од Командата на воздухопловните сили на Украина на почетокот на оваа година, за кое аналитичарите велат дека го прикажува системот во акција.
Командата на воздухопловните сили на Украина го објави видеото како дел од својата новогодишна порака, на кое се гледа одбивањето на воздушен напад без никаква официјална најава или идентификација на новото оружје. Сепак, украинската аналитичка група „Водохраи“ подоцна објави дека видеото всушност го прикажува системот „Темпест“ како пресретнува руски дрон за време на ноќен напад.
Американската одбранбена компанија V2X ја претстави платформата „Темпест“ на изложбата на Здружението на армијата на Соединетите Американски Држави (AUSA) во октомври 2025 година, но трансферот на системот во Украина не е јавно објавен. Противвоздушниот ракетен систем „Темпест“ е дизајниран да се справи со беспилотни летала, хеликоптери и авиони што летаат ниско во сите временски услови.
Европа
Русија изврши уште еден голем напад со дронови во текот на ноќта
Русија изврши голем напад врз Украина преку ноќ со 156 ударни дронови од типот „Шахед“, „Гербера“ и други. Од вкупниот број, околу 110 летала беа дронови камикази од типот „Шахед“, информираше Командата на украинските воздухопловни сили, како што објави „Украинска правда“.
Според прелиминарните податоци објавени до 8 часот наутро, украинските сили за воздушна одбрана успеале да соборат или електронски да блокираат 135 руски ударни дронови. Одбраната дејствувала на широка област, опфаќајќи ги северните, јужните, источните и централните делови на земјата.
И покрај високата стапка на пресретнување, регистрирани се 16 погодоци на ударните дронови на вкупно 11 локации. Покрај тоа, остатоците од соборените дронови паднале на две места.
Воздухопловните сили, противвоздушните ракетни единици, средствата за електронско војување, единиците за беспилотни системи и мобилните противпожарни групи на украинските одбранбени сили учествувале во одбивањето на воздушниот напад. Властите предупредуваат дека нападот сè уште е во тек и дека неколку руски дронови сè уште се во украинскиот воздушен простор.
Европа
Туристи заглавија во Финска поради екстремно ниските температури
Илјадници туристи останаа заробени во северна Финска откако екстремно ниските температури ги приземјија авионите и принудно откажаа летови.
Температурите на аеродромот Китила во Лапонија паднаа на рекордно ниско ниво од -37°C во недела наутро, предизвикувајќи прекини во воздушниот сообраќај, објави Скај њуз.
Арктичкиот студ го погодува аеродромот со денови, што ги прави операциите на аеродромот, вклучително и клучното одмрзнување на авионите, речиси невозможни. Сепак, постои надеж за блокираните британски туристи, со летови до Манчестер и Лондон закажани за понеделник попладне. Успехот на тие летови останува неизвесен бидејќи метеоролозите предвидуваат дека температурите сепак ќе бидат околу -28°C.
Иако жителите на финска Лапонија се навикнати на сурови зими, овогодинешниот студен бран, кој погоди големи области на северна, централна и источна Европа, беше поинтензивен отколку во претходните години. Обилните снежни врнежи, силните ветрови и заледените патишта го направија патувањето опасно низ овој дел од континентот.
Во Германија, патниците со железнички превоз доживеаја големи доцнења и откажувања во неделата откако националниот оператор „Дојче Бан“ ги запре сите услуги на северот од земјата. Властите во Северна Рајна-Вестфалија, најнаселената покраина во Германија, објавија дека сите училишта ќе бидат затворени во понеделник поради ниските температури, а наставата ќе се одржува преку интернет.
Во балтичките земји Естонија и Литванија, возачите беа повикани да ги одложат сите непотребни патувања поради прогнозираните снежни бури. Соседна Латвија, исто така, издаде предупредување за снег за западниот дел од земјата.

