Контакт

Црна хроника

Откриени 18 имигранти во два одвоени случаи

Објавено пред

Министерството за надворешни работи на Македонија во саботата соопшти дека во два одвоени случаи биле откриени 18 илегални имигранти од Авганистан, Пакистан и Сирија.

dobivaj vesti na viber

Завчеравечер (14.11.) околу 23.00 часот, на автопатот “Александар Велики” односно на патниот правец Скопје-Гевгелија кај надвозникот во близина на село Прдејци, при вршење на редовна контрола на лица и возила од страна на тимот на Мобилната едница за прекуграничен криминал, забележени се три возила марка “Aуди А 4“, “Опел Омега“ и “Форд Ескорт“, со битолска, односно ресенска и струмичка регистарска табличка. Притоа забележено е како повеќе лица влегуваат во возилата а според изгледот истите наликувале на илегални мигранти, па поради таквото сомнение превземни се мерки и активности за проверка на возилата. Така возилата во кои што имало по четири до пет патаника се следени од страна на полициските службеници, а во меѓувреме стапено е во контакт со дежурната служба на ПС за БПС-Демир Капија за координација со цел од нивна страна да се постави патрола за да се сопрат возилата. Во близина на ТЕЦ-Неготино, едно од возилата поточно “Форд Ескорт“ нненадејно закочило и го попречило правецот на движење на полициските службеници што ги следеле возилата и притоа се завртело во спротивен правец на движење родолжувајќи да вози во спротивна насока за да избега. Набргу другите две возила исто така застанале во близина на месноста Острово при што од нив излегуваат десетина лица кои почнале да бегаат во непознати правциПоради опаснос за бркање на истото ние продолживме по останатите две возила а за претходното беа известени надлежните служби за негово пронаоѓање.Останатите две возила беа забележани во место викано Острово каде застануваа на самиот автопат и исто така во истиот момент група од околу 10(десетина) лица илегални мигранти кои почнаа да трчаат во непознат правец.Возачите на двете возила исто така се обиделе да побегнат но тие биле спречени во намерата од страна на припадниците на Мобилната единица за прекуграничен криминал и по пристигнувањет на полициски службеници од ПС Неготино исите се приведени. Се работи за лицата Ш.К. (22) од Битола и К.У. (26) од исто така од БитолаЗа  целокупниот настан изготвена е соодветна службена документација а во координација со РЦ-Југ во текот на ноќта 14/15.11 пронајдени се девет илегални мигранти (од Сирија, Авганистан и Пакистан) кои беа дел од групата која лицата ја превезувале приведените. Исто така вчера (15.11.) во одвоен случај на А-1 Неготино-Велес кај наплатна станица „Стоби“-Градско, од полицијата  запрела „Волсваген Шаран“ со бугарска регистарски таблички управувано  од П.И.А. (39) од Р.Бугарија, во кое биле затекнати девет авганистански државјани, сите без патни исправи.Лицата се приведени и во 22,00 часот се предадени на УПС од ПС-Неготино за понатамошна постапка.  /крај/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Малолетник тешко повреден во сообраќајка на патот Прилеп–Македонски Брод

Објавено пред

Ноќеска во 02:00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на патот Прилеп–Македонски Брод се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила.

dobivaj vesti na viber

Според информациите, несреќата се случила меѓу „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ф.И. од село Дебреште, и „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Е.Ш. од истото село.

По несреќата, 17-годишен сопатник од возилото „ауди“ бил пренесен во Градска општа болница Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ОВР Македонски Брод.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Пријавени тепачки во Шуто Оризари

Објавено пред

Во СВР Скопје било пријавено дека на 24.02.2026 година на подрачјето на Шуто Оризари, по претходна расправија помеѓу двајца малолетници, повеќе лица физички нападнале еден од малолетниците.

dobivaj vesti na viber

Според пријавата, во инцидентот учествувале М.Х. (22), И.Х. (23) и Р.Х. (46).

Подоцна било пријавено и нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.З. (54) и Р.З. (36) од една страна, и М.Х. и И.Х. од друга страна, сите од Скопје.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Жена пријавила физички напад од вонбрачен партнер во Драчево

Објавено пред

Дваесет и двегодишна жена пријавила во СВР Скопје дека била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер.

dobivaj vesti na viber

Според пријавата, на 27.02.2026 година околу 12:00 часот, во дом на подрачјето на Драчево, таа била нападната од С.С. (22) од Скопје. Случајот бил пријавен во полиција во 16:30 часот истиот ден.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет4 часа

Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост

Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој...

Свет5 часа

Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми

Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која...

Свет8 часа

(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи

Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али...

Свет8 часа

(Видео) Ирански дрон го погоди и хотелот Бурџ ал Араб во Дубаи

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. Покрај аеродромот, во Дубаи беше погоден и Бурџ Ал Араб. BREAKING: Iranian drone...

Свет9 часа

Трамп: Ајатолахот е мртов

Иран очигледно потврди дека ајатолахот е мртов. На неговиот профил на социјалните мрежи е објавена порака: „Во возвишеното име на...

Свет9 часа

(Видео) Погоден аеродромот во Дубаи, евакуацијата е во тек

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. BREAKING: Iranian drone strike hits Dubai International Airport. Evacuations are underway at the...

Свет10 часа

(Видео) Американците објавија снимки од операцијата „Епски гнев“: „За прв пат употребивме ново оружје“

Централната команда на САД (CENTCOM) објави дека нема извештаи за американски жртви или повредени по нападот во Иран и дека...

Свет10 часа

Иран ги демантира извештаите за смртта на ајатолахот

Ирански извори остро негираа дека ајатолахот Али Хамнеи е убиен. „Можам да ве уверам дека лидерот на револуцијата е стабилен...

Македонија11 часа

Претседателката за утре го свика Советот за безбедност

По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за...

Свет11 часа

(Видео) Нетанјаху: Постојат многу знаци дека ајатолахот е мртов

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им се обрати на иранскиот народ, велејќи им дека имаат „можност што се јавува еднаш во...

Свет11 часа

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов, тврдат Израелците

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов и неговото тело е пронајдено, изјави за Ројтерс висок израелски функционер. We...

Свет14 часа

(Видео) Погоден е аеродромот во Кувајт, гори хотел во Дубаи

САД и Израел го нападнаа Иран утрово. Најмалку три експлозии се слушнаа во Техеран, главниот град на Иран, а беа...

Македонија15 часа

Евакуација од Израел побарале 11 македонски државјани

Единаесет македонски државјани досега побарале евакуација од Израел, откако утринава САД и Израел го нападнаа Иран, соопштија од Министерството за...

Свет15 часа

ОН свикаа итна седница на Советот за безбедност по нападите врз Иран

Советот за безбедност на ОН свика итна седница по американските и израелските напади врз Иран и одмаздничките напади од страна...

Свет20 часа

Четири американски воени бази на Блискиот Исток нападнати од Иран

Иранската војска вели дека започнала напади врз четири американски воени локалитети во Катар, Бахреин, Кувајт и Обединетите Арапски Емирати како...

Свет21 час

Се откажуваат летови до Израел и други земји од Блискиот Исток

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ ги суспендира летовите до и од Тел Авив, Бејрут и Оман до 7 март, откако САД и...

Македонија22 часа

Македонските државјани кои се наоѓаат во Израел да побараат помош, воздушниот сообраќај е затворен за цивилни летови

Во врска со последните информации за влошената безбедносна состојба во Израел, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до...

Свет22 часа

Трамп потврди дека САД започнале напади врз Иран

Претседателот на САД, Доналд Трамп, потврди дека САД започнале напади врз Иран во осумминутно видео објавено на неговиот профил на...

Свет23 часа

САД и Израел започнаа заеднички напад врз Иран

САД учествуваа во нападите утрово во Иран заедно со Израел, потврди американски функционер за „Тајмс оф Израел“. Според израелски безбедносен...

Свет24 часа

Израел го нападна Иран и прогласи вонредна состојба

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека Израел започнал превентивен напад врз Иран за да ги отстрани заканите за...