Свет
Асанж нема да биде екстрадиран во земјите каде што му се заканува смртна казна

Основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, нема да биде екстрадиран во земјите во кои му се заканува смртна казна, рекол британскиот министер за Европа, Алан Данкан.
„Тоа е основниот услов што го договоривме – дека нема да дозволиме да биде екстрадиран на место каде што би можело да добие смртна казна. Таа гаранција е цврста“, рекол Данкан.
Асанж во САД е обвинет за шпионажа и Вашингтон бара негова екстрадиција. Рочиштето по тоа барање е закажано за крајот на февруари в година во Велика Британија.
САД го обвинуваат дека ја загрозил безбедноста на нивните дипломати и војници кога „Викиликс“ во 2010 година објави 250.000 дипломатски документи и речиси половина милион доверливи предмети за активностите на американската војска во Ирак и Авганистан. Исто така, Асанж е обвинет и за заговор со некогашната воена аналитичарка Челзи Менинг, која му ги доставила документите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Човекот на Трамп: Русија би можела да добие некои украински региони, но не сите пет

Специјалниот претставник на американскиот претседател Стив Виткоф изјави дека неговиот неодамнешен разговор за Украина со рускиот претседател Владимир Путин во Санкт Петербург се фокусирал на прашањето за територијата, како и дека Русија ќе може да задржи „некои нови региони, но не сите“ во рамките на спогодбата.
Во интервју за „Волстрит џурнал“ (WSJ), Виткоф рече дека Киев можеби не е толку заинтересиран за региони каде што населението првенствено зборува руски јазик.
Специјалниот пратеник на американскиот претседател истакна дека „територијалното прашање“ може делумно да се реши.
Путин се сретна со Виткоф на 11 април во зградата на Претседателската библиотека во Санкт Петербург, а разговорите траеја околу четири и пол часа, пренесува Танјуг.
Виткоф претходно изјави дека како дел од преговорите за постигнување мир во Украина, се зборувало за забрана на Украина да се приклучи кон НАТО.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во вторникот го обвини Виткоф за злоупотреба на својата позиција поради разговорите за признавање на нови руски региони, а во четвртокот рече дека Виткоф ја усвоил „стратегијата на руската страна“, пренесува Танјуг.
Свет
(Видео) Бројот на жртви во несреќата со жичарницата во Италија се зголеми на четири, едно лице е тешко повредено

Бројот на загинати во несреќата што се случи кога кабината на жичарницата на планината Фајто во округот Неапол во италијанскиот регион Кампанија се искачи на четири, а едно лице е тешко повредено.
Претходно беше објавено дека три лица загинале, а операторот на жичарницата е исчезнат. Странски туристи и операторот на жичарницата загинаа, а еден странски турист е тешко повреден и е префрлен со хеликоптер во болница во Неапол, објави АНСА.
Операцијата за пребарување беше отежната од маглата, а во четвртокот во таа област беше на сила жолто предупредување за времето поради временските услови. Отворена е истрага за инцидентот.
Италијанскиот министер за транспорт Матео Салвини изјави дека целта е да се испитаат сите аспекти на несреќата и брзо да се утврди одговорноста.
Во несреќа на жичарницата Фајто на 15 август 1960 година, загинаа четири лица, а 31 беа повредени. Таа жичарница минатата година превезе 108.000 патници, пренесува Танјуг.
Свет
Рубио: САД повеќе нема да посредуваат во преговорите со Русија и Украина доколку наскоро нема договор

Соединетите Американски Држави ќе престанат да посредуваат во мировните преговори меѓу Русија и Украина во наредните денови доколку нема јасни сигнали дека може да се постигне мировен договор, изјави денес американскиот државен секретар Марко Рубио.
Тој посочи дека американскиот претседател Доналд Трамп е сè уште заинтересиран за постигнување договор, но дека е подготвен да се справи со „други светски проблеми“ ако тоа не биде можно.
„Треба да утврдиме дали е можно да се стави крај на војната во Украина, а ако тоа не е можно, претседателот веројатно ќе каже дека е завршено“, рече Рубио на прес-конференција во Париз.
Тој ја оцени вчерашната средба со претставници на Украина, Франција, Велика Британија и Германија како позитивна, пренесува Танјуг.