Спорт
Интер не се откажува од Лукаку

Фудбалскиот клуб Интер подготвил нова понуда за белгискиот напаѓач од Манчестер Јунајтед, Ромелу Лукаку. „Скај Спорт Италија“ сумта што ја нудат од Интер е 60 милиони фунти, плус одредени бонуси.
Интер, сепак не можат веднаш да ја исплатат целата сума, туку им понудиле на Јунајтед парите да бидат исплаќани во две или три годишни рати. Прелогот на Италијанците е да платат во три рати и тоа 9, 27 и 27 милиони фунти.
Бонусите се додадени за Интер да ја доближи до сумата што „црвените ѓаволи“ ја бараат за напаѓачот.
Спортскиот директор на Интер, Пјеро Аусилио, минатата недела изјави дека Јунајтед ја одредиле цената за Лукаку и дека бараат повеќе од 79 милиони фунти колку што во 2017 година им платија на Евертон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Уште една шлаканица – Манчестер јунајтед загуби во Куала Лумпур

Тренерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим, верува дека неговите играчи ќе имаат корист откако беа со свирежи испратени од теренот во Куала Лумпур. „Црвените ѓаволи“ загубија со 1:0 од АСЕАН Ол-стар тимот.
Откако ја завршија лошата сезона во Премиер лигата со победа против Астон Вила во неделата, клубот прелета 6.600 милји до Малезија, но ни таму не успеаја да ги тргнат проблемите што ги следат низа целата сезона.
Натпреварот се одигра по тешки временски услови, температури повисоки од 30 степени и висока влажност, а тимот на Аморим не успеа да реализира голем број можности и покрај честите замени, поради што користеа дури 25 играчи на теренот.
Гол во второто полувреме постигна крилниот напаѓач на Мјанмар, Маунг Маунг Лвин, што беше доволно за репрезентацијата на Југоисточна Азија да ја прослави победата пред 72.550 гледачи на стадионот „Букит Џалил“.
На крајот од натпреварот, значителен дел од гледачите, кои платија до 260 фунти за билети, го исвиркаа Јунајтед за време на нивната прва посета на Малезија од 2009 година.
„Секогаш се чувствував виновен за перформансите на тимот уште од првиот натпревар откако сум тука“, рече Аморим. „Можеби свирежите се нешто што ни треба, бидејќи секој пат кога губевме во Премиер лигата, навивачите секогаш беа со нас. Чувствував дека нè поддржуваат до крајот. Ќе видиме за следната сезона.“
Јунајтед ја заврши сезоната на 15-то место во Премиер лигата со 42 бода, што се смета за најлошата сезона на клубот откако испаднаа од лигата во сезоната 1973/74. Тие исто така го загубија финалето на Лигата на Европа од Тотенхем со 1:0 во Билбао, со што ја испуштија можноста да играат во Лигата на шампионите следната сезона.
Спорт
Алегри ја одбил првата понуда од Милан

Новиот спортски директор на Милан, Игли Таре, веднаш се зафати со работа, целта му е да го убеди Масимилијано Алегри да го преземе тимот.
Милан на Алегри му подготви тригодишен договор, според кој би заработувал 10,5 милиони евра фиксна плата плус разни бонуси.
Поранешниот тренер на Јувентус, ја одбил понудата. Бара фиксни пет милиони евра по сезона, односно 15 милиони евра за три години.
Алегри веќе работеше како шеф на тренерскиот штаб во Милан во 2011 година, кога ја освои титулата, а поради одредено меѓусебно почитување што постои, можно е преговорите да се продолжат и на крајот да најдат решение.
Секако, Алегри преговара и со Наполи, но малку е веројатно дека таму би ја добил платата што ја бара, па ќе мора да направи некаков компромис.
Алегри би сакал да ја знае конечната одлука што е можно поскоро, ако е можно до крајот на оваа недела.
Спорт
(Видео) Челси ја освои Конференциската лига

Најголемиот фаворит пред почетокот на натпреварите во Конференциската лига, Челси, го освои трофејот во ова натпреварување. Челси на „Турчински арена“ во Вроцлав го победи Бетис со 4:1 (0:1).
Челси е првиот тим со титули во трите натпреварувања во организација на Европската фудбалска унија.
„Сините“ од Лондон, во вториот дел, во интервал од 18 минути го скршија Бетис, чија игра целосно се распадна по 52.минута, кога поради повреда теренот го напушти најдбриот играч на „зелено-белите“, Езалзули.
Челси не одигра ништо во првиот дел и вистинско чудо беше што „сините“ имаа само гол минус.
Езалзули погоди во деветтата минута, по додавањето од Иско, откако претходно во опасната зона Мало Густо ја загуби топката.
Три минути подоцна, Јоргенсен се истакна кога го одбрани ударот на Бартра, а во 20.минута, Бадијашил во последен момент го изблокира ударот на Кардосо.
Во вториот дел Челси притисна, целосно ја презеде контролата врз топката, а се „појави“ и Кол Палмер.
Тој со две асистенции за Енцо Фернандез во 65. и Николас Џексон во 70.минута го режираше пресвртот.
Во 83.минута Џејдон Санчо постигна брилијантен гол, а точка на натпреварот стави Каиседо во 91.минута.