Црна хроника
Запалено Ауди А8 со германски регистрации во Чаир

Возило Ауди А8 со германски регистрации запалена е во саботата изутрина додека било паркирано во скопската населба Чаир.
Во билтенот на МВР е забележано дека на 11.05.2013 година околу 04,00 часот во Скопје на ул.„Џ.Кенеди“ во паркирано ПМВ „Ауди А8“, со германска национална ознака, сопственост на М.Р.(1970), Непознат сторител подметнал пожар, на тој начин што го отворил стаклото од предната десна врата и во внатрешноста на возилото испрскал запалива материја, а потоа преку отворот во возилото фрлил парче од плетена ракавица, најверојатно, натопено со запаллива течност, по што се оддалечил во непознат правец. Од страна на сопственикот пожарот е изгаснат. При пожарот оштетен е тапацирот од предната десна врата и страничниот десен дел од предното десно седиште, како и исчадена е целата внатрешност од возилото.Увид на лице место извршила екипа од СВР-Скопје. Материјалната штета дополнително ќе биде утврдена. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.