Скопје
Форум на работодавачи се одржа во Општина Аеродром

Форум со 30-тина работодавачи од Општина Аеродром се одржа во понеделникот со цел преку промоција на мерките за зајакнување на капацитетите на фирмите да се зајакне соработката меѓу локалните бизниси и институциите.
На форумот, исто така, беа промовирани позитивните искуства од користење на достапните мерки и поволности, а се претставија и корисни информации за младите претприемачи.
Форум на работодавачи во Општина Аеродром се одржа во соработка со Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување и Националниот совет за претприемништво и конкурентност.
Покрај ова, вчера во просториите на Општина Аеродром, се одржа Инфо-средба на млади лица на која беа презентирани мерките за самовработување на младите лица, а беа промовирани и добри практики на самовработување.
На средбата на младите лица учествуваа околу 50 млади луѓе од Општина Аеродром, кои ги споделија своите искуства од користењето на програмата за самовработување, како и подготовка за успешно вработување и инвестирање во практична работа.
Инфо-средбата ја организира Општина Аеродром во соработка со Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување и УНДП. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од Карпош денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 10.00 до 14.30 часот, корисниците на улица Нерешка со број 10,12,14 и 16. (Општина Карпош)
Скопје
Без струја утре неколку улици во Центар и Чаир

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН известува дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, утре, без електрична енергија ќе останат:
· од 06.00 до 11.00 часот, корисниците на улица 6 и дел од улица 4 во Сарај. (Општина Сарај )
· од 08.00 до 14.00 часот, корисниците од дел од ул. Даме Груев и дел од ул. Свети Кирил и Методиј. (Општина Центар
Македонија
Герасимовски: Концерт на Јанг Дади на 27 август во Паркот на франкофонијата, ги поканувам сите скопјани на добра музика

На 27 август, Центар ќе пулсира во ритамот на добрата музика. Општина Центар, во рамки на проектот „На одмор сум, во Центар сум“, организира концерт на еден од најактуелните македонски изведувачи Јанг Дади што ќе се одржи во Паркот на франкофонијата, со почеток од 19:00 часот.
Градоначалникот Горан Герасимовски ги поканува сите центарци и скопјани коишто се останати во градот да дојдат и да уживаат во вечер исполнета со позитивна енергија, музика и забава под отворено небо.
„Ги поканувам сите скопјани, млади, семејства, пријатели и сите љубители на музиката да дојдат во Паркот на Франкофонијата и заеднички да уживаме во песните на Јанг Дади. Исто така, Стела и Сани ќе ги забавуваат најмладите, ајде сите заедно да уживаме во вечер исполнета со енергија, смеа и добар ритам. Културата е најубавиот начин да го зближиме градот и затоа ве поканувам да бидеме дел од оваа летна приказна. Ве чекам во среда, на 27 август на музика што поврзува“, вели Герасимовски.