Црна хроника
Лицето кое пукаше во познатиот скопски адвокат му бил клиент

Полицијата го приведе дваесет ишестгодишниот Ф.Љ. од Скопје кој во јули годинава пукаше во познатиот скопски адвокат Игнат Панчевски, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Против Ф.Љ., кој му бил клиент на Панчевски, е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, а судот му одреди мерка „домашен притвор“.
Настанот се случи на 03-ти јули, во населба Бутел кога Ф.Љ. пукаше со пиштол во Панчевски, додека двајцата биле во автомобилот на адвокатот. Панчевски бил ранет во ногата, но успеал да го истурка Ф.Љ. од возилото. Откако излегол, Ф.Љ. испукал уште три куршуми кон него, но не го погодил. крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Кривична против 22-годишен скопјанец: полицијата пронашла кокаин, марихуана, пиштол и куршуми во неговиот дом

СВР Скопје поднесе кривична пријава против 22-годишниот А.С. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На 07.05.2025, полициски службеници со судска наредба извршиле претрес во домот на пријавениот во Скопје, при што биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана, пиштол „Чешка зброевка“ калибар 7,65 мм и куршуми калибар 7,65 мм, кои ги поседувал без дозвола.
Црна хроника
Малолетници од Куманово истепани од нивни соученици

Вчера во 18.50 часот во СВР Куманово, И.А.(50) и А.Б.(54), двајцата од Куманово, пријавиле дека на 06.05.2025 околу 17 часот, во близина на средно училиште во Куманово, по претходно недоразбирање, нивните малолетни деца биле физички нападнати од неколку малолетници, кои биле од истото училиште, при што употребиле тврд предмет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Во кругот на Затвор Скопје пронајдени две кесички со марихуана

Денеска околу 08.30 часот во СВР Скопје, од Казнено поправната установа Затвор Скопје било пријавено дека во кругот на установата биле пронајдени и одземени две кесички со марихуана.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.