Црна хроника
Приведени петмина навивачи кои фрлаа по ракометарите
Полицијата приведе петмина навивачи на навивачката група на Вардар, Комити, кои фрлаа предмети на теренот на ракометниот натпревар Вардар-Металург.
Еден од нив е приведен пред започнувањето на натпреварот, а другите четири лица се приведени на натпреварот.
Навивачот приведен пред натпреварот во близина на базенот во рамки на СРЦ „Борис Трајковски“, бил пијан и ги навредувал полицајците со вулгарни зборови.
И останатите навивачи кои фрлаа на теренот биле пијани, а фрлале петарди, како и метални предмети.
Дел од предметите го погодија повредениот ракометар на Металург, Наумче Мојсоски, а погоден беше и ракометарот на Вардар, Тимур Дибиров кој заврши со раскрварена глава.
Против насилниците ќе бидат поднесени прекршочни пријави за насилство и ќе треба да платат казна за сторениот прекршок./крај/мвр
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж падна во отворена шахта во Скопје, бил пренесен во болница
Вчера во 13.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар, С.К. од Скопје паднал во отворена шахта и се здобил со повреди, по што бил пренесен во здравствена установа за укажување на лекарска помош.
Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје.
Црна хроника
Судир меѓу две возила на „Цветан Димов“, скопјанец е тешко повреден
Скопјанец е тешко повреден во судрир меѓу две возила во Скопје.
– На 30.04.2024 во 12.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Цветан Димов“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“, управувано од Ј.Р.(51) од Скопје и патничко возило „фолксваген“, управувано од Б.Р.(67) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Б.Р., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, информираа од полицијата.
Црна хроника
Удрена пензионерка во Скопје, со тешки повреди е пренесена во болница
Вчера во 14.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Јустинијан Први“ во Скопје товарно возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.М.(32) од Скопје удрило во пешакот Љ.В.(73) од Скопје.
Во несреќата Љ.В. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.