Црна хроника
Од патнички авион во лет исчезнаа 44 кгр златни шипки
Во Париз е отворена е истрага за исчезнувањето на златни шипки во вкупна тежина од 44 килограми од патнички авион по неговото слетување, објавија француските медиуми во вторникот, за инцидентот кој се случил минатата седмица кога швајцарска компанија превезувала голема пратка злато, а по слетувањето било откриено дека во текот на летот исчезнал дел од златниот товар.
Вкупно на авионот на воздухопловната компанија „Air France“ на редовната линија Париз – Цирих од минатиот четврток, имало 300 килограми златни прачки. На парискиот аеродром Роаси – Шарл Дегол златото било товарено во багажниот простор на авионот од работниците на американската компанија „Brinks“ специјализирана за превоз на стоки со високи вредности. На крајната дестинација во камионот на истата компанија кој ја чекал пратката следниот ден било откриено дека два од деветте специјални контејнери со злато исчезнале.
Истрагата е усложнета поради тоа што исчезнувањето на дел од златниот товар било откриено следниот ден. Менаџментот на компанијата „Brinks“ негира дека кај неа има некаква вина со тоа што се случило на француската царина. „Компанијата не е одговорна за транспортот, туку нејзина обврска е да ја осигури безбедноста на пратката до испораката на товарот на Роаси, и таа задача Brinks беспрекорно ја изврши“, се вели во соопштението на американската компанија што го цитира AFP.
Истрагата за овој случај е доделен на истражниот оддел на француската жандармерија во воздухопловниот сообраќај. Според правосудните органи, најверојатно крадците имале помагач на меѓу персоналот на аеродромот, но засега нема никаква трага. Вкупно недостигале 44 килограми чисто злато во шипки. Првичната процена на штетата изнесува околу 1,6 милиони евра./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мајка од Велес ги оставила петте малолетни деца сами и заминала за Скопје
Полициски службеници од полициската станица „Ѓорче Петров“ синоќа во 2:05 часот по полноќ лишиле од слобода 36-годишна велешанка. Претходно во СВР Велес било пријавено дека таа во домот ги оставила нејзините пет малолетни деца и заминала во Скопје.
Како што денеска информираат од СВР Велес, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен 21-годишен охриѓанец, нападнал полицаец
Вчера во 00:10 часот, во угостителски објект лоциран на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, приведен е лице на (21) од Охрид, кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.
По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Угинато куче со пена на уста најдено на улица во Кавадарци, ќе постапува обвинител
Угинато куче било пронајдено доцна синоќа на улица во Кавадарци, по насока на јавен обвинител телото било однесено на обдукција, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Синоќа во 22:15 часот во ОВР – Кавадарци, од Здружението за заштита на животни било пријавено дека на улица „Димката Ангелов – Габерот“ во Кавадарци има мртво куче со пена на устата. По насока на јавен обвинител, телото на кучето било подигнато од ветеринарен лекар и однесено во ветеринарна станица за вршење обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР – Велес.

