Регион
Хрватска усвои закон за истополово животно партнество

Хрватскиот Сабор во вторникот донесе Закон за животен партнер со кој им се овозможува на истополовите парови да склопат животно партнерство и да уживаат и други права, но не и посвојување на деца.
Отсега бракот, вонбрачната заедница, животното партнерство и неформалното животно партнерство законски се признаваат како заедници кои претставуваат семеен живот.
Саборот го усвои законот со 89 гласа за, додека 16 пратеници беа против. Седницата во Саборот ја следеа и активистите за права на ЛГБТ заедницата, кои усвојувањето на законот го поздравија со аплауз.
Образложивајќи го предложениот закон, министерот за јавна администрација Арсен Баук појасни дека со законот се воведува институција животно партнерство како форма на заеднички живот на истополни лица, додека институцијата брак и натаму останува ограничена на хетеросексуални лица.
На истополните лица исто така им се овозможува пристап до повеќето конкретни права кои ги ужуваат хетеросексуалците освен посвојување на деца.
„Станува збор за закон кој на малцинството ќе му донесе нешто подобри услови за живот, а на мнозинствто нема да му го влоши животот’, рече Баук. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.