Свет
Иран ѝ се закани на Велика Британија со ескалација на тензиите во Заливот
Со оглед дека британските официјални претставници одбиваат да ја исклучат можноста за воведување санкции кон Техеран, иранскиот амбасадор во Велика Британија, Хамид Бединеџад, предупреди на можноста од ескалација на тензиите во Заливот.
Велика Британија претходно запленетиот танкер во Ормутскиот Теснец го нарече „непријателски чин“.
„Британија мора да ги смири оние политички сили кои сакаат ескалација на тензиите, многу поголема од прашањето на запленувањето на танкерот. Моментумот во регионот е многу опасен и чувствителен. Иран е подготвен на различни сценарија“, објави Бединеџад на „Твитер“.
Претходно британскиот министер за одбрана, Тобијас Елвуд, не ја исклучи можноста од воведување санкции кон Техеран. Тој нагласи дека се разгледуваат различни одговори кон Техеран, меѓу кои се и санкциите и дека Лондон за тоа ќе разговара со сојузниците.
Британскиот шеф на дипломатијата, Џереми Хант, синоќа во телефонски разговор со својот ирански колега Мохамед Џавад Зариф изрази „екстремна разочараност“ поради запленувањето на танкерот со нафта во Ормутскиот Теснец, додека Зарафи му пренел дека танкерот ги прекршил поморските правила и дека мора да го мине предвидениот правен процес.
Иранската револуционерна гарда во петокот го пресретна и заплени танкерот „Стена имперо“, додека на него се наоѓаа 23 членови на екипажот, а во меѓувреме Иран сооошти дека сите морнари се добри.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

