Македонија
Општина Охрид: Ќе ја разгледаме можноста за мораториум
Општина Охрид соопшти дека ќе ги преземе сите активности во согласност со законските прописи со цел да се исполнат задолженијата кои Владата им ги додели на општините, за подобро и поефикасно спроведување на препораките од Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, кои се во насока на зачувување на статусот на Охридскиот Регион како светско наследство.
„Општинските надлежни служби ќе ги разгледаат законските можности во однос на владината препорака за прогласување мораториум на градежните активности до донесување на Планот за управување со природното и културно наследство“, се вели во соопштението.
По налог на градоначалникот Константин Георгиески, во рок од 10 дена ќе биде изготвен акциски план со роковник за спроведување на препораките на УНЕСКО. Веднаш по изготвувањето, овој план ќе биде ставен на дневен ред на седница на Советот на Општина Охрид.
Во текот на целокупниот процес локалната самоуправа ќе биде во постојана координација и комуникација со Министерството за транспорт и врски, Министерството за култура и Министерството за животна средина и просторно планирање, како и со останатите надлежни државни институции, а јавноста ќе биде навремено и детално информирана.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

