Спорт
Тениски скандал – САД не ѝ даваат виза на Кузнецова за да ја брани титулата во Вашингтон

Руската тенисерка Светлана Кузнецова не доби виза за влез во САД, па нема да може да ја одбрани титулата што минатата година ја освои на турнирот во Вашингтон.
Русинката на „Твитер“ ги објасни причините поради кои ќе мора да го откаже учеството на тенискиот турнир, а додаде дека вакво нешто досега не ѝ се случило во кариерата.
„За жал, морам да го откажам натпреварувањето во Вашингтон поради проблемите со добивањето американска виза. Сакам да им се извинам на сите. Никогаш во животот не сум имала нешто слично, се надевам дека еден ден повторно ќе добијам виза и ќе играм на некој од турнирите на американската серија“, напиша Кузнецова на „Твитер“.
Unfortunately I had to pull out of Washington due to my problems with US visa(. Wanted to apologize to all my fans who were waiting for me there .. Never had issues like this in my life , hopefully one day I can finally get a visa and play at list some events of the US swing ! pic.twitter.com/K1JzU2vupi
— Svetlana Kuznetsova (@SvetlanaK27) July 25, 2019
Во досегашната кариера Кузнецова двапати освои гренд слем турнири, „Ролан Гарос“ во 2009 и САД опен 2004. Во 2007 година во еден период беше втора на ВТА-листата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Бразил ја декласира Јужна Кореја

Бразилската фудбалска репрезентација ја победи Јужна Кореја со 5:0 во пријателски натпревар одигран во Сеул.
Екипата на Карло Анчелоти ја демонстрираше својата сила против една од најдобрите азиски селекции.
Двојни стрелци за „селесао“ беа Естевао (13, 47) и Родриго (41, 49), додека еден гол постигна Винисиус Жуниор (77).
Со играта, Бразил потсети на најдобрите денови на оваа репрезентација, Родриго, Естевао, Куња, Винисиус правеа што сакаат на теренот.
Foto/ EPA
Спорт
Галатасарај добил покана за НБА Европа

Техничкиот директор на Галатасарај, Дурсун Озбек, потврди дека овој клуб добил покана да игра во НБА Европа.
„Добивме покана за НБА Европа. Минатиот месец бевме во Женева на покана на ФИБА“, рече Озбек, објави „Јурохупс“.
„Тие сакаат Галатасарај да биде дел од оваа лига. Сè уште не е завршено, но добивме покана од организаторите. Ќе ја информираме јавноста за секој понатамошен чекор“, објасни Озбек. У
ште еден состанок меѓу ФИБА, Евролигата и НБА се одржа во Женева оваа недела. Изминатите неколку недели доаѓаат сè повеќе вести за новото натпреварување.
Во четвртокот, „Јурохупс“ дури објави и информации дека новото натпреварување би можело да започне веќе во 2027 година, дека ќе има 16 екипи, од кои 12 ќе имаат долгорочни договори, додека четири места ќе бидат отворени за квалификации.
НБА планира нови состаноци за следната недела во Лондон, кога треба да се сретнат со потенцијални инвеститори и партнери.
Спорт
(Видео) Дончиќ ја избра најдобрата атмосфера во Европа

Лука Дончиќ се подготвува за новата сезона со Лос Анџелес Лејкерс. Словенецот најде време да гостува во емисијата “First we feast”, каде што јадеше пикантни крилца.
Словенечкиот кошаркар добро се сеќава на атмосферата од Евролигата, играше во многу сали, но една му остави посебен впечаток.
Дончиќ сè уште се сеќава на лудилото што го создадоа навивачите на Панатинаикос кога го носеше дресот на Реал.
„Србија, Грција и Турција имаат најдобра атмосфера. Најжешката атмосфера во која играв беше кога му гостувавме на Панатинаикос. Не можев да ги слушнам моите соиграчи. Натпреварот започна и губевме со 20:0.“
Дончиќ ја освои Евролигата со Реал во својата последна сезона во Европа, а потоа беше прогласен за најмлад МВП во историјата на ова натпреварување. После тоа, тој отиде во Далас, а оваа година стана член на Лејкерс.
Luka says Panathinaikos has the best crowd he has ever played at
YT/firstwefeast pic.twitter.com/ys8GsJt9Ci
— Luka Updates (@LukaUpdates) October 9, 2025