Скопје
Реконструирана сообраќајната лента пред автобуската станица „Рекорд“
Заврши реконструкцијата на крајната сообраќајна лента на улицата „Димитрие Чуповски“, пред автобуската станица „Рекорд“, наспроти Театарот за деца и младинци.
Градот Скопје информира дека лентата е реконструирана во должина од 60 метри, пред и по автобуското стојалиште.
На реконструкција работеа екипите на градежната компанија „Бетон АД“, а Градот Скопје за овој зафат потроши околу милион денари.
Во рамките на проектот за реконструкција на оштетениот коловоз пред поголем број автобуски станици, во моментов градежни работи се извршуваат и на двете автобуски станици на бул. „Кузман Јосифовски – Питу”, како и на бул. „Крсте Петков Мисирков”, од страната на МАНУ.
Изминатиов период беше извршена реконструкција на оштетениот коловоз и на сообраќајната лента пред Театарот за деца и младинци.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар и Сарај в понеделник без вода
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека зафатот кој беше најавен за денеска поради одредени технички пречки се одложува за понеделник.
Поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.

