Европа
Француски новинари обвинети за обид за уцена на кралот на Мароко

Двајца познати француски новинари се уапсени во Париз под сомневање дека го уценувале мароканскиот крал Мохамед Шести.
Новинарите Ерик Лоран и Катрин Грасе се обратиле до амбасадата на Мароко во Париз за помош во пишувањето книга за кралството посветена особено на кралот Мохамед Шести. Меѓутоа, за време на средбата тие недвосмислено се заканиле дека книгата ќе открие скандалозни поединости. Двајцата новинари ветиле притоа дека нема да ја објават книгата, во замена за најмалку три милиона евра, пренесува агенцијата AFP.
Претставниците на мароканската дипломатска мисија се обратиле со овие информации во француската полиција, по што било одлучено да се закаже средба со новинарите на којашто ќе биде исплатена бараната сума во едно париско кафе.
„За време на предавањето на договорениот износ, новинарите беа приведени“, изјавил за агенцијата неименуван извор од париската полиција. Додал дека Лоран и Грасе ќе бидат во притвор до почетокот на судското сослушување за обид за изнуда и уцена.
Издавачката куќа „Seuil“ потврди дека книгата за Мароко требало да се појави во јануари или февруари следната 2016 година. „Сепак, ние не бевме запознаени со специфичните содржини на книгата, а уште помалку за обид за уцена од страна на авторите“, изјавил портпаролот на издавачот.
Ерик Лоран и Кетрин Грасе се едни од попознати истражувачки новинари во Франција. Лоран веќе има издадено неколку книги кои се посветени на маханации во банкарскиот сектор, нафтениот бизнис, политиките на Блискиот исток.
Грасе, пак, го истражуваше големиот скандал во врска со наводното финансирање на кампањата на поранешниот француски претседател Николас Саркози од страна на сега соборениот и ликвидиран либиски челник Моамер ел-Гадафи,
Двајцата во 2012 година веќе издадоа една книга за Мароко, во којашто се содржани некои непријатни карактеристики на кралот Мохамед Шести./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Макрон: Нема разговори за прекин на воената помош за Украина за време на прекинот на огнот

Францускиот претседател Емануел Макрон јасно стави до знаење дека Франција нема да се согласи да ја суспендира воената помош за Украина, дури ни за време на евентуално 30-дневно примирје.
„Нема предуслови. Испораките на оружје за одбрана и отпор на Украина нема да престанат“, рече Макрон, обраќајќи се до претседателот Володимир Зеленски.
Тој додаде дека доколку Русија не се придржува до предложеното примирје, таа мора да ги сноси последиците. „Во тој случај, ќе следат нови, посилни санкции и дополнителна поддршка за Украина. Треба да подготвиме нов пакет санкции – тоа не смее да биде рутинска мерка, туку нешто многу порешително“, нагласи тој.
Макрон претходно беше прашан што ќе сторат Украина и нејзините сојузници доколку Русија побара прекин на воената помош како услов за прекин на огнот. Кремљ повеќе пати ја отфрли идејата за едномесечно примирје, тврдејќи дека Западот ќе го искористи за дополнително вооружување на Украина.
Европа
Кремљ: Изјавите на европските земји се контрадикторни и конфронтирачки

Кремљ ги обвини европските земји за давање контрадикторни и конфронтирачки изјави, објави новинската агенција Интерфакс, откако европските лидери го поддржаа американскиот план за 30-дневен прекин на огнот во Украина и ѝ се заканија на Русија со „масовни“ санкции доколку не го почитува договорот.
„Слушаме многу контрадикторни изјави од Европа. Тие генерално се од конфронтациска природа и не се насочени кон обид за обновување на нашите односи. Ништо повеќе од тоа“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, според Интерфакс.
Европа
Зеленски: Имаме добар договор со Америка, помошта не запира

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев и САД постигнале „многу добар договор“ за продолжување на воената соработка. „Можеме да сметаме на американска поддршка, не само од владата, туку и од приватниот сектор“, рече тој.
Тој особено ја истакна улогата на поранешниот претседател Доналд Трамп.
„Трамп не ја запре испораката на воена помош или размената на разузнавачки информации, што е клучно за одбраната на нашето небо. Тој не ги укина санкциите против Русија. Веруваме дека тој ќе продолжи да ја поддржува Украина.“