Регион
Курц: Западен Балкан и е потребен на Европа

Министерот за надворешни работи на Австрија, Себастијан Курц порачал дека европскиот мировен проект нема да биде завршен без членството на земјите од Западен Балкан во Европската унија (ЕУ), пренесуваат светските агенции.
Во неделното видео обраќање, во кое австрискиот министер одговара на прашања од граѓаните, тој беше запрашан околку тоа која земја мисли дека ќе биде следната членка на Унијата. „Тоа е доста долг процес и дури кога стандардите кои се поставени од Унијата ќе бидат исполнети, постои шанса за членство“, рекол Курц, додавајќи дека има голем број на држави кои се наоѓаат во пристапни преговори со Унијата.
Според Курц земјите од Западен Балкан треба да имаат европска перспектива, бидејќи само тогаш европскиот мировен проект би бил комплетиран. Курц изјавил дека Австрија би профитирала од европската перспектива на земјите од Западен Балкан, бидејќи се наоѓа доста блиску до тој регион.
„Имаме и голем број на компании кои се таму активни, така што голем број на работни места зависат од тоа. Исто така безбедноста на Австрија е во непосредна врска со состојбата на Западен Балкан. Подобрувањето на приликите на Западен Балкан се одразува не само на нашата економија, туку и безбедност“, рекол Курц./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Црна Гора се бори со пожари

Седми ден по ред пожарите во Црна Гора не стивнуваат, а најкритично е во Подгорица, каде што и покрај тоа што ситуацијата е под контрола.
Началникот на Дирекцијата за цивилна заштита и намалување на ризици од катастрофи, Љубан Тмушиќ, соопшти дека најзагрозени области се Пипери и Кучки Корита. – Во овие подрачја се ангажирани сите расположливи ресурси – 12 возила и 42 пожарникари, рече Тмушиќ.
Посебна закана претставуваат и таканаречените „подземни пожари“ кои се активираат со пораст на температурите.
Во гаснењето се вклучени и армијата, како и помош од странство – Србија испрати хеликоптер, а вчера пристигна и швајцарски тим со 26 пожарникари и четири специјализирани возила. Поддршка дава и хеликоптер од Чешка.
Регион
Еди Рама вети бесплатни нови куќи за оние кои во пожарите ги загубија своите домови

По катастрофалните пожари кои деновиве зафатија делови од Албанија, уништувајќи домови и имоти, премиерот Еди Рама излезе со силно и директно ветување до сите настрадани граѓани. Во објава на социјалните мрежи, тој најави дека државата целосно ќе ги обесштети сите што претрпеле штета, вклучително и бесплатна обнова на секој уништен дом.
„Кој и да го изгубил својот дом, ќе го обновиме бесплатно, кој и да изгубил добиток, ќе го рефинансираме еден по еден“, напиша Рама на социјалните мрежи.
Оваа мерка, како што појасни министерот за одбрана Пиро Венгу, ќе се спроведува преку општините. Ќе се формираат посебни комисии за проценка на штетите на куќи, инфраструктура, бизниси и земјоделски култури, по што ќе следува обештетување од општинските фондови за цивилна заштита, поддржани од државниот буџет.
Регион
Шестмина припадници на полицијата се повредени за време на синоќешните протести во Србија

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека за време на синоќешните протести имало драстично нарушување на јавниот ред и мир и брутален напад врз полицијата, и дека, според досегашните податоци, повредени се шестмина припадници на полицијата.
„Шест полицајци се повредени, според информациите што ги имаме во моментов, а 38 лица се приведени. Секој можеше да види во преносот во живо дека имало брутален напад врз полицијата, дека демонстрантите дошле со намера да ги нападнат полицајците, да ги повредат“, рече Дачиќ.
Тој изјави дека вечерта немало поддржувачи на Српската напредна партија, што, како што рече, не ги спречило демонстрантите да ги нападнат просториите на таа партија низ цела Србија, и додаде дека на некои места биле нападнати и просториите на Социјалистичката партија на Србија.