Регион
Грција на ММФ му исплати 186,3 милиони евра

Грција на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) му исплати рата од 186,3 милиони евра, потврдиле од меѓународната институција, со што Атина избегна доцнење во отплатата на кредитот, во момент кога со кредиторите преговара за третиот спасувачки пакет.
„Грција ги плати трошоците по основ на каматата кои во четврток достигнаа наплата во висина од 186,3 милиони евра“, се наведува во соопштението од ММФ, пренесува AFP.
Со оваа уплата, Грција првпат од почетокот на јуни навреме ги плати своите обврски кон ММФ, а и преостануваат уште вкупно 22 милијарди долг кон оваа институција, пришто наредната прва рата од 307 милиони евра треба да се исплати на 1-ви септември.
Земјата на 30-ти јуни не успеа на ММФ да му врати долг од 1,5 милијарди евра, поради што стана првата развиена земја која задоцни во подмирувањето на обврските кон меѓународните кредитори. Две недели после ова, официјална Атина повторно пропушти исплата на рата од долгот кон ММФ, во висина од 456 милиони евра.
Реакцијата на ММФ тогаш беше замрзнување на пристапот до своите средства, како и до тековните финансиски програми на Фондот кои се наменети за Грција.
Сепак, Атина на 20-ти јули плати две милијарди евра од долгот кон ММФ, бидејќи доби кредит за премостување од Европската унија. Претставници на ММФ, Европската комисија и Европската централна банка моментално престојуваат во Атина поради изработката на деталите од третиот пакет на помош за Грција./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Трета жртва од тешката сообраќајка во Сремска Митровица – почина за време на операцијата

Уште едно лице загинало по сообраќајната несреќа што се случи денес во Сремска Митровица, кога автобус се преврте и излета од патот. Ова е третата жртва на ужасната сообраќајна несреќа.
Како што објави „Н1“, лицето загинало за време на операцијата.
Како што претходно беше објавено, возачот на автобусот е приведен и во притвор до 48 часа.
Повредени се околу 80 лица. Причините за несреќата засега не се познати.
Регион
Вучиќ: Србија ќе се приклучи на развојот на руската вакцина против рак

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека разговарал со Александар Кецман, директор на Институтот „Гамалеја“ во Москва, кој го информирал дека во Русија се развива вакцина против рак.
„Ми објаснија одредени работи. Имаме голем процент на заболени од рак. Оваа вакцина е поинаква, бидејќи им помага на веќе болните луѓе — не е превентивна. Може да биде успешна до 85 проценти,“ рече Вучиќ.
Тој додаде дека Србија ќе се вклучи во проектот веднаш штом Русија го дозволи тоа:
„Ќе подготвиме целосна инфраструктура за да бидеме спремни за два до три месеци. Не можеме уште да ја произведуваме, но ќе направиме сè за да бидеме подготвени.“
Вучиќ нагласи дека во Србија има повеќе случаи на малигни заболувања отколку во другите земји, што, според него, е поврзано со последиците од бомбардирањето во 1999 година.
Регион
Возачот на автобусот приведен по тешката несреќа кај Сремска Митровица: две жртви и 80 повредени

Возачот на автобусот кој денеска се преврте кај Сремска Митровица е приведен и му е одредено задржување до 48 часа, соопшти српското Министерство за внатрешни работи (МУП), пренесе „Н1“.
Во несреќата загинаа две лица, а околу 80 се повредени. 35 повредени лица се згрижени во Општата болница во Сремска Митровица, една личност е пренесена во Клиничкиот центар на Војводина, а уште една е во операциона сала. За останатите се врши дијагностика.
Автобусот на компанијата „Сирмиум бус“, кој превезувал работници од фирмата „Хелткеар“, излета од патот и се преврте на кров од засега непознати причини. Несреќата се случи околу 14:45 часот.
Полицијата го затвори патот и не дозволува пристап до местото на несреќата, а на лице место излезен е и јавен обвинител за да ја утврди причината за трагедијата.