Регион
Поглавјето 35, клучно за текот на преговорите меѓу Србија и ЕУ

Според преговарачките позиции на Брисел околу „косовското поглавје“, односно поглавјето 35 кое Србија го отвори во понеделникот, од земјата не се бара признавање на независноста на Косово, ниту пак правнообрзувачки договор за нормализација на односите со Приштина, коментираат српските медиуми.
Најголемата „замка“ на платформата на ЕУ за ова поглавје е можноста за „замрзнување“ на отворањето на нови или пак затворањето на веќе завршените поглавја, доколку напредокот во нормализацијата на односите меѓу Србија и Косово заостанува зад напредокот во другите области. Поглавјето 35 не е замена за дијалогот меѓу Белград и Приштина, а се однесува на нормализацијата на односите меѓу Србија и Косово.
Србија мора да ги исполни договорите кои ги постигнала со Приштина на 25-ти август годинава, како и оние од април 2013-та година, а кои се однесуваат на полицијата, правосудството и цивилната заштита, а Брисел, пак, двапати годишни ќе разгледува до каде е напредокот на Србија во ова поглавје.
Бенчмарковите во однос на ова поглавје, пак, можат да бидат прилагодувани или ажурирани во текот на преговорите. Доколку напредокот во нормализацијата на односите со Косово значајно заостанува зад напредокот во останатите преговорите и Србија не ги примени постигнатите договори со Косово, Европската комисија (ЕК) на сопствена иницијатива или барање на третина од земјите членки на ЕУ, во согласност со точката 25 од преговарачката рамка, ќе предложи „замрзнување“ на отворањето нови поглавја.
Преговарачите позиции на Брисел исто така предвидуваат Србија да престане со поддршката и финансирањето на српските структури на Косово, а општинската администрација ќе мора целосно да се усогласи со косовските закони. Поглавјето 35 исто така наложува целосна примена на косовскиот правен систем на северот. Исто така се бара и воспоставување на Заедницата на српски општини (ЗСО), во согласност со косовските закони и договорите од август од оваа година, како и транспарентност во финансирањето на ЗСО./крај/мф/бс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Црна Гора го прогласи 14 август за Ден на жалост поради смртта на војникот

Владата на телефонска седница одлучи задутре, 14 август, да го прогласи за Ден на жалост поради смртта на војникот, кој денес загина при превртување на цистерна додека помагаше во гаснење пожар.
Помладиот водник Дејан Божовиќ од Даниловград загина, а водникот Марко Иковиќ се здоби со тешки повреди при гаснење пожар во областа Кучи, во Црна Гора, објави Министерството за одбрана на Црна Гора.
Војската на Црна Гора, во соработка со надлежните органи, спроведува истрага за да се утврди причината и околностите на несреќата.
Регион
Објавен идентитетот на војникот кој загина во Црна Гора кога се преврте цистерна за гаснење пожар

Помладиот водник Дејан Божовиќ од Даниловград загина, а водникот Марко Иковиќ се здоби со тешки повреди при гаснење пожар во областа Кучи, во Црна Гора, објави Министерството за одбрана на Црна Гора.
Помладиот водник Божовиќ бил припадник на 1-ви пешадиски баталјон, оженет и татко на четири деца. Тој бил во Армијата од 2006 година и бил митралезец на 120-милиметарски минофрлач.
Повредениот водник Иковиќ, исто така припадник на 1-ви пешадиски баталјон, бил лекуван и префрлен на медицинска помош. Тој има сериозни повреди, но во моментов е во стабилна и свесна состојба.
Војската на Црна Гора, во соработка со надлежните органи, спроведува истрага за да се утврди причината и околностите на несреќата.
Фото: Принтскрин
Регион
Додик ја откупи едногодишната затворска казна

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, ги исплати парите што ги искористи за замена на едногодишната затворска казна што ја доби по конечната пресуда за непочитување на одлуките на високиот претставник, објави Кликс.ба.
„Одлучувајќи по барањето на одбраната на осудениот Милорад Додик за замена на изречената затворска казна со парична казна, Судот, во согласност со законските прописи, донесе одлука со која, по изјавата на Обвинителството на БиХ, беше усвоен горенаведениот предлог на одбраната, а затворската казна на осудениот Милорад Додик беше заменета со парична казна“, соопшти Судот на БиХ.
Додик платил 36.500 КМ 18.662 (евра), или 100 КМ за секој од 365-те дена што требало да ги помине зад решетки.
Покрај затворската казна, на Додик му е забрането и политичко дејствување во траење од шест години. Поради овој дел од пресудата, Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина му го одзеде мандатот како претседател на Република Српска.
Одлуката на Комисијата денес ја прими неговиот адвокат, Горан Бубиќ, кој поднесе жалба. Се очекува одлуката на Жалбениот совет да биде објавена следната недела.
фото: принтскрин