Свет
На милиони луѓе во Зимбабве им се заканува глад, ОН бара итна помош

ОН упатија итен повик за помош на Зимбабве, предупредувајќи дека помошта е потребна за повеќе од еден милион луѓе, односно една третина од тамошната популација, пренесе Би-би-си.
Светската програма за храна (СПХ) упати барање за помош за Зимбабве во износ од 331 милион долари во моменти додека земјата се бори со последиците од сушата, циклоните и економската криза.
„Соочени сме со суша каква долго време не сме виделе“, изјави Дејвид Бисли, првиот човек на СПХ, кој додаде дека околу 2,5 милиони луѓе веќе се на работ на глад. Сушата доведе и до раст на цените на храната.
Проблеми во Зимбабве донесе и циклонот Идаи, кој ја погоди земјата на почетокот на годината. Огромно невреме тогаш зафати делови од Малави и Мозамбик.
ОН првично бараше 294 милиони долари помош за Зимбабве, но сега најави дека ќе бидат поитребни повеќе пари, за да се реши проблемот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
LG подготвува решенија за ладење на центри за податоци за вештачка интелигенција во Саудиска Арабија

Јужнокорејската компанија LG Electronics објави дека потпишала договор со инженерската фирма DATAVOLT за развој на решение за ладење за нов центар за податоци за вештачка интелигенција во Саудиска Арабија.
Центарот за податоци ќе биде изграден во Оксагон, индустрискиот центар на амбициозниот проект Saudi NEOM City.
Според меморандумот за разбирање, LG ќе испорачува технологии за термичко управување, вклучувајќи големи „ладилници“ и системи за дистрибуција на течноста за ладење.
Јужнокорејската компанија забележува дека партнерството е усогласено со пошироката стратегија „One LG Solution“, која ја користи експертизата од сите подружници на LG Group и отвора врата за соработка со LG Energy Solution за системи за батерии и LG CNS за дизајн, изградба и работење на центри за податоци.
DATAVOLT е со седиште во Саудиска Арабија и се фокусира на изградба на масивни центри за податоци напојувани од обновлива енергија и алтернативни горива. Се очекува центарот за податоци со вештачка интелигенција во Оксагон да биде меѓу најголемите и најсофистицираните во Саудиска Арабија.
Коментирајќи го договорот со DATAVOLT, извршниот директор на LG Electronics, Вилијам Чо, го истакна „огромниот потенцијал на Блискиот Исток и Африка“.
Блискиот Исток нуди богатство од деловни можности за владите и компаниите благодарение на реструктуирањето на индустријата и големите проекти за развој, додаде Чо.
фото: принтскрин
Свет
(Видео) Воз удри во автобус во Мексико Сити, најмалку осум мртви: објавена е снимка

Воз се судри со двокатен автобус северозападно од Мексико Сити рано наутро во понеделник по локално време, при што загинаа најмалку осум лица, а 45 се повредени, соопштија властите.
Агенцијата за цивилна заштита на државата Мексико на Икс соопшти дека службите за итни случаи сè уште се на местото на несреќата во индустриска зона.
Не се објавени детали за тоа како се случила несреќата.
MEXICO CITY (AP) — A train slammed into a double-deck bus northwest of Mexico City early Monday, killing at least eight people and injuring 45, authorities said. pic.twitter.com/uJ0sJRLqRq
— AZ Intel (@AZ_Intel_) September 8, 2025
Снимката од безбедносните камери од железничката несреќа се појави на социјалните мрежи.
фото: принтскрин
Европа
Ќе се обидеме сами да произведеме патнички авион со широк труп, велат Русите

Русија планира да развие сопствен патнички авион со широк труп, бидејќи плановите за заедничко производство со Кина сè уште не се спроведени, изјави шефот на Ростек, Сергеј Чемезов.
„Кинезите одлучија дека засега ќе го произведуваат сами. Ќе се обидеме и ние да произведуваме наш сопствен авион. Откако ќе го произведеме моторот PD-35, ќе изградиме наш сопствен авион со широк труп“, им рече Чемезов на новинарите во Самара.
Русија и Кина разговараа за заедничкиот развој на руско-кинескиот широкотрупен патнички авион CR929 и во 2014 година потпишаа договор за соработка. Основана е Кинеско-руската меѓународна корпорација за комерцијални авиони (CRAIC), која стана главен оператор на проектот.
Комерцијалните испораки требаше да започнат по 2025 година, но пандемијата на Ковид ги принуди партнерите да го одложат рокот за 2028 или 2029 година. Нова пречка беа западните санкции врз Русија, кои го променија форматот на соработка. Кина го презеде проектот, а Русија стана договорен производител само на одредени делови од авионот.
„Го променивме форматот на учество во проектот, па затоа се потребни соодветни промени и во меѓувладините документи. Со други зборови, приближно како во проектот за хеликоптери, односот ги вклучува клиентот и подизведувачот“, објасни првиот вицепремиер на Русија Денис Мантуров пред новинарите во мај 2024 година.
фото: принтскрин