Црна хроника
Загина мотоциклист од Лозово, го удрил автобус

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи во вторник попладне на регионалниот пат Велес – Штип животот го загуби 43-годишниот Зоранчо Ј. од Лозово.
Според првичните информации од полицијата несреќата се случила при судир на автобус и мотоциклистот, јавува „Лисица“.
За да му се помогне на повредениот Зоранчо и побрзо да дојде до лекарска помош од местото на несреќата кон велешката болница бил транспортиран со автомобил.
Неколку километри потоа кога комбето на Итната медицинска служба и автомобилот се сретнале тој бил префрлен во возилото на Итната медицинска служба, каде му била пружена лекарска помош но поради сериозноста на повредите тој починал на пат кон болницата./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Селанецот во Кривопаланечко убиен, па запален за 100 евра, зад убиството стојат двајца млади браќа

Двајца браќа се осомничените за убиството во Луке, кривопаланечко.
Тие се на возраст од 20 и 25 години, а убиениот е нивен соселанец.
Обвинителството за деталите од истрагата соопшти дека ноќта меѓу 24 и 25 март двајцата се договориле да извршат кражба во домот на жртвата. Помладиот брат го разбудил оштетениот и го извел надвор со изговор дека сака од него да купи ракија.
Во дворот го удрил со мотика по главата, па двајцата заедно го влечеле и му нанеле уште неколку удари со предмет.
„Со пребарување по џебовите од жртвата одзеле 6.000 денари кои си ги поделиле, по што ги пребарале куќата и помошните простории. На крај телото го полеале со бензин и нафта и го запалиле, па го фрлиле во дупка покрај реката и го покриле со дрвја и камења“, велат од Обвинителството.
По предлог на јавниот обвинител, Основниот суд во Куманово одреди мерка притвор за двајцата осомничени, кои до целосното расчистување на настанот беа обезбедени со мерка краткотраен притвор во траење од 48 часа.
Црна хроника
Демнат измами на телефон – го излажал дека ќерка му прегазила луѓе и барал 1.300 евра за да не оди во затвор

Измамите по телефон за лажните сообраќајки не стивнуваат. Најнова жртва е 77-годишен старец од кој биле земени 1.300 евра.
Според информациите на МВР, вчера во полиција, 77-годишен маж од скопско село пријавил дека бил измамен од едно машко лице за сума од 1300 евра.
Според пријавеното, лицето му се јавило телефонски и му кажало дека неговата ќерка предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила неколку лица и доколку не сака таа да лежи во затвор требало да плати. Како што е пријавено, тој парите ги оставил на договореното место, а откако се слушнал со неговиот зет, сфатил дека бил измамен.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На подрачјето на СВР Скопје изминатиов период регистрирани се повеќе кривични дела „измама“, кои се извршени врз повозрасни лица.
Сторителите ги доведуваат во заблуда лицата на тој начин што им се јавуваат телефонски и им се претставуваат како службени лица, најчесто полициски службеници и од нив бараат финансиски средства за ослободување од кривичен прогон на нивни деца или внуци кои, наводно, непосредно пред јавувањето направиле сообраќајна несреќа со смртни последици.
Измамниците ги контактираат жртвите најчесто на фиксен телефон, но има случаи каде што се контактирани и преку мобилен телефон со скриен број, а за да бидат поуверливи во позадина се слуша женски глас кој бара помош.
Црна хроника
Уапсен скопјанец во Тетово: возел со 2,15 промилa алкохол во крвта

Вчера во 14.10 часот на улица „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода 42-годишниот Б.Д. од Скопје.
При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, кое Б.Д. го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека му биле измерени 2,15 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.