Црна хроника
Нова кражба на скапоцен накит во Кан

Две засега неидентификувани лица со измама во четвртокот ноќта украле накит во вредност од 72 илјади евра во една од продавниците за скапоцености на славното шеталиште Кроазета во Кан, пишува во петокот електронското издание на дневниот весник Nice-Matin.
Кратците однеле со себе прстен накит опточен со трикаратен дијамант. Според сознанијата крадците во златарницата „Korloff“ биле маж и жена коишто се преправале дека се клиенти. Други детали не се обајвени.
Француските медиуми нагласуваат дека кражбите на скап накит ова лето на францускиот Азурен брег алармантно зачестија. Само пред два дена беше пријавена кражбата на прстен со дијамант во уточнета вредност од 80 илјади евра во златарницата во познатиот хотел „Gray’s Albion“.
Претходно во јуни при крајот на филмскиот фестивал во Кан во текот на забава со ѕвездите исчезна дијамантски ѓердан вреден 2,6 милиони долари, на јувелирската компанија „De Grisogonо“, а претходно во мај крадците украдоа скапоцени камења кои се проценети на 1,4 милиони американски долари од швајцарската јувелирска компанија „Chopard“.
Меѓутоа, најмногу одекна кражбата од крајот на јули кога од луксузниот хотел „Carlton“ од изложбата на руско-израелската куќа за дизајнирање накит „Leviev“, еден маж, под закана со оружје украде накит со дијаманти проценет на 136 милиони долари./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.