Македонија
Адвокатите бараат одложување на „Титаник“ поради „Рекет“, судијата одби

Адвокатот Петар Василев, кој е бранител на обвинети во случајот „Титаник”, побара одлагање на денешното рочиште за предметот „Титаник“ поради случајот „Рекет” и оставката на Катица Јанева, но судот не дозволи.
„Новонастаната ситуација сметам дека е доволна причина да се одложи денешното рочиште. Нема никаква намера за одолговлекување. Чисто како можност за предметот и правдата да се расчистат некои работи. Алудираме и на оставката од Катица Јанева“, рече адвокатот Петар Василев.
Според судијата Шабани, нема законски пречки да се откаже судењето каде се изведуваат докази.
„Зборуваме за предмети што се во надлежност на друго обвинителство. Што ќе се докаже и што ќе се случи, ќе видиме. Нема законски пречки за одржување”, рече судијата Осман Шабани.
На судењето дојде и обвинителката Лиле Стефанова од СЈО. Присутни се и сите обвинети, а дел од нив имаат нови бранители поради летните одмори.
На почетокот судијата Осман Шабани соопшти дека тој не добил решение дека Миле Јанакиески е во куќен притвор. Јанакиески за разлика од минатиот пат, сега е донесен на судењето.
Последното рочиште за овој предмет не се одржа, а беше закажано за 26.06. Обвинетите се товарат за изборни нерегуларности, а на рочиштето се изведуваат докази.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Прекинато водоснабдување во дел од Општина Карпош

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на шибер од ф – 80 мм на ул. Руѓер Бошковиќ бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците лоцирани на потегот од бул. Осми Септември до раскрсница со ул. Никола Тесла. (општина Карпош).
Македонија
Мицкоски ќе се сретне со Орбан во Будимпешта

Премиерот Христијан Мицкоски в петок ќе присуствува на CPAC конференција во Будимпешта, Република Унгарија, соопшти владината прес-служба.
Мицкоски во рамки на посетата ќе се сретне со унгарскиот премиер, Виктор Орбан.
Македонија
Сојузниците од НАТО треба да трошат по 5 отсто од БДП за одбраната, му рекол Рубио на Муцунски

Државниот секретар на САД, Марко Рубио на средбата со шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски, нагласил дека е неопходно сојузниците во НАТО да дадат поддршка и да постигнат 5 отсто издвојување за одбраната, соопшти Стејт Департментот во соопштение по средбата.
Двајцата ја потврдиле силната врска меѓу Соединетите Американски Држави и Северна Македонија и ги истакнале заедничките интереси во однос на регионалната стабилност, економската соработка и НАТО.
Тие разговарале и за можностите за проширување на економската соработка, вклучувајќи ја трговијата и инвестициите.
Муцунски по средбата соопшти дека е потврдено стратешкото партнерство со САД, а нашата држава продолжува да дава активен придонес како кредибилен сојузник, со инвестиции повеќе од 2 отсто од БДП во одбранбениот сектор.