Црна хроника
Изминатите три дена 121 возач возеле побрзо од дозволеното

Во текот на изминатите денови (9, 10 и 11.08.2019) на подрачјето на Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 121 возач управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 78 возачи од кои: осум возачи затоа што управувале возило под дејство на алкохол и 70 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување моторно возило.
Исто така, исклучени од сообраќај биле 63 возила од кои едно возило бидејќи било технички неисправно и 62 возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се 13 возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, девет возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, еден возач поради неправилно престројување, осум возачи поради неправилно престигнување, еден возач поради недавање првенство на минување на возила во зона на крстосница, тројца возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 15 возачи поради користење мобилен телефон при управување на возило.
Во однос на пешаците санкционирани се двајца пешаци. Во текот на изминатите денови издадени се 278 мандатни платни налози.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен 20-годишен тетовец, уценувал малолетничка да му даде пари за да не објави експлицитни фотографии

Вчера во 14 часот во Тетово полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода 20-годишниот Р.Р. од Тетово поради основи на сомнение дека уценувал малолетничка од тетовско.
Имено, околу 12 часот во СВР Тетово тој бил пријавен од страна на 45-годишна жена и нејзината малолетна ќерка од тетовско село дека ја уценувал малолетничката, со која бил во љубовна врска претходните три години.
Тој во текот на 2025 година неколку пати побарал од малолетничката пари за да не објави нејзини експлицитни фотографии на социјалните мрежи.
Пријавителката во два наврати му дала вкупно 800 евра, но тој продолжил со уцените. Р.Р. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 259 став 1 од КЗ.
Црна хроника
Уапсен маж од Кавадарци, возел под дејство на алкохол

Вчера во 19.20 часот на улицата „Страшко Пинџур“ во Кавадарци полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата го лишиле од слобода 43-годишниот Л.Т. од Кавадарци.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „пежо” со кавадаречки регистарски ознаки, кое го управувал Л.Т. и по преземени мерки било констатирано дека бил под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1,77 промили алкохол во крвта.
По документирање на случајот, ќе биде поднесена пријава по член 297-а од КЗ.
Топ
Уапсен скопјанец, подметнал пожар во Ѓорче Петров

Вчера вечер, полициски службеници од СВР Скопје на територија на Ѓорче Петров го лишија од слобода 57-годишниот Д.Н. од Скопје поради основи на сомнение дека околу 21.40 часот подметнал пожар односно запалил сува трева во тревникот на улицата „Стево Црвенковски“ во Ѓорче Петров.
Д.Н. бил забележан од граѓанин, кој пријави во СВР Скопје, а полициски службеници веднаш преземаа мерки и активности и сторителот е лишен од слобода.
По документирање на случајот, против Д.Н. ќе биде поднесена соодветна пријава.