Свет
Сè повеќе муслимани се откажуваат од својата вера
Во Австрија моментално поголем број луѓе излегуваат од исламот отколку што преминуваат во оваа вера, покажуваат новите податоци на исламската верска заедница во Австрија.
Конкретно до август биле забележани 197 излегувања од верата, а во исто време само 49 преминале во ислам.
Најголема група од оние кои излегле од исламот се со потекло од Авганистан и Иран. Преминувањето во друга вера во Авганистан и Иран се третира како предавство кон својата вера и за тоа се заканува животна опасност, преминувањето во друга вера има важна улога во процесот на донесување одлуки за добивање азил во Австрија.
Излегувањето од исламска вера во Австрија е само формален акт. Што се однесува до лицата кои преминуваат во Ислам, пред сè се работи за Австријки кои се мажат за муслимани.
Во Австрија моментално живеат околу 700.000 припадници на муслиманска вероисповед и тој број од 2000 година двојно е зголемен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп најави дека ќе го смени името на Мексиканскиот залив: „Американски Залив звучи убаво“
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп одби да ја отфрли можноста за воена или економска акција како дел од неговата желба САД да ја вратат контролата врз Панамскиот канал и да го преземат Гренланд, најголемиот остров во светот, кој е под данска власт.
Запрашан на прес-конференција за избегнување употреба на воена или економска принуда во Панама и Гренланд, Трамп одговори: „Не, не можам да ве убедам во ниту едно од нив. Но, можам да го кажам ова, ни требаат за економската безбедност“.
Неочекуваната изјава на Трамп доаѓа две недели пред тој повторно да влезе во Белата куќа на 20 јануари. Трамп, исто така, најави дека ќе го смени името на Мексиканскиот залив во Американскиот залив и ги повтори своите ветувања дека ќе воведе тешки царини за Мексико и Канада.
„Зафаќа голема територија. Американски залив звучи убаво“, истакна тој.
Прес-конференцијата на Трамп, негова втора по победата на изборите на 5 ноември, се одржа ден откако Конгресот ја потврди неговата изборна победа.
Свет
Трамп: Членките на НАТО треба да трошат 5 отсто за одбрана
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денеска изјави дека земјите од НАТО треба да потрошат пет отсто од својот бруто домашен производ (БДП) за одбрана, во споредба со сегашната цел од два отсто.
„Секој може да си го дозволи тоа, но тие треба да бидат на 5 отсто, а не 2 отсто“, рече тој за време на прес-конференцијата во неговото одморалиште Мар-а-Лаго на Флорида.
„Јас сум тој што ги натера да платат 2 отсто“, продолжи тој.
Трамп, кој се враќа во Белата куќа на 20 јануари, долго време беше критичар на НАТО, тврдејќи дека многу европски членки не сакаат да плаќаат за сопствената одбрана, туку се потпираат на американските даночни обврзници.
Свет
Волстрит журнал: Америка во преговори со Талибанците за размена на затвореници
Администрацијата на Бајден преговара со Авганистан за размена на Американците притворени во земјата за најмалку еден затвореник од висок профил во заливот Гвантанамо, наводно поврзан со поранешниот лидер на Ал Каеда, Осама бин Ладен, објави Волстрит журнал.
Претставниците на Белата куќа и Стејт департментот на САД не одговорија веднаш на барањето за коментар за извештајот. Претставниците на авганистанските талибанци, исто така, не реагираа.
Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден бара враќање на тројцата Американци уапсени во 2022 година – Рајан Корбет, Џорџ Глезман и Махмуд Хабиби – во замена за Мухамед Рахим ал Авгани, објави ВЖ.
Корбет и Хабиби беа приведени во одделни инциденти во август 2022 година, една година откако талибанците го зазедоа Кабул поради хаотичното повлекување на САД. Глезман беше уапсен подоцна во 2022 година додека бил на туристичка посета.
Преговорите се водат од јули, според весникот, кој цитира извори кои присуствувале на доверлив брифинг минатиот месец на Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом со советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан.