Македонија
СДСМ: Јанушев не одлучува кој ќе сноси одговорност, си има надлежни за тоа
Дали треба притвор и кој ќе сноси одговорност не е тема на која Јанушев одлучува, за тоа си има надлежни институции. Игор Јанушев од белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ е осомничено лице за злоупотреба на службена положба и овластувања во предмет од СЈО „Дизајн“ и токму тоа е показател за вистинските намери на оваа очајна партија која се плаши од правдата, соопшти СДСМ.
„ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски имаат единствена агенда на политичко делување: преку конструкции да ја урнат правната држава, да ги загрозат реформите и напредокот во интеграциите. Лицата кои се на снимките се директно поврзани со ВМРО-ДПМНЕ, лицата како Орце Камчев, Зоран Кичеец, но и други за кои се водат истраги, исто како и лицата кои ги објавуваат материјалите.
Нема да успеат обидите на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ преку претставување на тајкуните и криминалците како жртви да ја оддалечат државата од влез во НАТО и започнување преговори со ЕУ. Очајните обиди на ВМРО-ДПМНЕ нема да успеат, отворените постапки против раководството на ВМРО-ДПМНЕ нема да пропаднат како што сонува Мицкоски.
Напротив, сите отворени предмети мора да се расчистат до крај. Сите предмети како: Титаник, Тврдина, Таргет, Транспортер, ТНТ, Титаник 2, Тортура, Тврдина 2, Насилство во Центар, Трезор, Топлик, Тендери, Тарифа, Тенк, Труст, Триста, Тотал, Траекторија, Талир, Империја, Странски служби, Актор, Лидери, Тарифа 2, Транспортер 2, Моќник, Дизајн, Поштенска банка, Пропаганда, Империја 2, Хармонија, Базни станици, Подарок и еден куп други мора да добијат правен епилог, а оние кај кои ќе се утвурди вина, да сносат одговорност.
Тоа важи и за актуелниот случај кој треба брзо да се разреши и секој, од прв до последен, кој е поврзан мора да одговара, вклучително и тајкуните на режимот“, велат од СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

