Контакт

Македонија

Спасовски: Потребна е брза и ефикасна истрага за „Рекет“

Објавено пред

Потребна е брза и ефикасна истрага и изведување пред лицето на правдата на секој кој бил инволвиран во случајот „Рекет“ и воопшто во кој било случај, со цел да се поразат криминалците, оти нема друг избор за напредок на државата, смета министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

dobivaj vesti na viber

Одговарајќи на новинарско прашање, Спасовски рече дека моралните, етички вредности на еден човек не ги прават функциите туку напротив тие вредности мора да се преточат во раководењето со одредена институција.

„Апсолутно мораме да имаме брза, ефикасна истрага, изведување пред лицето на правдата на секој еден којшто бил вмешан во кој било случај со цел криминалот и корупцијата конечно да го добие тој удар којшто ѝ е потребен, а на тој начин да ја вратиме надежта и кај граѓаните и кај институциите, довербата во институциите заради тоа што ова е битката што не смее да ја изгубиме. Или ќе застанеме сите чесно и одговорно заедно и ќе ја извојуваме битката против криминалот и корупцијата и ќе кажеме дека сме способни дека сите заедно успеваме, за што се боревме долги години да ги поразиме криминалците, да ги поразиме арамиите, оти друг избор немаме за напредок на државата“, вели Спасовски.

Во врска со соработката на МВР со обвинителството во делот на истрагите, Спасовски истакна дека таа се одвива континуирано за секој еден случај во државата и оти сега е моментот во којшто битката против криминалците во државата треба да се добие.

„Секако тука државните институции имаат најголем удел, тие се најодговорни и сите заедно со обвинителството, со судиите мораме да постигнеме резултати. Затоа треба секој еден којшто е за правдата во државата којшто е чесен, одговорен да се издвојат и во судството и во обвинителството. Мислам дека сега е еден добар момент сите заедно енергично да се спротивставиме на секаков вид криминал. МВР и јас лично ќе стоиме на располагање да помагаме, односно да ги преземеме сите мерки со коишто ќе бидеме задолжени од ЈО од надлежниот суд со цел да биде задоволена правдата“, вели министерот за внатрешни работи, Спасовски.

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да го праша Филипче дали се живее лошо во Македонија и од каде му се парите за забави на јахта со Заев

Објавено пред

СДС пред да зборува за економските политики и за тоа како се живее во државата, нека го праша Филипче како живее, бијдеќи тоа што го збори СДС, а Филипче го прави не соодветствува едно со друго, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на која СДСМ побара покачување на минималната плата и платите во сите сектори.

dobivaj vesti na viber

„Нека каже Филипче како со лекарска и пратеничка плата, се стига до јахти, облакодери и акции во авиокомпании, па да ја раководиме економијата на државата во тој правец. Секако, ако е легално и законски начинот на кој ги заработил парите.

Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи. Од земја на раб на банкрот, зголемени сметки, плати кои стагнираат и не се исплаќаат во време на СДС, за една година го сменивме начинот на живеење. Сега, граѓаните имаат повисоки плати, пензии, нови работни места, земјоделците добиваат субвенции.

Разликата е јасна. Со СДС се крадеше, а сега со ВМРО-ДПМНЕ се градат темелите на промените“, се додава во партиската реакција.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Владата да ја покачи минималната плата на 500 евра, порача СДСМ

Објавено пред

Филмските изјави на премиерот Христијан Мицкоски за наводен раст на платите од 11 до 13 проценти месечно се најголемо потценување и навреда за граѓаните, обвини портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

dobivaj vesti na viber

„Мицкоски сака да каже дека платите во последните месеци пораснале и до 110 проценти. Такви фантазии не постојат во македонската економија. Реалноста е спротивна – цените растат, а платите стагнираат“, рече Кузеска.

Таа посочи дека според официјалните податоци синдикалната кошница за четири месеци се зголемила за 3.473 денари, додека просечната плата пораснала за само 1.033 денари.

„Минималната плата во Македонија е најниска во регионот, додека во БиХ е 511 евра, во Србија 500, во Црна Гора меѓу 600 и 800 евра. Владата на Мицкоски не дозволува минималната плата да достигне 500 евра“, изјави таа.

СДСМ оценува дека Македонија тоне во сиромаштија, со БДП по глава на жител од 8.751 долар, далеку под европскиот просек.

„Филмовите на Мицкоски не ја плаќаат потрошувачката кошница. Владата мора веднаш да ги покачи платите и да го прифати предлогот на СДСМ за минимална плата од 500 евра и покачување во сите сектори“, додаде Кузеска.

Прикажи повеќе...

Македонија

Од 1,5 до 3,3 промили – пијани возачи приведени низ Македонија

Објавено пред

Вчера во повеќе градови во земјава полицијата приведе возачи кои управувале возила под дејство на алкохол, а двајца од нив предизвикале и сообраќајни несреќи.

dobivaj vesti na viber

Во Неготино, околу 12:10 часот, полициски службеници привеле 55-годишен возач на „рено“ со локални регистарски таблички, кај кого биле измерени 2,15 промили алкохол.

Во Кавадарци, пак, околу 22:30 часот, приведен е 24-годишен возач на „фолксваген голф“ со велешки таблички, кој учествувал во сообраќајна несреќа и кај кого биле измерени 1,58 промили алкохол.

Во Скопје, околу 00:45 часот на ул. „Цветан Димов“, полицијата го привела 49-годишен возач на „форд“, кој исто така учествувал во сообраќајна несреќа. Кај него биле измерени дури 3,30 промили алкохол во крвта.

Во Куманово, на бул. „Трета македонска ударна бригада“, околу 23:25 часот е приведен 48-годишен возач на „форд“ со 1,70 промили алкохол.

Во Битола, пак, околу 22:15 часот, полицијата го запрела 48-годишен возач од струмичкото село Баница, кој управувал „фиат“ со 1,82 промили алкохол во крвта.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ2 часа

Млада жена со перница се обиде да ја убие бабата на сопругот – ужас во Ѓорче

Скопското Обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишна жена осомничена за обид за убиство. Пред два дена, во...

Свет3 часа

„Ројтерс“ со детали за планот за ставање крај на војната во Украина

Русија би се откажала од помали делови од Украина, а Киев би препуштил поголеми делови од истокот на земјата  –...

Македонија3 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Фрчкоски добил 200 илјади евра од Еразмус+, наместо младите

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека пари од програмата Еразмус+, наменети за образовни проекти за младите, завршувале кај поединци блиски до СДСМ. Во...

Македонија3 часа

Влен: Османи 20 години гради кариера, без проекти за Чаир

Коалицијата „Влен“ го критикуваше Бујар Османи, наведувајќи дека во изминатите 20 години тој градел лична политичка кариера, но не реализирал...

Македонија5 часа

Повеќето пожари изгаснати, под контрола еден – ‘Јасен’ сè уште гори

До 8 часот утринава регистрирани се вкупно 27 пожари на отворен простор, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од...

Регион6 часа

Запален штаб, солзавец, шок бомби – масовни протести во Србија

Синоќа имаше смасовни протести во повеќе градови низ Србија, меѓу кои Белград, Ваљево, Милановац, Книќ и Нови Сад. Пред седиштето...

Македонија19 часа

(Вознемирувачко видео) Полицијата на раце носи жена што се обиде да се самоубие скокајќи во Вардар

Денеска (16.08.2025) околу 14 часот во СВР Скопје е пријавено дека во реката Вардар во Скопје, под мостот на ул....

Македонија21 час

Собранието не ги донесе измените и дополнувањата на Изборниот законик

Собранието денеска во рамки на 66. седница не ги донесе измените и дополнувањата на Изборниот законик со кои требаше да...

Македонија1 ден

Собранието одлучи по скратена постапка да бидат донесени измените и дополнувањата на Изборниот законик

Собранието денеска одлучи по скратена постапка да бидат донесени измените и дополнувањата на Изборниот законик, кои, меѓудругото, го регуралираат учеството...

Македонија1 ден

Им побарал 10.000 евра за да им среди во постапки во Кривичен и Апелационен суд во Скопје

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донел Наредба за спроведување истражна постапка против...

Македонија1 ден

Левица: Штрајкот во пералната на Клинички центар е аларм за распад на јавното здравство

Штрајкот на вработените во пералната на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ е аларм за целосен распад на јавното здравство, предупредуваат од...

Македонија1 ден

(Видео) Кога во пожар не може пинцгауер, гранка му е мајката: Ангелов со малку шега го покажа херојство на четата на Цветко од Рогачево

Со лопати, стапови, гранки во рацете и светилки на главите седуммина доброволци од Рогачево заедно со екипите на Дирекцијата за...

Македонија1 ден

Лажна дојава за бомба ноќеска на скопскиот аеродром

Ноќеска во 02:41 часот, на телефонскиот број за итни случаи 112 е добиена пријава за поставена бомба во авион кој...

Свет1 ден

Владимир Путин доби писмо од Меланија Трамп за киднапираните деца за време на војната во Украина

Сопругата на американскиот претседател Доналд Трамп, Меланија, го покрена прашањето за тешката положба на децата во Украина и Русија во...

Свет1 ден

Трамп и Путин се ракуваа, а во Украина се огласија сирени за воздушен напад преку руските беспилотни летала

Во Анкориџ, Алјаска, со надлетувања на борбени авиони, црвен тепих и слоганот „Стремеж за мир“, американскиот претседател Доналд Трамп го...

Свет1 ден

Трамп и Путин не постигнаа договор за прекин на војната во Украина

Претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин, не постигнаа договор за прекин на војната во Украина по...

Свет2 дена

(Видео) Прашањето за цивилите, возењето во лимузината и ракоплескањето во фокус во јавноста по стартот на средбата меѓу Трамп и Путин

За време на средбата во Алјаска, американскиот и рускиот претседател, Доналд Трамп и Владимир Путин, позираа пред собраните фоторепортери. Во...

Свет2 дена

(Видео) Трамп и Путин на историска средба во Алјаска, состанокот би можел да трае со часови

Претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин се сретнаа во Алјаска. Откако се поздравија, се ракуваа и...

Свет2 дена

Трамп: Европа нема да ми каже што да правам, ако состанокот со Путин не е добар – ќе си заминам

Американскиот претседател Доналд Трамп е на пат кон Алјаска каде што ќе има историска средба со рускиот лидер Владимир Путин....

Македонија2 дена

Поднесена кривична пријава против ексдиректорката од Демир Хисар за криење службени печати

Полицијата поднесе кривична пријава против поранешна директорка на средно училиште во Демир Хисар поради одземање или уништување службен печат или...