Европа
Камерон подготвен да соработува со Јункер
Британскиот премиер Дејвид Камерон изрази во понеделник изрази во понеделникот подготвеност за соработка со Жан-Клод Јункер, кој е именуван за претседател на Европската комисија, иако Велика Британија жестоко се противеше на изборот на поранешниот долгогодишен луксембуршки премиер.
Откако на самитот на Европската унија во петокот во Брисел загуби на гласањето за изборот на Жан-Клод Јункер за челник на Европската комисија, британскиот премиер Дејвид Камерон предупреди дека тоа е голема грешка којашто ќе го доведе во прашање останувањето на Велика Британија во ЕУ. Рече, исто така, дека поради именувањето на Јункер, ќе биде многу потешко да се реформира Унијата. Покрај Камерон, против изборот на Јункер гласаше уште само унгарскиот премиер Виктор Орбан.Меѓутоа во написот објавен во The Daily Telegraph во понеделникот, Камерон ја ублажува својата позиција. „Во текот на својата кампања Жан-Клод Јункер рече дека ќе има разбирање за позициите на Велика Британија и во својата програма се обврзува дека ќе работи на тоа да се постигне праведен договор со нашата земја“, наведува Камерон.„Ќе соработуваме со него. Доколку успееме да се договориме да не се движиме секој со своето темпо, кон истото место, тогаш постои можност за соработка“, истакнува натаму британскиот премиер. „Не се спротиставувам на поцврстата интеграција на еврозоната. Мислам дека таа е неизбежна. Членките на еврозоната мораат да донесат свои одлуки Но знам дека Британците не сакат да бидат во тоа“, размислува Камерон во продолжението на споменатиот напис.Камерон ги отфрла критиките дека поразот што го доживеа со изборот на Јункер му нанел „решавачки удар“ на неговиот план да ги редефинира британските односи со “У. „Не негирам дека тоа ја прави задачата потешка и ги поткрева влоговите. Но не е во карактерот на нашата земја да се откажува“, додава британскиот премиер. Претходно во неделата Камерон имал телефонски повик до Јункер да му честита на изборот и ја поздравил неговата подготвеноста „да се изнајде добро решение за велика Британија“. Истражувањето на јавното мнение чиишто резултати во неделата ги објави The Mail on Sunday покажа дека 47 отсто од Британците би гласале за излегување на земјата од Европската унија кога референдумот би се одржал сега, додека 39 отсто сакаат да останат во Унијата./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Германски министер: Дроновите во Белгија се порака да не се допираат замрзнатите руски средства
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денес посочи врска помеѓу неодамнешните инциденти со беспилотни летала во Белгија и дебатата за користењето на замрзнатите руски средства што ги поседува белгиската финансиска институција „Еуроклеар“ за финансирање на огромен заем за Украина.
Појавата на беспилотни летала над аеродромите и воените бази стана чест проблем во Белгија во последните денови и предизвика големи нарушувања низ цела Европа во последните месеци. Некои официјални лица рекоа дека инцидентите низ Европа претставуваат „хибридна војна“ на Русија. Москва негираше каква било поврзаност со инцидентите.
„Да, сите го гледаме тоа. И Белгијците исто така. Оваа мерка има за цел ширење несигурност и заплашување на Белгија: Не се осмелувајте да ги допирате замрзнатите средства. Ова не може да се толкува на друг начин“, им рече Писториус на новинарите на прес-конференција во Берлин.
Белгиското Министерство за одбрана одби да коментира неговите изјави, но рече дека „оваа можност веќе е покрената во Белгија“. Белгискиот премиер Барт де Вевер рече дека на неговата земја ѝ се потребни конкретни и цврсти гаранции пред да спроведе план за користење на замрзнатите руски средства за да ѝ помогне на Украина во борбата против руската инвазија.
Ставот на Белгија е клучен бидејќи белгиската финансиска институција Евроклер држи замрзнати руски средства. Белгискиот аеродром во Лиеж ги продолжи летовите откако привремено го прекина сообраќајот во понеделник поради забележан дрон, втор ваков инцидент оваа недела.
Дроновите забележани над аеродромите во главниот град Брисел и источниот град Лиеж пренасочија бројни летови и приземјија некои авиони што требаше да полетаат пред три дена. Белгиската влада вчера свика итен состанок на клучните министри и шефови на безбедносни служби за да разговараат за она што министерот за одбрана го опиша како координиран напад.
фото: принтскрин
Европа
Данска ќе ги забрани социјалните мрежи за децата под 15 години
Данска ќе ја забрани употребата на социјалните медиуми од страна на деца под 15 години, соопшти денес данската влада, но родителите ќе можат да дадат согласност за пристап до одредени платформи за деца на возраст од 13 години и повеќе.
Овој потег доаѓа откако премиерката Мете Фредериксен во говорот пред парламентот во октомври повика на ограничувања за користењето на социјалните медиуми од страна на децата поради загриженост за менталното здравје на младите. „Таканаречените социјални медиуми сè повеќе им го крадат времето, детството и благосостојбата на нашите деца, и ние сега ставаме крај на тоа“, изјави министерката за дигитализација Каролин Стејџ Олсен.
Повеќето партии во парламентот изјавија дека ќе го поддржат планот пред официјалното гласање. Snapchat, YouTube, Instagram и TikTok се најпопуларните платформи на социјалните медиуми за деца во Данска, соопшти владата.
Според анализата од февруари на Данскиот орган за конкуренција и потрошувачи, младите луѓе во нордиската земја поминуваат просечно 2 часа и 40 минути дневно на социјалните медиуми. Данска ја следи Австралија, која минатата година ги забрани социјалните медиуми за деца под 16 години.
фото: принтскрин
Европа
Зеленски: На Украина ѝ е потребна меѓународна помош за заштита на енергетската инфраструктура
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека на Украина ѝ е потребна меѓународна помош за да ја заштити својата енергетска инфраструктура од руски напади.
Зеленски во видео порака рече дека системите за воздушна одбрана и заштитата на енергетската инфраструктура се „највисоки приоритети со оглед на руските напади“.
„Всушност, нашите добавувачи на енергија, тимови за поправка и силите за цивилна одбрана се зафатени со обновување на областите по нападите секој ден“, рече Зеленски, апелирајќи за помош од меѓународната заедница.
Четврта зима од војната
Додека војната влегува во својата четврта зима, руската војска повторно систематски ги гранатира електраните и трафостаниците за да го прекине снабдувањето со електрична енергија, греење и вода на украинското население.
Укренерго соопшти дека во четврток повторно се планирани фазни прекини на електричната енергија низ целата земја за да се стабилизира мрежата.
фото: принтскрин

