Скопје
Шарената револуција повторно ќе блокира крстосници во Скопје
Огранизаторите на Шарената револуција во Скопје, секој ден одбројуваат до истекот на рокот кога Уставниот суд треба да се произнесе за уставноста на новоформираната институција Специјално јавно обвинителство, а тоа го прават на креативен начин, со испишување бројка заокружена со разни бои, пред најважните институции, или на мостот кој води кон јавното обвинителство.
Место стандардните протести секој ден во 18 часот пред СЈО, демонстрантите почнаа со герила акции, чиј интензитет варира во зависност од тоа како ќе одговори властa на поставените барања на граѓаните. Така за вторник планот еда се блокираат улици во Скопје, а се уште не е познато кои улици и крстосници и во колку часот ќе бидат блокирани, што дополнително ќе најават.До сега два пати беа блокирани крстосниците кај Црвен крст, Соборен храм и кај Судска палата, во 12 часот на пладне во траење од еден час.„Претстојните герилски акции ќе бидат со цел да се блокира и да се онеспособи системот што го брани режимот. Очекуваме и ги повикуваме граѓаните масовно да се приклучуваат во протестите и акциите- Претстојните герилски акции ќе бидат со цел да се блокира и да се онеспособи системот што го брани режимот. Очекуваме и ги повикуваме граѓаните масовно да се приклучуваат во протестите и акциите, кои ќе се организираат тековно и ќе заземаат најразлични облици во зависност од тоа како ќе се однесува владата“, најавуваат активистите.Барањата на активистите, за кои поставија рок да бидат исполнети до 18 јуни, се Уставниот суд да се произнесе за уставноста на Специјалното јавно обвинителство, да запре прогонот врз демонстрантите, да се ослободат досега приведените од Шарената револуција и да се повлечат кривичните пријави од МВР.Покрај овие две итни барања за кои поставија рок, граѓаните бараат и оставка од актуелната влада на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, формирање преодна влада која ќе создаде услови за фер избори, формирање специјално одделение во Кривичен суд за случаите под јурисдикција на СЈО, вклучување претставници на граѓанското општество во процесот на решавање на кризата, кризата да се решава на територијата на Република Македонија и оставка на претседателот Ѓорге Иванов./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Делови од Илинден, Аеродром, Чучер Сандево и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул. 27 во село Белимбегово, општина Илинден;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од бул. Видое Смилевски Бато бр. 8А, општина Аеродром;
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците кои се напојуваат од изводот кој започнува од Рибилимус и продолжува во правец на Горно и Долно Оризари, општина Чучер Сандево;
– во периодот од 11.00 до 15.00 часот, корисниците од село Бардовци лоцирани кај Машинац зградите, општина Карпош.
Македонија
(Фото) Герасимовски: Поставени сите уреди за мерење бучава – инспекциските служби вршат контроли на 30 локации во Центар
Општина Центар ја заврши првата фаза од воспоставувањето систем за мониторинг на бучавата во јавниот простор со поставување на вкупно 30 уреди за мерење на бучава на повеќе фреквентни локации низ општината.
Уредите се поставени на улиците: „Народен фронт“, „Наум Наумовски Борче“, „Орце Николов“, „Михаил Цоков“, „Славка Недиќ“, „Живко Чинго“, „Радњанска“, Бул. „Климент Охридски“, „Ленинова“, „Самоилова“, „Отон Жупанчиќ“, „Мирослав Крлежа“, „Ѓорѓи Пешков“, „Пиринска“, „Јордан Мијалков“, како и на Кеј „13-ти Ноември“.
Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, истакна дека уредите се наменети исклучиво за индикативни мерења и претставуваат значајна алатка за поддршка на инспекциските служби.

„Овие мерни единици не препознаваат гласови, туку ја мерат амбиенталната бучава во децибели и фреквенцијата на звукот. Со тоа овозможуваме побрза и поефикасна реакција на инспекциските служби и подобра заштита на јавниот ред и мир“, изјави Герасимовски.
Од општина Центар информираат дека податоците добиени од уредите за мерење на бучавата, служат како индикатор за дополнителна теренска контрола, а врз основа на нив не се покренуваат прекршочни постапки.
Инспекцијата за животна средина постапува согласно Законот за заштита од бучава во животната средина, при што санкции се изрекуваат исклучиво врз основа на официјални мерења извршени од акредитирана лабораторија.

Согласно член 56 од Законот, прекршочните санкции се утврдуваат според големината на правниот субјект и изнесуваат од 6.000 до 7.000 евра за микро, од 13.000 до 14.000 евра за мали и од 37.000 до 41.000 евра за средни правни субјекти.
Уредите се користат со посебен фокус на бучавата која потекнува од угостителски објекти и сообраќајот, со цел унапредување на квалитетот на живот и заштита на јавниот мир на граѓаните во Центар, соопштуваат од Општината.

