Европа
Хелмут Шмид: За политика се потребни само волја и цигари
Поранешниот германски канцелар Хелмут Шмид, кој почина во вторник на 96-годишна возраст, најпознат е по борбата со домашниот тероризам во седумдесеттите години од минатиот век, и по ставањето на економските темели за воведување на еврото.
Хелмут Хајнрих Шмид е роден во Хамбург, еден месец по завршувањето на Првата светска војна. Ја водеше западната половина на Германија, којашто во 1970-те години беше потресувана од тероризмот на RAF и во годините на блоковската идеолошка Студена војна меѓу капиталистичкиот Запад предводен од САД и комунистичките земји предводени од некогашниот Советски сојуз.Меѓу неговото трајно политичко наследство е еврото воведено во 1999 година, но чии темели ги положија Хелмуд Шмид и тогашниот француски претседател Валери Жискар Дестен кога дваесет години претходно ја основаа Европската монетарна унија.Шмид бил регрутирана во германската нацистичка армија во Втората светска војна и служел во тенковска дивизија на источниот фронт. Социјалдемократ станал во британски заробенички логор. Подоцна студирал економија и целиот живот го мина во политиката. Се оженил со својата љубов од детството Ханелопе уште во 1942 година и во брак со неа беа до нејзината смрт во 2010 година.Како политичар „без влакна на јазикот“ првпат е забележан како министер за внатрешни работи на градот-покраина Хамбург кога поради големите поплави на помош ја повика армијата. Со таа одлука веројатно спасил неколку стотици животи на своите сограѓани, но технички го прекрши тогашниот германски устав. Кога беше критикуван, одговори „Тие денови не гледав каде ми е уставот“.Неговиот директен и прагматичен пристап го водеше во подем и на сојузната и на свеската политичка сцена, но подоцна ги предизвика и идеолошките судири со колегите од владејачката коалиција. Кога западногерманскиот канцелар Вили Бранд во 1972 година мораше да поднесе оставка поради шпионски скандал и наводно минато во нацистичка Германија, неговиот веќе искусен министер за финансии Шмид ја презема канцеларската должност.Во првиот мандат се стекна со угледот на решителен државник, особено во надворешната и финансиската политика, беше коосновач на групата на седумте најразвиени земји Г7, и умееше да каже дека „карактерот се докажува во кризните периоди“.Кон крајот на 1977 година кога Германија се најде на ударот на терористите од групата Фракција на Црвените бригади (RAF), карактерот на Шмид беше ставен на искушение до крајните граници. Ги одби барањата на RAF да ги ослободи затворените терористи од затворите во замена за животот за грабнатиот претседател на германското здружение на работодавачите Ханс-Мартин Шлејер. Шлејер поради тоа беше убиен.Речиси истовремено беше грабнат и авион на германската воздухопловна компанија „Lufthansа“ со 86 патници и членови на екипажот .Шмид ѝ се обрати на јавноста и рече дека државата ќе одговори со „неопходната цврстина“. Им нареди на специјалните сили да упаднат во авионот на пистата и тогаш имаше повеќе среќа – беа ослободени сите патници.Неговата политика на прифаќање на нуклеарната енергија, јакнењето на војската и на НАТО, како и фаворизирањето на претприемништвото, го доведе во судир со левичарите во неговиот политички блок, што всушност претставуваше и почеток на неговиот политички крај.Во 1982 година, во неговиот трет канцеларски мандат, го загуби парламентарното мнозинство со преминувањето на либералите на страната на Христијанско-демократската унија (CDU) и шест месеци подоцна, откако Бундестагот му изгласа недоверба, на должноста шеф на владата го замени Хелмут Кол.Надвор од својот работен канцеларски кабинет, Шмид беше ценет и влијателен државник и натаму ревносно го заговараше еврото, беше надворешен уредник на неделникот Die Zeit и стана своевидна покровителска фигура на левиот центар.Хелмуд Шмид е автор на повеќе од 30 книги за надворешната и за внатрешната политика, често користејќи се со вродената духовитост за подбивање со модерните политички ега. Дури, како способен музичар, снимаше клавирски концерти од Моцарт и Бах.И во своите деведесетти години редовно гостуваше во политичките емисии. И, што е речиси неверојатно за човек со пејсмејкер, не се одвојуваше од цигарите. Пушеше и во јавноста и во телевизиските емисии во кои гостуваше, поставувајќи го како услов за своето учество, во рестораните – секаде каде што тоа е забрането. А полицијата едноставно одбиваше да го гони поранешниот канцелар. Еден од најпознатите такви случаи е кога како 94-годишник, Хелмут Шмид во едно телевизиско интервју испуши дури 13 цигари пред камерите. По најавите во 2013 година дека Европската унија ќе ги забрани цигарите со вкус на ментол, Шмид објави дека се погрижил за своите резерви – купил 200 штеки и ги чува во својот дом.Велеше дека за неверојатната политичка кариера, каква што беше неговата, биле потребни само две нешта – волјата и цигарите./крај/мф/сн
Извор: DPA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
„Фајненшл тајмс“: ЕУ формира нова разузнавачка единица под водство на Фон дер Лајен
Европската комисија започна со создавање ново разузнавачко тело под претседателката Урсула фон дер Лајен, во обид подобро да ги искористи информациите собрани од националните разузнавачки агенции, објави денес „Фајненшл тајмс“.
Единицата што ќе се формира во рамките на секретаријатот на Комисијата планира да регрутира службеници од целата разузнавачка заедница на ЕУ и да собира разузнавачки информации за заеднички цели, објави весникот, повикувајќи се на четири лица запознаени со плановите.
Ројтерс не можеше веднаш да го потврди извештајот.
фото: принтскрин
Европа
Русите велат дека спречиле голем украинско-британски заговор: „Сакаa да киднапираат ‘миг-31’“
Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) соопшти дека осуетила заговор на украински и британски разузнавачки службеници да ги убедат руските пилоти да украдат авион МиГ-31 вооружен со хиперсонична ракета Кинжал за 3 милиони долари, објавија државните медиуми.
Новинската агенција РИА го цитираше ФСБ како вели дека киднапираниот авион требало да биде пренасочен кон воздухопловната база на НАТО во романскиот град Констанца, каде што би можел да биде соборен од воздушната одбрана, соопшти агенцијата.
ФСБ, главниот наследник на КГБ од советската ера, вели дека Украина и Велика Британија планирале голема „провокација“ користејќи го киднапираниот авион и дека украинските воени разузнавачки службеници се обидувале да ги намамат руските пилоти за 3 милиони долари за да го украдат авионот.
„Преземените мерки ги осуетија плановите на украинското и британското разузнавање за голема провокација“, цитираше РИА функционер на ФСБ.
Државната телевизија емитуваше фотографии од пораки и снимки од човек за кој се вели дека работел за украинската и британската разузнавачка служба и му понудил 3 милиони долари на руски пилот да лета со МиГ до Европа и дека на пилотот му е понудено државјанство.
Рускиот Кинжал е балистичка ракета лансирана од воздух што Москва ја нарекува хиперсонична, способна за големи брзини и маневрирање на патеките на летот за да им го отежни на воздушната одбрана следењето и пресретнувањето.
Русија долго време ја смета Велика Британија за свој главен непријател. Москва го обвинува Лондон за поттикнување на војната во Украина, а британското разузнавање за помагање на Украина да започне серија операции длабоко на руска територија.
Велика Британија ја смета руската инвазија на Украина за империјално присвојување на земјиште. Лондон постојано предупредува дека руското разузнавање се обидува да посее хаос низ Велика Британија и Европа за да ја поткопа демократијата.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Украинците ја нападнаа Русија со дронови: погодена голема рафинерија за нафта
Рафинерија за нафта во рускиот град Саратов беше нападната од украински беспилотни летала во текот на ноќта, според објавите на локалните канали на Телеграм кои споделија снимки на кои наводно се гледаат експлозии во објектот.
Гувернерот на областа Саратов, Роман Бусаргин, потврди на Телеграм дека беспилотните летала оштетиле цивилна инфраструктура, но не кажа директно дали самата рафинерија била погодена. Руските медиуми објавија дека по инцидентот привремено се воведени ограничувања за летови на регионалниот аеродром.
Ukrainian attack drones just successfully struck Russia's Saratov oil refinery, setting the facility ablaze.
The refinery, owned and operated by Russia's Rosneft, processes about 7 million tons of crude oil per year. pic.twitter.com/9S9Qn45YfF
— OSINTtechnical (@Osinttechnical) November 10, 2025
Рафинеријата во Саратов произведува повеќе од 20 видови нафтени деривати, вклучувајќи бензин, дизел, мазут и битумен. Според податоците на украинскиот Генералштаб, во 2023 година фабриката преработила околу 4,8 милиони тони сурова нафта.
Саратов е важен индустриски центар, сместен на околу 150 километри од границата со Казахстан и приближно 600 километри источно од украинскиот фронт.
Инцидентот се случил во време кога Русија бележи серија слични експлозии и пожари во објектите на енергетската инфраструктура, а Москва сè повеќе ја обвинува Украина за напади со беспилотни летала врз цели длабоко на руска територија.
фото: принтскрин

