Скопје
Прв меѓународен турнир во екстремни спортови во Скопје

Првиот меѓународен турнир во екстремни спортови Скопје 2014 ќе се одржува од 02-ри до 04-ти октомври на Скејт паркот на кејот на Вардар.
Во четврток во 17 часот ќе се одржат квалификациите на скејтерите. На 3-ти октомври (петок), во истиот термин ќе се одржат квалификациите за натпреварувачите на ролери (блејдери), а в сабота, во 14 часот, на распоредот на турнирот се квалификациите на БМХ.
Финалето во скејтбордање, ролери и бмх ќе се одржи в сабота во 17 часот, кога најдобрите поделени во две групи од по три возачи, во пет обиди на вешти возења ќе се борат за освојување на првите три места.
На првиот Меѓународен турнир во екстремни спортови-Скопје 2014, ќе учествуваат возачи од Македонија, Хрватска, Србија, Косово и Велика Британија и тоа 17 возачи на скејт, 15 возачи на ролери и 20 возачи на бмх велосипеди.
Судиите на овој прв турнир од ваков тип во нашава држава, доаѓаат од Словенија, а еден од најдобрите судии е Изток Суматич, којшто е судија и на Олимписките игри за екстремни спортови.
Наградниот фонд е вкупно 1 050 евра. По 200 евра за прво, 100 евра за второ и по 50 евра за трето место во трите категории, односно скејт, ролери и БМХ, а во текот на одржувањето на Турнирот, ќе настапат и голем број ди-џеи.
Град Скопје, за одржување на овој настан издвои 100.000 денари од својот Буџет.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Извршена пролетна дератизација за уништување глодачи во општина Илинден

Како дел од „Програмата за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести“ од 2025 година, извршена е редовна пролетна дератизација за уништување на глодари на 1073 шахти. А во тек е и спроведување на дезинфекција на јавни објекти на површина од 3300 м2, меѓу кои е општинската зграда, како и домовите на култура на општина Илинден.
Во насока на спречување и сузбивање на заразни болести и инфекции, општина Илинден известува дека и во наредниот период ќе продолжи со примена на сите потребни мерки за заштита на населението.
Македонија
Јавен повик за финансиска поддршка на проектот „Прослава и животот на Горан Стефановски“

Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека Општина Центар објави јавен повик за финансиска поддршка за проектот „Прослава на животот на Горан Стефановски“, кој ќе се реализира на 27 април 2025 година во чест на роденденот на еден од најголемите македонски драматурзи.
„Горан Стефановски е еден од нашите најголеми културни творци и имаме обврска да го зачуваме неговото наследство, особено за помладите генерации. Овој проект е многу важен за Општина Центар и за македонската култура бидејќи преку организацијата на настанот ‘Горан е тука!’, покажуваме дека луѓето што оставиле голем белег имаат само датум на раѓање и во една друга уметничка форма се секогаш присутни во нашето општество. Роденденот на Горан Стефановски, 27 април, се одбележува од 2019 година, па така и овој април посветуваме внимание на легендата која потекнува токму од нашата општина, од срцето на Дебар Маало“, рече Герасимовски.
Проектите поддржани со овој јавен повик ќе бидат составен дел од Годишната програма за култура на Општина Центар за 2025 година и во согласност со тоа вкупниот износ на финансиската поддршка за проектот изнесува 300.000 денари.
Право на учество имаат сите здруженија, организации и правни субјекти што дејствуваат во областа на културата најмалку една година и се регистрирани со седиште на територијата на општина Центар.
Рокот за пријавување е 5 дена од денот на објавување на јавниот повик (26.3.2025) на веб-страницата на Општина Центар, а сите заинтересирани може да ги поднесат своите пријави и документација преку пошта или лично во архивата на Општина Центар – Скопје.
Пријавата за финансиска поддршка е достапна на веб-страницата на Општина Центар.
Македонија
Без струја денеска дел од Карпош, Сарај и Бутел

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од село Горно Нерези и Горни Крушопек, општина Карпош и општина Сарај;
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од ул. Призренска бр. 1, 2, 3, 6, 8, 9, 18, 22 и 53, општина Бутел.