Македонија
Арсовски: Ако Заев поседува докази, зошто не е повикан како сведок?

Како е можно премиерот на државата, кој не треба да се меша во судската власт, да поседува докази кога и тој самиот може да биде осомничен според видеоснимките што ги виде целата јавност, каде што и самиот тој ја споменуван од осомничените? Ова прашање го постави на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
Тој праша какви докази и за кого ги поседува премиерот.
„Зошто Заев, доколку поседува докази, не е повикан ниту за сведок, иако според видеата што ги виде целата јавност може да биде и осомничен во случајот „Рекет“? За кои случаи Зоран Заев има докази, дали можеби за рекетот кон бизнисмените или, пак, за рекетот кон зетот на Фијат Цаноски, кој можеби платил пари за да му се повлече обвинителен акт или можеби за некој нов случај за кој јавноста сè уште не знае? Иако знаеме дека биле рекетирани десетици бизнисмени и биле земени десетици милиони евра“, рече Арсовски.
Опозицијата прашува дали премиерот Зоран Заев свесно манипулира со доказите и преку своето влијание во судот сака да се заштити и тој самиот.
ВМРО-ДПМНЕ и на денешната прес-конференција укажа дека се неопходни предвремени парламентарни избори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Разрешен директорот на Клиниката за неврологија, проф. д-р Игор Кузмановски

Министерството за здравство информира дека министерот Азир Алиу денес донесе решение за разрешување на директорот на ЈЗУ Универзитетска клиника за неврологија, проф. д-р Игор Кузмановски.
„Во најкраток рок ќе биде именуван нов директор согласно законските процедури. Работата на Клиниката продолжува непречено“, известува Министерството за здравство.
Македонија
Завршена регионалната програма за сертификација на службени кучиња за мириси на производи

Во рамки на проектот „Поддршка на националните власти на државата во намалувањето на ризикот од пролиферација и злоупотреба на мало и лесно оружје“, успешно беше завршен процесот на Регионалната програма за сертификација на службени кучиња за мириси на производи – значаен чекор во зајакнување на регионалната безбедност и борбата против транснационалниот криминал.
На свеченоста по повод завршувањето на обуката, директорот на Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи, Александар Јанев, им додели дипломи на учесниците, нагласувајќи дека оваа програма претставува симболично, но и суштинско градење на мостови помеѓу институциите од целиот регион.
„Со шест модуларни обуки и создавање тимови подготвени да бидат на првата линија во борбата против криминалот, Регионалниот К9 центар се етаблира како водечка точка за обука и сертификација. Заедно вложуваме во безбедноста, стабилноста и иднината на регионот,“ истакна директорот Јанев.
Проектот е реализиран со поддршка на ОБСЕ, ФРОНТЕКС и донаторите, чија соработка и ангажман беа клучни за успешната имплементација на програмата.
Со ваквите активности, Министерството за внатрешни работи и Бирото за јавна безбедност ја потврдуваат својата посветеност на континуираното унапредување на капацитетите за справување со организиран и транснационален криминал, како и зајакнување на регионалната безбедносна соработка.
Македонија
Времето утре: променливо облачно со сончеви периоди

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието и во источните делови засилен северен ветер. Во североисточните подрачја ќе има услови за локален слаб дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12, а максималната ќе достигне од 11 до 21 степен.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Времето во наредните денови
До вторник времето ќе биде претежно стабилно со дневни температури малку под просекот за овој период од годината. Кон средината на следната седмица под влијание на влажна и посвежа воздушна маса ќе има услови за локални врнежи од дожд и опаѓање на дневната температура за неколку степени.