Црна хроника
Заложничка драма во Србија

Полицаецот Дејан Марковиќ, во понеделник вечер пукал во својата невенчана сопруга, Бранка Красавац, во семејната куќа во Липнички Шор, кај Лозница, а потоа како заложниици ги зел децата и нејзините родители, јавуваат српските медиуми.
Децата и родителите на Бранкица се пуштени во текот на вечерта, а Марковиќ до утрово сè уште е во куќата.
Ранетата жена со тешки повреди е пренесена во болница, каде и е стабилизирана состојбата и е надвор од животна опасност.
Синоќа, по расправија Марковиќ испукал кон Бранкица три куршуми, од кои едниот завршил во нејзината надлактица, а друг во вратот.
Полицијата од утрово се обидува да стапи во контакт со него, а куќата е опколена. Тој се затворил внатре синоќа околу 22 часот.
Полицијата до вечерта била во контакт со Марковиќ, но од тогаш тој немал никакви барања.Осомничениот Марковиќ со невенчаната сопруга има тригодишна ќерка која е безбедна.
Според зборовите на ранетата жена, која е пренесена во Ургентниот центар во Белград, Марковиќ е припадник на полицијата, но не е вработен во Лозница, туку во Белград./крај/б/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
17-годишник со „бмв“ излетал од патот во Велешко: повредени тројца малолетници

На 16.07.2025 околу 21.40 часот во СВР Велес е пријавено дека на ул.„Раштански пат“ во правец од с.Бузалково кон с.Раштани, велешко, патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 16-годишник од с.Бузалково, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил неговиот 17-годишен сопатник од с.Бузалково, а со телесни повреди се здобиле малолетниот возач и уште еден 16-годишен сопатник од с.Бузалково, констатирани во Општата болница Велес. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.
Топ
Возел со 3,15 промили алкохол во крвта, во полусвесна состојба: уапсен пијан скопјанец на патот Охрид-Кичево

Денеска (18.07.2025) околу 14 часот на патот Охрид-Кичево полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Б.К.(48) од Скопје, затоа што управувал патничко моторно возило “тојота” со скопски регистарски ознаки, под дејство на алкохол.
Имено, по претходно добиена пријава на телефонскиот број 112 дека едно возило се движи неконтролирано по патот, преземени се соодветни мерки од страна на полициските службеници и возилото е запрено, а со тоа спречена е евентуална сообраќајна незгода која би можела да има тешки последици.
Притоа, било утврдено дека возачот е во полусвесна состојба и веднаш со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Медицинскиот центар во Кичево.
Откако му била пружена лекарска помош и неговата здравствена состојба значително била подобрена, извршено е алкотестирање, при што било утврдено дека имал 3,15 промили алкохол во крвта, при што лицето било лишено од слобода.
По целосно документирање на случајот, против Б.К. ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик “безобѕирно управување со моторно возило”, соопшти полицијата.
Црна хроника
Прегазен малолетник во Гостивар: го удрило „бмв“од Швајцарија

Ноќеска во 21.34 часот во Полициската станица Гостивар е пријавено дека на ул.„Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, патничко возило „бмв“ со швајцарски национални ознаки, управувано од Џ.И.(33) од с.Форино, гостиварско, со престој во Швајцарија, удрило во малолетен пешак од Гостивар.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Општата болница Гостивар.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.