Контакт

Вести

Крвава недела во Газа, 100 убиени Палестинци и 13 Израелци

Објавено пред

Речиси стотина Палестинци загинаа во неделата во израелското бомбардирање на главниот град на истоимената палестинска енклава Газа, што е најголем број жртви во еден ден од почетокот на судирот во Појасот Газа од 8-ми јули, каде загинаа и 13 израелски војници.

dobivaj vesti na viber

Палестинските челници и организацијата Арапска лига го обвинија Израел дека со бомбардирањето на квартот Шеџаија во Газа сторил „воено злосторство“, а генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун објави дека се подготвува да ја посети областа за да се обиде да го спречи судирот во кој животите ги загубија 435 Палестинци.Меѓутоа, неделата е црн ден и за израелската армија бидејќи загинаа тринаесет војници од елитната бригада Голани, а бројот на израелските жртви во речиси две неделата офанзива се искачи на 18, што не забележано уште од Либанската војна во 2006 година. Притоа, израелската армија има најмалку 55 ранети припадници. „Знаеме дека нема борба без загуби и знаеме дека мораме да ја извршиме нашата задача. Тоа го правиме и е го правиме“, изјави началникот на Генералштабот на Армијата за одбранa на Израел (ЦАХАЛ), Бени Ганц.Неговата изјава дојде по интензивното бомбардирање на квартот Шеџаија, кој е во близина на израелската граница, во коешто загинале најмалку 62 лица, што е најголем број жртви во бомбардирањата по судирите од ноември 2008 до јануари 2009 година кога загинаа над 1.400 Палестинци и над сто Израелци. Вкупно на тринаесеттиот дена од израелската офанзива „Линија на одбраната“ во Појасот Газа загинале 97 луѓе и е најкрвавиот ден досега.„Грубото бомбардирање и копнената офанзива врз Шеџаија се воено злосторство над палестинските цивили и опасна ескалација којашто може да има тешки последици“ предупредува панарапската организација Арапска лига.Палестинската влада го осуди нападот како „гнасно злосторство“ и ја повика меѓународната заедница „веднаш да реагира на ова воено злосторство“, Во израелската офанзива досега загинале најмалку 435 луѓе во Газа а повее од три илјади се ранети, главно цивили и покрај повторените повици на меѓународната заедница на воздржаност. Обединетите нации во Газа во своите кампови прифатиле досега 81 илјада луѓе. На дипломатската сцена, челникот на светската организација Бан Ки-мун во неделата треба да пристигна во областа, а претседателот на Палестинската самоуправа, Махмуд Абаз во Доха да се сретне со водачот во егзил на исламистичкото движење Хамас, против чија инфраструктура е покрената израелската офанзива, Халед Мешал кој бара целосно укинување на блокадата на Газа, отворање на граничниот премин Рафах кон Египет, ослободување на палестинските затвореници и дозвола за рибарење, за да биде прифатено примирјето.Неколку стотици луѓе учествуваа во неделата попладне во Лондон на произраелска манифестација пред израелската амбасада во Лондон, откако во саботата во Париз и повеќе француски градови, како и во Лондон се одржаа пропалестински манифестации. Истовремено во Лондон повеќе десетици луѓе одржаа свој собир кој траеше два часа, од 14 до 16 часот, но полицијата ги држеше двете групи на оддалеченост и нема уапсени.„По повеќедневните ракетирања од Газа, сега е време меѓународната заедница да ја покаже својата поддршка на Израел и неговото право на самоодбрана“, соопшти Ционистичката федерација на Велика Британија и Ирска, којашто го организираше произраелскиот собир, додавајќи дека се залага „за мир, а против теророт“.Околу три илјади луѓе протестираа во знак на поддршка за Палестинците во неделата во холандската престолнина Амстердам, што мина без инциденти. Тие бараа „прекин на крвавата израелска офанзива врз Газа“. Според медиумските извештаи, луѓе од разни возрасти, Арапи и Европејци, се собраа на амстердамскиот плоштад Музеумплеин наспроти прочуениот Ријскмузеум, од каде се упатија кон центарот на градот со транспаренти на коишто пишуваше „Запрете ја војната“ и „Израел е воен злосторник“, носејќи палестински и знамиња на блискоисточните арапски земји, како и на Турција извикувајќи „Ослободите ја Палестина“./крај/мф/сн

Извор: Reuters/AFP



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците

Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во...

Македонија10 часа

Стојаноски: СДСМ ја напуштија седницата кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти

Лицемерието на СДС излезе на виделина, ја напуштија собраниската седница кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти,...

Топ11 часа

Уапсен возачот кој денеска со камион усмрти велосипедист во Гостивар

Полицијата го уапси возачот кој денеска со товарно возило усмрти велосипедист во Гостивар. Според информациите на МВР, денеска (16.12.2025) околу...

Македонија12 часа

(Видео) СДСМ бара оставка од директорката на ГАК по смртта на новороденчето: „Има сомнежи за лекарска грешка“

СДСМ бара оставка од директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство по смртта на новороденчето. „Денеска со огорченост стоиме пред...

Македонија14 часа

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски поднесе оставка

Републичкиот обвинител Љупчо Коцевски денеска поднесе неотповиклива оставка од функцијата. Тој кажа дека од почетокот тврдел дека евентуалната постапка за...

Македонија14 часа

ДЗР утврди неправилности во финансиското работење на АД „Државна лотарија“ и можни злоупотреби со паричните средства во готово

Со извршената ревизија во АД Државна лотарија за 2024 година, утврдени се сериозни неправилности кои се поврзани со нелогични и...

Топ14 часа

При претреси во Виница и Виничко пронајдени шест метални детектори, кутија со 43 златни и сребрени монети: петмина уапсени

Вчера полициски службеници од ОВР Виница поради основано сомнение за сторено кривично дело „присвојување на добра под привремена заштита или...

Македонија14 часа

(Видео) Манасиевски: Никој не сака да биде во тимот на Заев и Филипче

„Никој не му се нафаќа на Филипче да му биде дел од тимот, затоа што со Зоран Заев ја држат...

Македонија14 часа

(Видео) Антикорупцискиот тим на СДСМ ја претстави новата платформа против корупција – МИЦКО: Пријавувајте!

„Антикорупцискиот тим на СДСМ, АКТ, ја претставува новата дигитална платформа за борба против корупцијата и криминалот. Македонски истражувачки центар за...

Свет16 часа

(Видео) Четворица херои се обидоа да ги спречат терористите во Сиднеј, само Ахмед преживеа

Црното знаме на Исламската држава, закачено на шофершајбната на сребрена „хонда“ паркирана покрај пешачкиот мост „Бонди бич“, беше злокобен вовед...

Европа16 часа

(Видео) Трамп: Искрено, Украина веќе изгуби територија

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека договорот за завршување на војната во Украина е „поблиску од кога било“ откако...

Свет18 часа

(Видео) Државата Вашингтон нареди итна евакуација во три предградија на Сиетл

Властите во американската држава Вашингтон издадоа наредба за итна евакуација за три јужни предградија на Сиетл во понеделник откако попушти...

Свет18 часа

(Видео) Трамп ја тужи Би-би-си: бара 5 милијарди долари отштета

Американскиот претседател Доналд Трамп поднесе тужба од 5 милијарди долари против Би-Би-Си за манипулирање на неговиот говор на 6 јануари...

Свет18 часа

(Видео) Синот е одговорен за смртта на Роб Рајнер и неговата сопруга, соопшти полицијата во Лос Анџелес

Ник Рајнер е одговорен за смртта на неговите родители, Роб Рајнер и Мишел Сингер Рајнер, соопшти Полициската управа на Лос...

Свет18 часа

Австралискиот премиер: „Нападот беше мотивиран од ИСИС“; Сведоците опишуваат детали од ужасот

Новите изјави на австралискиот премиер Ентони Албанез, штотуку објавени од неговата канцеларија, произлегуваат од радио интервју за ABC Sydney. „Се...

Европа19 часа

Германија има план од 10 точки за Украина, објави „Ројтерс“

Германија ќе ја засили својата поддршка за одбраната на Украина преку план од 10 точки што вклучува заеднички инвестиции, понатамошна...

Македонија1 ден

Светна новогодишната елка! Отворен и Божиќниот маркет во Скопје

Во Скопје вечерва светна новогодишната елка и официјално беше отворен Божиќниот маркет, со што симболично беше означен почетокот на празничната...

Свет1 ден

Зеленски: Не е постигнат компромис за територијалното прашање за време на преговорите во Берлин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека позициите на САД и Украина за поделбата на териториите сè уште се разликуваат. Тој...

Свет1 ден

Херојот Ахмед од Сиднеј би можел да ја загуби раката: „Сè би повторил“

Ахмед ал Ахмед, случаен минувач кој вчера херојски совлада и разоружа еден од напаѓачите на плажата Бонди, порача дека и...

Свет1 ден

(Фото) Фудбалер на македонскиот клуб „Рокдејл Илинден“ меѓу жртвите во нападот на плажата Бонди во Австралија

Меѓу убиените во вчерашниот терористички напад на плажата Бонди е и фудбалер на Рокдејл Илинден – клуб на македонската дијаспора...