Спорт
Довициозо заврши во болница по огнениот старт (видео)
Драматичното Британско ГП во Силверстоун донесе уште е ден страшен момент по судирот во првата кривина помеѓу Андреа Довициозо и Фабио Квартараро по која италијанскиот возач на Дукати беше примен во болница со „губење на сеќавањата“.
33-годишниот Довициозо беше исфрлен во воздухот додека неговиот мотоцикл се запали и остана неподвижен откако се преврте десетина минути. Од Дукати потврдија дека тој е примен во локалната болница поради „удар на главата“ поради кој ги загубил сеќавањата на судирот.
Ова е вторпат оваа сезона Довициозо да излета од трка, откако на Каталонското ГП во јуни беше „закачен“ од Хорхе Лоренцо, и со падот си ги нарушува шансите за титула – Марк Маркез сега има 78 поени пред него. За среќа од Дукати потврдија дека тој нема скршеници и дека најверојатно ќе биде подготвен за следната трка.
BIKE ON FIRE…!!!
a massive crash at the start as Andrea Dovizioso and Fabio Quartararo are involved in a HUGE moment which sees Dovi’s Ducati set ablaze.
We hope the riders are okay. But this doesn’t look good..”#MotoGP #BritishGP pic.twitter.com/h1EaAnxi4z
— Airlangga Yudha (@Airlangga1101) August 25, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
„Сѐ се случи за миг“ – сестрата на Линдзи Вон зборуваше за нејзината состојба по страшниот пад на Олимписките игри
Линдзи Вон моментално е на лекарски прегледи по тешкиот пад што ѝ се случи утрово, потврди нејзината сестра Карин Килдо во изјава за „Ен-Би-Си“. Таа рече дека сцената била застрашувачка и многу тешка за гледање.
„Тоа дефинитивно беше последното што сакавме да го видиме. Сѐ се случи многу брзо и во такви моменти само се надеваш дека е добро“, рече Килдо.
Таа додаде дека станало уште пострашно кога забележале дека изнесуваат носила.
„Тоа никогаш не е добар знак. Но, како што вели онаа изрека за човекот во арената – таа се осмели, даде сѐ од себе и одеше до крај. Тешко е да се гледа, но најважно е таа да биде добро“, изјави таа.
Сестрата на познатата американска скијачка потврди дека во моментов не знаат што следува: „Превезена е со хеликоптер од местото на несреќата. Со неа се сите нејзини лекари, хирурзи и физиотерапевти. Ќе не известат и ќе отидеме во болницата каде што ја прегледуваат. Засега знаеме само дека е на прегледи и се надеваме наскоро да добиеме повеќе информации.“
Главниот брзински тренер на американскиот скијачки тим, Пол Кристофик, изјави дека Линдзи Вон и понатаму е под медицинска проценка во Кортината, а тимот сѐ уште нема добиено никакво ажурирање за нејзината здравствена состојба.
„Сѐ уште не знаеме ништо конкретно“, изјави Кристофик. „Таа е со медицинскиот тим во болница. Во моментов се проценува во Кортината. А потоа, во зависност од сериозноста на повредата, ќе се донесе одлука каде ќе биде сместена.“
Спорт
(Видео) Тежок пад на Линдзи Вон на Олимписките игри
Американската скијачка Линдзи Вон не се прослави во спустот на Зимските олимписки игри.
Таа падна во раната фаза од спустот, по што ѝ беше укажана помош на патеката, а се слушаше како легендарната Американка плаче од болка.
Линдзи по падот остана да лежи, чекајќи помош од лекарите и спасувачката екипа. Мораше да реагира и хеликоптер, кој ја однесе во болница.
The crash of #lindseyvonn #Olympics2026 #Olympics pic.twitter.com/PJtuSCJwcm
— Dreamer (@MCnotHamm3r) February 8, 2026
Вон неодамна доживеа тешка повреда на лигаментите на коленото, но и покрај тоа одлучи да настапи.
Оваа 41-годишна скијачка во кариерата освои три олимписки медали – злато во спуст во Ванкувер, како и бронза во супервелеслалом. Покрај тоа, има и бронза од Пјонгчанг 2018 година.
Вон неодамна имаше враќање на натпреварувањата по подолга пауза и веќе забележа неколку запажани резултати во тековната сезона.
Сепак, се чини дека крајот на кариерата ќе биде тажен.
Спорт
Спортистка му напиша на професорот зошто не ја предала задачата: „На Олимпијада сум“
Канадската спортиска во уметничко лизгање, Маделин Шизас, која настапува на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина, побарала од професорот по социологија да ѝ го продолжи рокот за домашна задача – со „најдобрата можно изговор“: „На Олимпијада сум!“
На Инстаграм објави скриншот од мејлот што го пратила, со линк за доказ дека е дел од Олимписките игри, и коментар: „LOLLLL, обожавам да бидам студентка-спортист“.

„Професорот сè уште не ми одговори, ама сабота е“, изјавила таа за CBC. И додала: „Искрено, не мислев дека ова ќе стане вирално. Само ми беше смешно.“
Иако признава дека „имала цел ден слободен до 17 часот“, сепак не ја напишала задачата. „Се насобраа обврски“, вели таа.
Шизас има 22 години, студира на Универзитетот МекМастер, и веќе има искуство од Олимпијадата во Пекинг 2022, каде што заврши 18-та во индивидуалната конкуренција.

