Скопје
Легализирани нови 48 објекти во Општина Кисела Вода

Продолжува континуитетот на легализација на дивоградбите во општина Кисела Вода. Во понеделник јавно беа доделени нови 48 решенија, со што правен статус добија вкупно 3.015 објекти, од 11.874 барања за легализација пристигнати во Општина Кисела Вода.
Наведувајќи ги техничките мерки кои оваа локална самоуправа досега ги има преземено во насока на подобрување на динамиката на решавање на предметите, претседателот на Советот на општина Кисела Вода, Трајче Донев, кој денеска ги додели новите решенија, ја потенцираше улогата на граѓаните во самиот процес на легализација.
„Во насока на подобрување на динамиката на решавање на предметите, оваа локална самоуправа излезе со низа технички мерки, како што се кадровското и техничко доекипирање на Одделението за легализација на дивоградби, зголемувањето на бројот на комисии кои излегуваат на терен и воведувањето на практика за решавање на минимум 40-50 предмети на неделно ниво“, рече Донев.
Но, додаде, голема е и улогата што ја имаат сопствениците на нелегално изградените објекти, бидејќи, за процесот на легализација да тече, тие мораат да достават комплетна документација до административните служби.
Бројот на поднесени барања без геодетски елаборат, во овој момент, изнесува 3.825. Исто така, изготвени се уште 86 урбанистички согласности, од кои, за 71 се чека уплата на надоместокот, за постапката за изготвување на Решенијата за легализација на објектите да може да се продолжи, информираат од Општината.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја дел од Илинден

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:00 – 15:00 часот, корисниците од улицата 9 во населба Илинден. (Општина Илинден)
Македонија
Орце Ѓоргиевски: „EXIT“ доаѓа во Скопје!

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓоргиевски, информира дека е постигнат договор со основачот на „EXIT“ фестивалот, Душан Ковачевиќ, од следната година Скопје да биде нова дестинација на една од водечките европски фестивалски групации.
„Убеден сум дека бренд како „EXIT“ значително ќе го зголеми квалитетот на забавниот живот и културната понуда на Скопје и Македонија. Тоа ќе ја стави нашата метропола на мапата на топ дестинации за посета на огромен број туристи, бидејќи граѓаните на Скопје и Македонија го заслужуваат најдоброто“, изјави Ѓоргиевски.
Со ова Скопје ќе се вброи меѓу европските градови кои се дел од мрежата на еден од најпрестижните музички фестивали во Европа, што ќе значи и нова енергија, нови инвестиции и зголемување на туристичкиот потенцијал на главниот град.
Скопје
Пет лица повредени, една жена во критична состојба во сообраќајка во Скопје

Пет лица се повредени во сериозна сообраќајна несреќа што се случи вчера околу 19:30 часот на улицата Христијан Тодоровски Карпош во Скопје, соопшти СВР Скопје.
Според полицијата, несреќата се случила помеѓу патничкото возило „голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.С. (41), и „поло“ управувано од А.Ш. (30). Најтешко повредена е сопатничката од „поло“ возилото, Х.С.Ш., додека возачот А.Ш. и другата сопатничка Ш.Ш. (57) се здобиле со телесни повреди.
Повреди добиле и возачот на „голф“ З.С. и неговиот сопатник Ѓ.Х. (42), кои се згрижени во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ и Комплекс клиники „Мајка Тереза“.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот, а причините за сообраќајката се во тек на истрага.