Спорт
Мата: Поважно е да им помогнеш на другите отколку да дадеш гол во финале
Фудбалерот од средниот ред на Манчестер јунајтед, Хуан Мата, вели дека е поважно фудбалерите да ја искористат шансата што ја добиваат да зборуваат за позитивни промени отколку да сонуваат да постигнат гол во големо финале.
31-годишниот Шпанец е познат по својата иницијатива „Заедничка цел“, со која фудбалерите се обврзуваат да дадат 1 процент од својата плата за добротворни цели и досега има убедено повеќе фудбалери да го поддржат, како Џорџо Кјелини, Матс Хумелс и Алекс Морган.
„Реално, во фудбалот има премногу пари. И за мене тоа не е проблем бидејќи фудбалот генерира многу интерес и страст во целиот свет. Нормално е да има многу пари, но треба да ги користиме тие пари за инвестирање во поинаков фудбал“, вели Мата.
Покрај финансиската обврска, Мата вели дека фудбалерите мора да зборуваат и за општествени проблеми.
„Знам дека има луѓе што велат: ’Тој е фудбалер, зошто зборува за такви работи’. Зошто да не зборува. Кога си во ваква професија, имаш одговорност кон другите. Да се помогне на другите е поважно од постигнувањето гол во финале. Ако можеш да направиш нешто, направи го тоа“, додава Мата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Реми во дербито меѓу Рома и Јувентус
Рома и Јувентус освоија по еден бод, откако во дербито на 35.коло одиграа 1:1, на „Олимпико“ во Рим.
Рома никако не може да биде здоволна со бодот бидејќи си го компромитира пласманот во Лигата на шампионите. Италија наредната сезона ќе има пет екипи во Лигата на шампионите, а Рома на петтото место има три бода и два натпревари повеќе од Аталанта.
Натпреварот почна добро за Рома, Лукаку се најде на вистинското место во вистинско време и му донесе водство на својот тим во 15. минута.
Јувентус после тоа не сакаше да тактизира, избраниците на Масимилијано Алегри тргнаа во напад, а во 31.минута ја искористија грешката во одбраната на Рома. Резултатот го изедначи Бремер.
До крајот на мечот Јуве беа поблуску до победата. Киеза ја погоди стативата во 47.минута, а потоа голманот Свилар имаше две добри интервенции.
Спорт
Рубљов го освои Мастерсот во Мадрид
Рускиот тенисер Андреј Рубљов победи на Мастерсот во Мадрид.
Рубљов во финалето го совлада Канаѓанецот Феликс Оѓер-Алиасим по три сета, со пресврт 4:6, 7:5, 7:5 по два часа и 49 минути игра.
Рускиот тенисер во главниот град на Шпанија ја освои втората титула од серијата 1000, а воедно осмиот тенисер во светот стана првиот во кариерата кој победил на Мастерсот во Мадрид и во сингл и во двојки.
Русинот лани во Монте Карло го освои првиот трофеј на турнирите од серијата 1000, а за 27-годишниот Русин ова е 16. титула во кариерата, втора во 2024 година.
Спорт
Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата
Три клуба од Евролигата покажале сериозен интерес за најдобриот македонски кошаркар, Ненад Димитирјевиќ.
Димитријевиќ неодамна ја доби наградата за МВП во регуларниот дел од сезоната, во ВТБ лигата. Сезоната ја заврши со просек од 19 поени, 6,6 асистенции, 3,6 скока и 1,3 украдени топки по натпревар.
Пред две недели турнските медуми објавија дека Фенербахче е сериозно заинтересиран за Димитријевиќ. Во неделата, се појави информацијата на „Република Болоња“ дека за Македонецот се интересираат најдобрите италијански тимови, Олимпија Милано и Виртус Болоња.
Извесно е дека Димитријевиќ следната сезона ќе го гледаме во Евролигата.