Македонија
(Видео) Пратениците усогласија десет од педесет амандмани за СЈО
Десет од педесетина амандмани успеаја да усогласат пратениците во текот на речиси целиот ден. Комисијата ефективно заседаваше само 15-тина минути на која експресно поминаа десетте амандмани, кои во најголем дел се однесуваа на технички прашања, како преименување на обвинителството и одлука за буџетот со кој ќе располага.
„ВМРО-ДПМНЕ вкупно предложи 14 амандмани од кои 4 беа прифатени иако истите не се дел од суштинските теми. Во следните денови ќе продолжат преговорите меѓу власта и опозицијата”, рече Милошоски.
Тој кажа дека дел од амандманите на ВМРО-ДПМНЕ се изборот на обвинителот на новото обвинителство да биде на предлог на опозицијата, како и принципот на хиерархирја и субординација – предметите на СЈО во судска постапка да одат кај државниот обвинител и потоа тој да ги распредели во Обвинителството за организиран криминал, како и изборот на обвинителот да не биде само од редот на обвинители, туку да може да конкурираат и професори.
За овој предлог на ВМРО-ДПМНЕ, од СДСМ велат дека мешањето на политиката ќе влијае врз независноста на обвинителскиот систем, но ќе почекаат да ги слушнат аргументите за сите амандмани.
„Усогласени се десет амандмани. Важно е дека е откочен процесот, се надеваме конструктивно да продолжиме”, рече Снежана Калевска-Ванчева.
Вкупно биле доставени 54 амандмани за законот за обвинителството од кои 3 се повлечени. 16 амандмани партиите доставиле на законот за Советот на обвинители.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

