Европа
Белгиски полицајци враќале мигранти во Франција и биле уапсени
Белгиски полицајци кои враќале мигранти во Франција биле уапсени од нивните француски колеги и биле испрашувани четири часа, со што се покажува колку комплицирана е мигрантската криза во Европа, јавија француските медиуми.
Белгиски полицајци кои враќале мигранти во Франција биле уапсени од нивните француски колеги и биле испрашувани четири часа, со што се покажува колку комплицирана е мигрантската криза во Европа, јавија француските медиуми.
Мигрантската криза предизвика дипломатски тензии меѓу Велика Британија и Франција околу тековите низ градот Кале во Франција, од каде најмногу мигранти бараат начин да преминат на британско тло, а сега се заканува да предизвика слични тензии и на другара страна меѓу Париз и Брисел.Во вторникот двајца белгиски полицајци кои враќале група мигранти преку границата со Франција беа уапсени под сомнение дека шверцуваат мигранти. Тие беа задржани и испрашувани за нивните намери.Се почнало кога камионџија кој ја преминувал границата од Франција слушнал гласови кои доаѓале од приколката на друг камион.Тој ја алармирал белгиската полиција која открила 13 мигранти од Сирија и од Ирак, скриени во камионот, како се обидуваат да стигнат во Британија, но завршиле во погрешно возило, на другата страна кон Белгија.Бидејќи Белгија ги воспостави повторно граничните контроли од февруари, полицијата редовно фаќа мигранти кои доаѓаат од Франција и ги враќа назад, но полицијата треба да ги придружува до границата, без да ја премине.Во вторникот, белгиските полицајци не забележале дека за 50 метри ја поминале границата и затоа биле уапсени од француските колеги, а потоа биле испрашувани четири часа.Иако нема да бидат преземени никакви мерки за инцидентот, сепак постапката на француските полицајци предизвика бес на белгиска страна.Од полицискиот синдикат на Белгија објаснуваат дека нивните колеги не сакале да ги остават мигрантите меѓу кои имало и три деца, покрај патот и пешки да одат до границата./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Русија ја нападна Украина со 188 проектили, ракети и дронови, тврди Киев
Додека властите во Киев велат дека се пресретнати сите проектили насочени кон главниот град на Украина, се известува за штета од околните области.
Неименуван инфраструктурен објект е погоден на една локација надвор од Киев, а приватна куќа, нестанбена зграда и структура од типот на хангар на друга, соопшти регионалната администрација додавајќи дека две лица побарале лекарска помош.
Украинските воздухопловни сили соопштија дека од 188 нападни воздушни средства – проектили и беспилотни летала – лансирани од Русија, пресретнале 76 крстосувачки ракети „Калибр“, три ракети „Кх-59/Кх-69“ и 35 дрона.
„Непријателскиот напад со проектили и беспилотни летала беа насочени кон енергетските капацитети на Украина“, се вели во соопштението.
Европа
(Видео) Експлозии во Краснодар, Русите тврдат дека ги собориле сите дронови
Руското Министерство за одбрана извести дека во текот на ноќта системите за противвоздушна одбрана пресретнале и уништиле 25 украински беспилотни летала над Кубан, Крим, како и регионите Брјанск и Ростов.
Како резултат на напад со дрон во Краснодарската област, една жена е повредена.
The Russian Ministry of Defense reported that overnight air defense systems intercepted and destroyed 25 Ukrainian drones over Kuban, Crimea, as well as the Bryansk and Rostov regions. As a result of a drone attack in the Krasnodar region, one woman was injured.
Footage shows… pic.twitter.com/AnXMM4ksUO
— ASTRA (@ASTRA_PRESS) November 28, 2024
Снимката покажува една од експлозиите во Славјанск-на-Кубан, регионот Краснодар.
Европа
(Видео) Русите објавија снимки од авионите што ја нападнаа Украина
Екипажот Су-34 нападна концентрација на персонал, оклопна и автомобилска воена опрема на украинските вооружени сили во пограничниот регион на областа Курск, објави руското Министерство за одбрана на својот канал на Телеграм.
Нападот беше извршен со воздушни бомби со универзален модул за планирање и корекција, додаваат од руското Министерство за одбрана.