Контакт

Вести

Експерти започнаа со работата на местото на падот на малезискиот авион

Објавено пред

Украинските експерти криминалисти започнаа со истрагата, со разгледување и правење скица на местото на падот на малезискиот патнички авион „Boeing 777“ кој се урна во четвртокот во источна Украина, во близина на границата со Русија на територија којашто ја контролираат проруските бунтовници.

dobivaj vesti na viber

Патничкиот авион „Boeing 777“ на малезиската воздухопловна компанија „Malaysia Airlines“ на летото МН17 од Амстердам за Куала Лумпур се урна на 17-ти јули со 298 патници и членови на екипажот, од кои 85 деца.Остатоците од авионот се расфрлани во област од 20 километри, која е под контрола на проруските ткн народни милиции на самоодбраната. Досега се пронајдени 186 тела на загинатите. Украинските власти и Западот кој ги поддржува вината ја префрлаат врз проруските бунтовници и врз Русија, алудирајќи дека авионот е соборен. Бунтовниците тврдат дека не поседуваат ракетен систем кој може да собори цел на 10.600 метри височина на којашто летал малезискиот авион, додека руското министерство за одбрана соопшти дека неговиот радарски систем регистрирал активност на ракетен систем „Бук – М1“ на украинската армија во времето на трагедија. Притоа, руската страна потсетува на трагедијата од 2001 година, кога украинските противвоздушни сили на Црно Море соборија руски патнички авион „Ту-154“ на линијата Тел Авив – Новосибирск, кога загинаа 78 луѓе од кои 66 Израелци и 12 Руси членови на екипажот, и долго време негираа своја инволвираност. Покрај тоа, британските медиуми објавија дека авионот на „Malaysia Airlines“ летал 483 километри посеверно од вообичаената рута, но дека не пилотите не добиле предупредување. Москва, исто така, бара одговор од Киев за информацијата на социјалните мрежи дека шпански контролор на летот кој работи во Украина предупредил дека малезискиот авион е следен од два воени украински авиона.Владата на Украина во петокот предложи во истрагата да учествуваат воздухопловните власти на Малезија и Холандија, кои веќе испратија свои експерти, како и Интерпол, на Европската комисија, на компанијата „Boeing“, на ICAO (Меѓународна организација за цивилна авијација), Eurocontrol и NTSB.Во саботата во Киев се очекуваат 62 малезиски експерти, од кои двајца се стручњаци за авионски катастрофи, кои треба да ги испитаат причините за падот на авионот, бидејќи во авионот летале 44 Малезијци и 15 членови на екипажот на малезиската компанија, бидејќи ова е втор инцидент со авион на „Malaysia Airlines“ за последните четири месеци, откако на 8-ми март исчезна нејзин авион на линијата Куала Лумпур – Пекинг, од кој сѐ уште нема никакви траги. Малезискиот премиер Наџин Разак изјави во петокот навечер дека разговарал со рускиот претседател Владимир Путин инсистирајќи на неопходноста од непречена и објективна истрага. „Исто така, му кажав на Путин дека местото на несреќата не би смеело да се контаминира додека екипата не ја започне својата истрага“, рече малезискиот премиер во контекстот на западните префрлања на вината кон Русија.Путин, инаку, претходно во петокот соопшти дека целата одговорност за трагедијата ја носи земјата на чијашто територија тоа се случило, истакнувајќи дека тоа е уште една потврда дека властите во Киев треба веднаш да ги прекинат воените дејствија во источна Украина и да седнат со сите субјекти на преговарачка маса да ги надминат разликите.Американскиот претседател Барак Обама, исто така, инсистираше дека истрагата мора да биде „слободна“ и „непречена“. Кинескиот претседател Си Џинпинг издаде соопштение во кое повикува на чесна и објективна истрагата за уривањето на малезискиот авион. „Истрагата треба да пронајде докази што е побрзо можно“, изјави кинескиот челник./крај/мф/сн

Извор: Reuters/РИА Новости



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ9 часа

Еден починат и еден тешко повреден во несреќа во лифт во Штип

Едно лице почина, а друго се бори за живот во Клиничката болница- Штип од повреди добиени во несреќа, што според...

Топ13 часа

Бебе почина во болница во Охрид

Вчера во СВР Охрид, пријавено е дека во 8.10 часот во Општа болница во Охрид починало деветмесечно бебе. Бебето претходно...

Македонија15 часа

Вработена во МВР наплатувала по 15.000 евра за лажно посредување за социјален стан

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 41-годишна вработена како аналитичар во СВР Скопје која е...

Европа15 часа

Премиерот Фицо уште е во животна опасност, напаѓачот призна вина

Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска пред Специјализираниот кривичен суд во градот Пежинок призна вина. Состојбата на...

Топ16 часа

Нема крај на нападите од улични кучиња, полицијата во Скопје доби нови три пријави

Билтенот на Министерството за внатрешни работи секојдневно е полн со пријави за настани на граѓани каснати од улични кучиња. Такви...

Македонија19 часа

За осомничениот за убиството на братот и снаата се бара притвор

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за лице...

Свет20 часа

Русија нема сила повторно да го нападне Киев, изјави Зеленски за АФП

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во интервју за Агенцијата Франс прес (АФП) изјави дека не верува оти Русија има сила...

Свет21 час

Убиени тројца странски туристи и еден Авганистанец

Вчера од вооружени лица во централен Авганистан се убиени  тројца странски туристи и еден Авганистанец, а четворица странски државјани и...

Македонија22 часа

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен...

Македонија1 ден

Мицотакис со предупредување: Ако некои веруваат дека можат да го игнорираат Договорот, треба да разберат дека нивниот пат кон Европа ќе остане затворен

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис уште еднаш ја предупредува Македонија дека прекршувањето на Договорот од Преспа, со кој се реши долгогодишниот...

Македонија2 дена

Понижувани сме и навредувани, стравуваме дека прозивките ќе преминат во лични напади, реагираат Даштевски и уште петмина од ДИК

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски, и членовите Радица Ристеска, Оливер Ристовски, Борис Кондарко, Бобан Стојаноски и Абдуш...

Македонија2 дена

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Албанскиот премиер Еди Рама упати критики до официјална Софија и до сите ЕУ-членки што користат билатерални прашања за блокади на...

Македонија2 дена

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Кривичниот суд го добил барањето од Истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари за ангажирање адвокат што ќе го застапува осомничениот...

Топ2 дена

Екстрадиран Бесим Красниќи

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР и Единицата...

Македонија2 дена

„Европскиот фронт“: Ниту една влада не може да го раскине договорот со конзорциумот „Бехтел и Енка“

„Европскиот фронт“ смета дека е неприфатлив и невозможен чин раскинувањето на договорот со „Бехтел и Енка“. „Ниедна влада не може...

Македонија2 дена

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Герапетритис, негира дека тој или неговата правна канцеларија го подготвиле или учествувале во изготвувањето...

Топ2 дена

Пронашле граната од Првата светска војна и ја однеле во Полициската станица Берово

Регионалниот ЦУК Штип известува дека, вчера, во 12.30 часот, во станицата на Полициската станица Берово беше донесено неексплодирано убојно средство,...

Свет2 дена

Извикал „Робо, дај ми рака“, па пукал кон словачкиот премиер – кој е човекот што стои зад атентатот на Фицо

Словачкиот премиер Роберт Фицо, кој беше застрелан во средата, сѐ уште е во тешка состојба. Според словачките медиуми, се очекува тој...

Свет2 дена

(Видео) Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

Француската полиција уби вооружен маж, кој се обиде да запали синагога во северозападниот град Руан, соопшти францускиот министер за внатрешни...

Европа2 дена

Орбан: Фицо е меѓу животот и смртта

Словачкиот премиер Роберт Фицо е меѓу животот и смртта два дена по атентатот што ја шокира Европа, изјави унгарскиот премиер...