Свет
Руската амбасада во Лондон: Изјавата на британскиот премиер за Втората светска војна е неприфатлива
Амбасадата на Руската Федерација во Лондон ги оцени како неприфатливи зборовите на британскиот премиер Борис Џонсон во врска со почетокот на Втората светска војна, пренесува ТАСС.
Џонсон во видеопораката објавена на „Твитер“ кон крајот на минатата недела рече дека во септември 1939 година Полска се нашла заробена меѓу чеканот на фашизмот и наковалната на комунизмот.
„Оваа изјава, дадена на 80-годишнината од почетокот на Втората светска војна, е зачудувачка. Со сите историски дискусии за советската воена операција во источните области на Полска (западна Украина и западна Белорусија) да се опишат нештата на начин што ефикасно ги изедначува постапките на СССР со агресијата на Хитлер е апсолутно неприфатлива.
Ако зборуваме за тоа – кој, освен Хитлер, е одговорен за полската трагедија од 1939 година, не може да се избегне улогата на британската дипломатија, што не само што се поврзуваше во агресивните политики на нацистите (запомнете ја Австрија, Чехословачка, Мемел) туку и континуирано ги отфрлаше советските предлози за ефикасна антинацистичка алијанса, вклучително и специјално за одбрана на Полска“, се вели во соопштението на Амбасадата.
„Оваа дискусија може да биде долга, но да ја оставиме на историчарите. Огромно мнозинство Руси и Британци, кога се присетуваат на Втората светска војна, им оддаваат почит на паднатите и на советско-британскиот сојуз. Жално што е премиерот избра поинаков агол, кој, за среќа, не ужива голема популарност во Велика Британија “, посочи Амбасадата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Авион се запали на аеродром во Бразил, евакуирани 180 патници
На еден од главните меѓународни аеродроми во Бразил изби пожар на авион Airbus A320.
Во моментот на пожарот во авионот имало 180 лица. Сите патници и членови на екипажот биле евакуирани.
Според првите информации, пожарот избил од колички за багаж паркирани блиску до товарниот дел на авионот, а огнот се проширил под едното крило. Екипажот веднаш го активирал протоколот за итни случаи и ги евакуирал патниците со надувувачки лизгалки.
🇧🇷 An Airbus A320 operated by LATAM Airlines caught fire in Brazil while carrying 180 passengers.
The aircraft had begun taxiing for takeoff when the cabin abruptly filled with smoke, and passengers noticed flames beneath the wing. Evacuation was carried out directly onto the… pic.twitter.com/XlkOPPDvy2
— NSTRIKE (@NSTRIKE1231) December 6, 2025
Аеродромската противпожарна служба го изгаснала пожарот, а авионот бил одведен на понатамошна истрага. Летот бил откажан.
Бразилските власти и Националната агенција за цивилно воздухопловство започнале опсежна истрага за причините за пожарот
Свет
(Фото+видео) Русија изврши голем напад врз Украина, Полска подигна борбени авиони
Русија изврши голем ракетен напад и удари со дронови врз украински градови, при што беа повредени најмалку три лица во Киевската област.
Украинското воено воздухопловство соопшти дека руските сили лансирале ракети и десетици дронови кон градовите во околината на украинската престолнина.
Поради нападите, низ целата земја беа активирани аларми за воздушна опасност.
Дронови биле забележани и во Лавовската област на западот на земјата, додека Русија лансирала повеќе бранови напади.
Военото воздухопловство ја пријавило последната серија ракетни удари непосредно пред 7 часот по локално време.
Експлозии биле забележани во Полтава, Луцк, Одеса, Запорожје…
Гувернерот на Киевската област, Никола Калашник, соопшти дека 42-годишен маж бил повреден во градот Фастив, околу 60 километри југозападно од центарот на Киев.
I saw it today –
two banks of Kyiv:
one with electricity,
the other without.A powerful sight. pic.twitter.com/T8tnW7911t
— Yaroslava (@strategywoman) December 5, 2025
Украинските железници соопштија дека Русија извршила „масовно гранатирање на железничката инфраструктура“ во Фастив.
Калашник исто така соопшти дека две жени, на возраст од 46 и 40 години, биле повредени во Вишгородската област, северно од Киев. Една од нив е хоспитализирана.
Градоначалникот на Луцк, Игор Пољишчук, соопшти дека повеќе складишта за храна биле зафатени од пожар.
Kyiv metro stations tonight. People hide from Russian attack.
📸: Yan Dobronosov pic.twitter.com/Q1JGrv7jB8
— Kate from Kharkiv (@BohuslavskaKate) December 6, 2025
Полското воено воздухопловство соопшти на социјалните мрежи дека подигнало борбени авиони за да го заштити својот воздушен простор за време на повеќечасовниот напад на западна Украина.
За потсетување, украинските дронови пред две вечери извршија напади врз клучни руски енергетски објекти, погодувајќи го морското пристаниште Темрјук во Краснодарскиот крај и нафтената рафинерија Сизран во Самарската област, пренесува „Киев Индепендент“.
Свет
МААЕ: Заштитната структура на Чернобил е тешко оштетена
Заштитната структура на напуштената нуклеарна електрана Чернобил, која треба да го спречува ширењето на радиоактивен материјал, повеќе не може да ја извршува својата безбедносна функција поради штетата предизвикана од напад со дрон на почетокот на годината, соопшти Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).
Инспекцијата на заштитната структура што МААЕ ја спроведе минатата недела покажала дека нападот со дрон во февруари предизвикал пропаѓање на конструкцијата, објави агенцијата на ОН.
Во мисијата е потврдено дека заштитната структура ги загубила „примарните заштитни функции“, вклучувајќи го и задржувањето на радиоактивниот материјал, но дека на носечката конструкција и на контролните системи нема трајна штета, се наведува во соопштението.
Веќе се извршени привремени поправки на покривот, изјави директорот на агенцијата Рафаел Гроси, нагласувајќи дека за спречување на понатамошно пропаѓање и обезбедување долгорочна нуклеарна безбедност е неопходно да се спроведе сеопфатна обнова.
Врз основа на истрагата, МААЕ препорачува понатамошна обнова и заштита на структурата, како и ажурирање на системите за следење на влага и корозија и други надзорни програми, се наведува во соопштението.
На 14 февруари дрон ја пробил надворешната обвивка на заштитната структура и предизвикал пожар. Украинските власти тогаш соопштија дека нападот го извела Русија, а Москва го демантираше тоа.
Заштитната структура е поставена во 2019 година околу реакторот број 4, кој експлодираше во нуклеарната катастрофа во 1986 година, со цел да се спречи понатамошно истекување на радијација во околината.
По нападот со дрон, радијацијата останала на нормално и стабилно ниво и немало извештаи за нејзино истекување, соопштиja ОН во февруари.
Несреќата во Чернобил се случи во април 1986 година. Советските инженери околу реакторот поставија саркофаг, кој подоцна беше заменет со нова структура. Преостанатите три реактори постепено беа исклучени, а последниот престана со работа во 2000 година.
Руските сили накратко ја окупираа нуклеарната електрана на почетокот на инвазијата на Украина во 2022 година.
МААЕ во Чернобил има постојан тим експерти и ќе продолжи да прави сè што е во нејзина моќ за да го поддржи повторното воспоставување целосна нуклеарна безбедност во Чернобил, нагласи шефот на агенцијата на ОН.
Истовремено со инспекцијата во Чернобил, МААЕ спроведе и истражување на штетата на електричните трафостаници низ Украина.

