Македонија
(Видео) Комисијата за избори и именување ја разреши Јанева
Без дискусија, едногласно, е усвоен предлогот Катица Јанева да биде разрешена поради несовесно и нестручно раководење со СЈО.
Ова го истакна Илија Димовски по седницата на Комисијата за избори и именување и додаде дека предлогот ќе биде доставен до претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој треба да го стави на дневен ред.
За тоа нема конкретно определен рок, но Димовски истакна дека очекуваат Џафери да постапи разумно.
Претходно, пак, членовите на владејачкото мнозинство побараа изземање на пратеникот Илија Димовски, кој претседава со Комисијата.
Димовски е обвинет во случајот „Титаник“ на специјалното јавно обвинителство, па членовите на мнозинството сметаат дека постои конфликт на интереси во однос на одлучувањето за Јанева.
Пратеникот од СДСМ, Костадин Костадинов, рече дека функцијата на Димовски е спротивна на Законот за спречување на корупцијата бидејќи е инволвиран во предмет на СЈО.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди
Променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност до сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во среда и четврток, кога на повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег. Од среда ветерот ќе го промени правецот во северен.

