Црна хроника
Наставничка наместила ученик да учествува на натпревар во име на нејзиниот син

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Неготино поднесе кривична пријава против В.П.(47) од Неготино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување.
Како што соопшти МВР, во текот на април 2019 пријавената, наставник во СОУ „Свети Кирил и Методиј“ Неготино, навела ученик во наведеното училиште на 3.05.2019 да учествува на државен натпревар на електротехничките, машинските и сообраќајните училишта, кој се одржал во Битола, во име на нејзиниот син.
Ученикот освоил трето место во име на нејзиниот син, кој на денот на одржување на натпреварот бил надвор од државата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Шест уапсени по вчерашната тепачка пред угостителски објект во Скопје

На 09/10.10.2025 полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода С.С.(23), М.З.(24), А.Ѓ.(42), И.М.(33), М.З.(55) и Б.Р.(29), сите од Скопје, постапувајќи по пријава дека околу 20:00 часот пред угостителски објект на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје бил нарушен јавниот ред и мир помеѓу лишените од слобода и неколку други лица од една страна и А.М.(40), Т.Д. (41) и М.Е. (45) од друга страна.
Сите тие претходно биле во угостителскиот објект.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Црна хроника
Битолчанка измамена за сума од 27.000 евра: лажен лекар и кажал дека ќерка и имала тешка сообраќајка

Вчера во 12:34 часот во СВР Битола, 62-годишна жена од Битола пријавила дека била измамена од едно лице за сума од околу 27.000 евра.
Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски, се претставило како лекар во здравствена установа и ја известило дека нејзината ќерка имала сообраќајна незгода и се здобила со тешки повреди и дека треба да плати за да ѝ биде направен операција.
Според пријавеното, таа ги однела парите на договореното место и ги дала на едно лице, а откако се слушнала со нејзината ќерка сфатила дека е измамена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.
Црна хроника
Македонска државјанка шверцувала 11 златни монети вредни девет илјади евра од Истанбул

На граничен премин Богородица спречено е криумчарење на 11 златни монети со вкупна тежина од 71 грам и со вкупна вредност од 567 илјади денари. Од страна на Одделението за истраги, против едно лице до Основното јавно обвинителство Гевгелија е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „Криумчарење“, соопшти Царинската управа.
Осомничената, македонска државјанка, патувала со автобус на релација Истанбул – Тетово. Златните монети ги сокрила во жолта торбичка ставена во својата чанта, со намера да избегне царинска контрола и да избегне плаќање давачки кон државата во износ од 149 илјади денари.
„Царинската управа останува посветена на строг надзор и контрола на граничните премини, со цел спречување на криумчарење и заштита на финансиските интереси на државата“, се наведува во соопштението.