Македонија
(Видео) Даскаловски: Ангажирани се посебни лица за безбедноста на учениците во Карпош

Општина Карпош воведе посебно овластени лица за зголемена безбедност на учениците пред училиштата. Од сите 10 основни училишта, лица од административно-техничкиот кадар ги пречекуваат учениците, секое утро, почнувајќи од првиот училиштен ден, во моментите кога сообраќајниот метеж е најголем, изјави Филип Даскаловски, координатор на советничка група на СДСМ во Совет на Општина Карпош.
„Овие лица се со посебни обележја, униформа и сообраќаен знак, со цел да бидат видливи и препознатливи за сите учесници во сообраќајот, a делуваат и за време на одморите, како и во моментите кога учениците заминуваат од училиштето. Оваа мерка ќе трае во текот на целата учебна година.
Дополнително, во моментов се работи на поставување нови „лежечки полицајци”, пред училиштата: „Јан Амос Коменски”, „Војдан Чернодрински”, „Братство” и „Димо Хаџи Димов”.
Во Тафталиџе 1 и Карпош 4 веќе е воведена и ЗОНА 30 пред воспитно-образовните установи (училишта и градинки).
Локалната самоуправа предводена од СДСМ работи на зголемена и сеопфатна безбедност на најмладите во сообраќајот.
Дополнително, апелираме до сите возачи и учесници во сообраќајот да ја почитуваат сообраќајната сигнализација, да возат совесно и одговорно.
Нашите деца нека бидат АЛАРМ за поголема безбедност на целата заедница“, порача Даскаловски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Се излеа Маркова Река кај Батинци

Маркова Река се излеа денес по обилните врнежи од дожд.
Во селото Батинци, водата е надојдена, излевајќи се на неколку места околу речното корито.
Ангажирана е механизација за санирање на штетата, а градоначалник на Студеничани, Азем Садики, објави дека забележана е материјална штета во дворовите од куќите кои се наоѓаат во близина на реката.
Засега, според градоначалникот, нема потреба од евакуација.
Фото: ТВ21/скриншот
Македонија
Тетово повика на јавна дебата за промена на имињата на улиците

Општина Тетово в петок, со почеток во 15:00 часот, организира јавна дебата за предлози за имиња на улиците.
„Ги повикуваме сите граѓани, здруженија, невладини организации и граѓанскиот сектор да учествуваат на оваа јавна дебата за именување на улиците“, велат од општината преку допис.
Додаваат дека секој предлог од граѓаните е важен и помага овој процес да биде инклузивен и успешен за граѓаните и градот Тетово.
Македонија
Тошковски: Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10 отсто

Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10 отсто, информира министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
„Изминативе години сосема оправдано имаше критики дека платите во МВР се ниски, а очекувањата и одговорностите големи. Често се укажуваше на разлики во однос на некои сродни служби, а чувството на потценетост беше реално и оправдано. Ова зголемување не е доволно, но е еден од многуте чекори што ќе следат во насока на враќање на достоинството и угледот на полицаецот. Целта е јасна – да изградиме модерна, професионална и силна полиција која ќе биде вистински сервис на граѓаните. Продолжуваме понатаму кон обезбедување на подобри услови, поголема поддршка и вистинско вреднување на трудот што секојдневно се вложува“, напиша Тошковски во објавата на социјалните мрежи.