Контакт

Вести

САД ги бомбардираа позициите на IS во Сирија, но го известија Дамаск

Објавено пред

Американската армија и „партнерите“ ги започнаа воздушните напади врз позициите на Исламската држава во Сирија, соопшти Пентагон, а Стејт департментот во вторникот потврди дека Вашингтон пред нападите го известил Дамаск иако претходно претседателот Барак Обама и државниот секретар Џон Кери изјавија дека нападите врз џихадистите на сириска територија нема да бидат изведувани во координација со владата на Башар ал-Асад, од кого бараат да си замиен од власта.
 

dobivaj vesti na viber

Американската армија и „партнерите“ ги започнаа воздушните напади врз позициите на Исламската држава во Сирија, соопшти Пентагон, а Стејт департментот во вторникот потврди дека Вашингтон пред нападите го известил Дамаск иако претходно претседателот Барак Обама и државниот секретар Џон Кери изјавија дека нападите врз џихадистите на сириска територија нема да бидат изведувани во координација со владата на Башар ал-Асад, од кого бараат да си замиен од власта.

 

„Американците во понеделникот ги известија претставниците на Сирија при Обединетите нации дека ќе изведат удари врз терористичката организација Исламска држава во Рака“, кое е силно упориште на IS во северна Сирија, пренесува државната агенција SANA. Државната сириска телевизија потоа извести дека „американските авиони започнале со напади на позициите на терористичката организација Исламска држава во Рака“.

Американскиот претседател Барак Обама во својот говор од 10-ти септември предупреди дека си го зема правото да ја нападне Исламската држава, па и нејзините позиции во Сирија.

„Одлуката за почетокот на нападите ја донесе нешто порано во текот на денот командантот на централната воена област (Centkom, задолжена за операциите во овој регион), врз основа на одобрувањето кое му го дал врховниот командант (претседателот Обама)“, се истакнува во соопштението на службата за односи со јавноста на Пентагон.

Според анонимен американски функционер кој зборувал за агенцијата Reuters, арапските партнери коишто учествуваат во нападите против IS во Сирија се всушност сунитските арапски земји кои ја поддржуваат и финансираат сириската сунитска опозиција против владата на претседателот алавит Башар ал-Асад – Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Јордан и Бахреин.

Според опозициската Сириска опсерваторија за човекови права (SOHR) со седиште во Лондон, САД и неговите арапски сојузници извеле во вторникот речиси 20 напади врз позициите на Исламската држава во покраината Рака. „Меѓународната коалиција изведе речиси 20 напади врз позициите на IS во градот Рака и во близина на локалитетите Табака, Ајин Иса и Тал Абиџаф при што имаше мртви меѓу редовите на џихадистите“, се вели во соопштението SOHR.

Претходно месецов зборувајќи за оваа тема американскиот претседател Барак Обама рече дека Вашингтон доколку прибегне на овој чекор нема да го консултира Дамаск, кој, пак, соопшти дека американските напади мора да бидат во координација со владата на претседателот Башар ал-Асад, кој инаку е трн во окото на Западот како регионален сојузник на Русија, и три ипол години ги поддржуваат сунитските бунтовници кои се обидуваат да го соборат.

Потоа американскиот државен секретар Џон Кери повтори дека нема да има никакво координирано договарање са официјален Дамаск за потенцијалните американски напади врз упориштата на Исламската држава во Сирија, меѓутоа дека ќе биде сторено сѐ за да се избегнат непланираните инциденти. „Нема да ја координираме воздушната операција со Сирија, но ќе се потрудиме да ги спречиме непланираните инциденти и да обезбедиме Сиријците да не преземат нешто поради што уште повеќе би зажалиле“, изјави американскиот државен секретар Џон Кeри во интервјуто за американската телевизиска мрежа CBS.

Кери изјави дека нема да има координирано дејствување бидејќи не станува збор за акција којашто се темели на соработка, Сириската страна неодамна изјави дека се наклонети на нападите врз џихадистите од Исламската држава, кои претставуваат заеднички непријатели, но само доколку бидат координирани со Вашингтон.

Руското министерство за надворешни работи во четвртокот објави дека смета оти воздушните напади врз џихадистите од Исламската држава во Сирија без мандат од Советот за безбедност на Обединетите нации и без координација со властите во Дамаск, би претставувал акт на агресија. Москва, инаку, е децениски стратешки сојузник на Сирија, а со помош на Кина неколкупати блокираше западни резолуции во Советот за безбедност на ОН, со кои требаше да се осуди владата на сирискиот претседател Башар ал-Асад, што според двете земји ќе создаде ситуација за повторување на ткн либиско сценарио, односно за странска воена интервенција. САД повеќе од три години се под притисок на своите сунитски арапски сојузници на Блискиот исток, да интервенира против алавитот (шиит) Асад.

„Американскиот претседател зборуваше директно за можност од воздушни напади на американските воздушни сили врз позициите на Исламската држава (IS) во Сирија без дозвола на нејзината легитимно избрана влада. Таквиот потег, додека не постои резолуција на Советот за безбедност на ОН, би претставувал акт нa агресија и големо кршење на меѓународното право“, изјави во четвртокот портпаролот на руското министерство за надворешни работи, Александар Лукашевич.

Истиот став го искаже сирискиот министер за национално помирување, Али Хајдар. „Секоја акција преземена без одобрение на сириската владата е чин на агресија врз Сирија. Мора да постои соработка и координација со Сирија и мора да постои сириско одобрување за секоја акција, военa или каква и да е друга“, изјави Хајдар.

Ноќта кон вторникот Пентагон потврди дека започнале на падите против џихадистите на сириска територија. „Можам да потврдам дека американската војска и силите на партнерските земји водата воена акција против терористите на Исламската држава во Сирија со употреба на ловци, бомбардери и ракети Томахавк“, изјави портпаролот на американското министерство за одбрана, контраадмиралот Џон Кирби, пренесе AFP.

Иако Кирби не изјави ништо за целите на овие напади, весникот The New York Times пишува дека целите однапред биле избрани во Рака, поради големата порозност на границата меѓу Сирија и Ирак. Весникот од свои извори потврди дека во напад учествувале „повеќе сојузнички арапски земји“.

Агенцијата Reuters, повикувајќи се анонимен американски функционер јави дека цел на нападите се дваесетина локации, како и дека во нападите изведувани со ракетите „Томахавк“ учествува најмалку еден американски воен брод.

Американската армија од 8-ми август секојдневно изведува воздушни напади врз позициите на Исламската држава во Ирак. Според американскиот претседател Обама тие напади се преземаат за да им се помогне на силите на ирачката влада и на ирачките Курди кои трпеа силни порази од џихадистите кои се подобро вооружени и подисциплинирани. Благодарејќи на тие напади на кои последните денови им се приклучија и француските вооружени сили, ирачките и курдските сили успеаја да задржат некои позиции и да повратат повеќе стратешки места./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ24 минути

Двомесечно бебе почина во болницата во Кавадарци, телото е предадено на обдукција

Синоќа во ОВР Кавадарци е пријавено дека околу 21:35 часот на детското одделение во Општа болница Кавадарци починало бебе на...

Македонија34 минути

(Видео) Фрчкоски: Паралелно со антиамерикански активности, Мицкоски води и анти-ЕУ кампања

Паралелно со антиамерикански активности, Мицкоски води и анти-ЕУ кампања, обвини Јон Фрчкоски, член на Извршниот одбор на СДСМ. „Суспендирани визи...

Македонија41 минута

„За почиста Македонија“ со петиција до Владата: казни и за фрлање отпад од автомобилите преку „Сејф сити“

Организацијата „За почиста Македонија“ собра 1.000 потписи за петицијата со која се бара системот за сообраќајни прекршоци „Сејф сити“ да...

Македонија2 часа

Фирма фатена на дело – нелегално вршела поштенски услуги и криумчарела пратки, Царинската управа поднесе кривична пријава против две лица

Царински инспектори од Одделението за истраги, во координирана акција со МВР, УЈП, Агенцијата за пошти и Државниот пазарен инспекторат, извршија...

Свет4 часа

Израел и Иран постигнаа таен договор преку Русија

Во услови на високи тензии, Израел и Иран тајно разменија пораки, со посредство на Русија, уверувајќи се едни со други...

Свет4 часа

Иранско судство: Демонстрантот Ерфан Солтани не е осуден на смрт

Иранското судство ги негираше извештаите дека демонстрантот Ерфан Солтани е осуден на смрт, објавија иранските државни медиуми. Солтани претходно беше...

Свет5 часа

Егзекуцијата на иранскиот демонстрант Ерфан Солтани е одложена, велат семејството и групата за човекови права

Егзекуцијата на иранскиот демонстрант Ерфан Солтани не е извршена вчера, потврдија член на семејството и Хенгав, група за човекови права...

Свет5 часа

Неколку земји издадоа предупредувања до своите граѓани веднаш да го напуштат Иран

Неколку земји издадоа предупредувања до своите граѓани да избегнуваат патувања во Иран или веднаш да ја напуштат земјата поради задушувањето...

Свет6 часа

Трамп: Зеленски е главната пречка за постигнување договор

Американскиот претседател Доналд Трамп во средата изјави дека лидерот на иранската опозиција Реза Пахлави „изгледа многу пристојно“, но изрази неизвесност...

Македонија16 часа

Грипот ја однесе првата жртва: почина 75-годишна жена

Вирусот на грипот ја однесе првата жртва оваа зима. Седумдесет и петгодишна жена починала пред три дена на Клиниката за...

Свет16 часа

И Македонија на листата на земји во кои САД ја запираат обработката на имигрантски визи, според „Фокс Њуз“

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја запира обработката на имигрантски визи за апликанти од 75 земји, соопшти во средата...

Македонија18 часа

Филипче: Нема услови за укинување на техничката влада

Претседателот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција изјави дека укинувањето на техничката влада треба да се случи дури кога...

Македонија20 часа

(Видео) Мицкоски: Техничката влада треба да замине во минатото, но ако СДСМ мислат дека е потребна за следните избори, во ред, прифаќаме

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на прес-конференцијата по завршување на лидерската средба извести дека сите присутни се согласиле дека техничката...

Економија21 час

Мој ДДВ не се укинува – налозите за исплата во февруари се подготвуваат, извести УЈП

Управата за јавни приходи ги демантира написите во дел од медиумите дека се укинува мерката „МојДДВ“. „Јасно и недвосмислено истакнуваме...

Топ23 часа

Загина маж во пожар во стан во Тетово: со изгореници се здобило уште едно лице

Вчера во 19:20 часот во СВР Тетово е пријавено дека на улицата „180“ во Тетово настанал пожар во стан, сопственост...

Македонија1 ден

Oбјавена листата на најмоќните пасоши за 2026 година: Македонија бележи напредок

Азиските земји продолжуваат да доминираат на рангирањето на најмоќните пасоши во светот, според најновиот извештај на „Henley Passport Index“. Сингапур...

Македонија1 ден

(Видео) Димитријевиќ: Кој оди на средба со Мицкоски легитимира криминал и изолација на земјата

Сите што денеска ќе одат на средба со Мицкоски за укинување на техничката стануваат соучесници во легитимирање на криминалот и...

Македонија1 ден

За новогодишно украсување, општините дале 785 илјади евра – најмногу пари потрошила Општина Штип

За новогодишно украсување, општините потрошиле 785 илјади евра, а 78 отсто од вредноста е концентрирана кај една фирма. Ова го...

Македонија1 ден

Вељаноски за техничката влада: Eксперимент кој предизвикува штета за државата

За поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, техничката влада е експеримент кој како што оценува, предизвикува повеќе штета од корист...

Свет1 ден

Денешниот состанок во Вашингтон ја одлучува судбината на Гренланд

Денес во Белата куќа се одржува состанок кој би можел да ја одреди иднината на Арктикот, но и на самиот...