Црна хроника
Кузман: Баравме скриено богатство во полза на државата
Нема никаква злоупотреба и пречекорување на службената положба и прибавување парична корист за друг при ископувањата што се вршеа кај Драмски рид, делчевско и на патот Велешко езеро- Катланово, рече Паско Кузман, поранешен директор на Управата за заштита на културното наследство, во вторник пред судот.
Според него, локациите во делчевско и во катлановско воопшто не се наоѓале на археолошката карта и не биле археолошки локалитети.
Управата за заштита на културното наследство издала согласности на физички лица, граѓани на Македонија, нестручни лица за изведување на земјени работи за проверка на наоди за постоење на културно наследство и скриено богатство.
При тоа, Управата побарала асистенција од МВР и Бирото за јавна безбедност, во случај да биде откриено скриено богатство и евентуално културно наследство кое би било во сопственост на државата.
„Мојата најискрена мотивација при реализација на овој потфат, а верувам дека тоа било мотивација и на целата Управа, беше во случај да биде откриено скриеното богатство Управата да биде таа што ќe придонесе за нашата држава бидејќи тоа богатство би било подржавено“, рече Кузман.
Тој го праша Обвинителството, која друга институција освен Управата би можела да издаде такви согласности на други лица за барање скриено богатство.
Во својот исказ тој тврдеше дека на МВР исплатил над три милиони денари буџетски пари за полициска асистенција.
„Искрено, не мислев дека треба да им се исплатат овие финансиски средства на МВР бидејќи сите ние работевме во корист на државата и тие средства се буџетски“, рече Кузман.
Според него, во случај да било откриено културно наследство, тогаш физичките лица би се надевале на награда што и законски би им следувала. Но во овој случај физичките лица не добиле ни скршен денар, бидејќи не било пронајдено ништо.
Во судскиот процес за „Фаланга 2“ им се суди на вкупно 15 обвинети меѓу кои и на поранешниот директор на Управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман. Двајца од обвинетите се во бегство и постапката за нив ќе се води одвоено.
Полицијата го сомничи Кузман дека заедно со уште тројца вработени во Управата во 2011 година незаконски издавале дозволи за ископување на локалитетите Драмски рид, Делчево и на патот Велешко езеро – Катланово и повикувале полициска асистенција да ги обезбедува археолошките локалитети и не плаќале, со што го оштетиле буџетот на МВР за 1,2 милиони денари./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со измами за лажни сообраќајки, охриѓанец „заработил“ 3,6 милиони денари, полицијата го уапси
Полицијата расчисти девет сторени кривични дела измама за лажни сообраќајни незгоди, охриѓанец заврши во притвор, жртвите ги оштетил за 3.600.000 денари.
Полицијата вчера го уапси П.С.(38) од Охрид. По извршен службен разговор П.С. појаснил за начинот, местото и времето на извршување на девет кривични дела од кои шест во Штип и три во Виница при што пријавителите се оштетени за околу 3.600.000 денари. Тој се јавувал на повозрасни лица и лажел дека нивни блиски направиле сообраќајки и им барал пари.
На измамникот му е одреден притвор.
Црна хроника
Бил агресивен и искршил куќна ограда: уапсен маж од Струшко
Синоќа во 21 часот, во струшкото село Радожда, лишен од слобода е К.С.(33) од истото село.
Тој бил пријавен дека го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон М.М. и неговото семејство и извршил оштетување на нивната куќна ограда.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Претрес во Кавадарци, пронајдено оружје и муниција, уапсено едно лице
Вчера вечер во 22:00 часот, во Кавадарци, полициски службеници го уапсија А.М.(38) од Кавадарци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба од Основен суд Кавадарци, биле пронајдени и одземени гасен пиштол, рамка со куршум, воздушен пиштол, два револвери и 58 куршуми 9 мм, кои ги поседувал без соодветна документација.
Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

